Ние имавме таков роденден и беше перфектно. Ние тројца, нашите родители и брат и сестра и кумовите. Направивме крштевка, па ручек во ресторан. Ептен беше хармонично и преубаво. Никакви гужви и брзање, баш како што ни беше замислено. Викендот викнав дома другарки и колешки со дечиња на торта и тоа беше тоа.
Ако мислиш на пончо за на плажа, во Ело. Лани ги имаше, ептен се убави и меки. Не знам сега дали пак ги имаат.
@lalinda Мојата јаде и пак и дозволувам цртани, не многу, макс во денот еден саат, па од многу експерти ми е преку глава, вака требало онака требало... секако е штетно, само во краен случај и не сака да гледа она тв, само мики маус го сака... да не биде цел ден пред телевизор. Додека можам да контролирам. Имаше една слика на фб ама жива вистина е, поентата беше дека и децата на доење и тие на ад понатаму во животот сите ќе јадат компирчиња од мекдоналдс од подот на автомобилот. Мислам дека не треба да се претерува но се што е забрането понатаму уште повеќе ќе го сака. Таа и не знаеше што е телевизор до 4м кога ја однесовме на гости кај моите. Ние по дома не гледаме телевизија. Не беше пуштен може 4 години тв. Сега го пуштам за неа одвреме навреме. Тоа е дел од светот околу неа и кој како сака нека ме сфати ама според она што фо гледам надвор, многу мајки ги ранат децата со телефон. Па дури и баби и да не се правиме дека не е така кога е, па ако ти јаде детето со телевизор, нека јаде, нека се научи да јаде. Па после ќе го учиш да јаде без тв
Kako sto rekov, preku glava mi e od experti, dobro e se sto umereno, a ne preterano. Za niv e ova e samo uste edna doktorska disertacija, no vo realnosta ne e bas taka
Како не е, кога е. Детето од колешка моја комплетно се имаше внесено во некојси негов свет, не зборуваше и не комуницираше на 3 + години. Па го носеа на логопед со месеци. Првото нешто што им рекоа, беше никаков екран. Не е само тоа дете, колку многу се. Еден саат време бебешки сметано е многу многу време. Бебињата на еве пр. 11 месеци се будни еве нека се 10 саати на ден. И тоа е многу. Значи една десетина од времето е пред екран. Знаеш ли што колку многу влијание има. Па тргни од себе. Кога јас се внесам во серија или филм или игра, ги сонувам ноќта. А сега замисли бебе што се преработува во сонот. Како да направи разлика што е екран и што јаве. Па боите, звуците, движењата итн се многу поизразени и поинтензивни, отколку во реалноста. Сите тие сензации треба да се проеработат. А да не зборуваме за тоа ако дете ти јаде само пред екран. Исто јас кога јадам пред екран, јадам неконтролирано и механички. Поима немам колку ќе изедам. И ми прави зависност. Сакам постојано пред екран да јадам. Па после губам премногу време само скролајки. Како му е на бебе тогаш? И форумот дури ми прави зависност, и овде губам многу време иако знам дека не треба. Е ама бебе не знае дека не треба.
За твоето дете ти ќе си одлучиш, но не можеш за други. Лично познавам примери на деца со последици од тоа наивно седење пред екран од неколку пати дневно по пола саат. На другарка ми во Германија кога ја прашале колку време поминува ќерка и пред екран и кажала пола саат, уште малку не и викнале социјална служба. Докторот така ја подбрал со аргументи и ѝ кажал дека и пола саат во рана возраст е многу. Не значи дека секое дете изложено на екрани ќе има исти последици, ама не сфаќам која е поентата да се ризикува. Пак ќе речам, секој со својот став. Ниту се чукам во гради, ниту потценувам нечии методи. Ама ако можам јас без помош од никој дур да се врати маж ми од работа, да работам од дома, да направам ручек и да го анимирам без да вклучам екран, можат сите. Прашање на приоритети е. Толку.
Значи не сакав на никој да кажам што да прави, ниту некој некого со нешто да навредам. Само сакав да кажам дека ако јаде пред телевизор, ништо страшно ако му пушти малку за да го научи да јаде. Нема потреба да се плаши со се и сешто што постои во светот. Децата не прозборуваат и од цуцлите во устата, од тоа што се им се дава без потреба нешто да побараат... и мал милион други работи, па уште не видов дете без цуцла и продавниците тријат раце од секакви глупости што ги продаваат за деца а реално нема потреба. Ние ниту сме имале проодувалки, ниту хранилки, ниту водени подлоги... па за играчки едвај две и една користена од не знам ти кое дете... па пак да не прегледа дотичната докторка сто посто ќе ни најде некој спектар на аутизам... пак ќе речам немам намера некого да дискредитирам, секој си знае за неговото дете што е најдобро...
И јас што уклучувам песнички сметам дека еден саат е многу. И ние многу време поминуваме на тел. Посебно од кога сум дома, патолошка па породилно и сега уште дома, мислам станав зависна од него. А пред тоа слабо. Тоа е една причина што сакам и на работа да се вратам Инаку јас на пример пуштам ама веќе при крај од јадењето кога станува тотално невозможно. Тоа е некоја минутка. И во цел ден дали се собираат 10-15 мин. А со мајка ми веќе не ни сака да се гледа на камера. Не го интересира. Тој си игра и никој не расправа. Играта сепак си е подоминантна кај нас од екранот. Ама на оваа тема секогаш ќе има поделени мислења. Така да кој како сака нека си прави.
Јас за да седи со инхалаторот 2 дена го лажам со цртани и чуствувам ко којзнае колку лошо му правам ама морам. Не седи поинаку во ТВ кога гледа ко маѓепсан е затоа скоро 10месеци живеам во тотален телевизиски мрак не ни знам што има по телевизијава
Сум ја видела и уште пред да имам бебе помислив која глупост. Ако тргнеш така во иднина може ќе се дрогираат децава и што треба? Истиот муабет некоја мајка кога ќе праша каков овес/ориз или било што давате и ќе добие одговор КАКО ЗА НАС ШТО КОРИСТИМЕ, СЕКАКО КОГА ЌЕ ПОРАСНЕ ТОА ЌЕ ЈАДЕ. Да де, кога ќе порасне, ама ние правиме муабет за 7 месечно бебе на пример кое за првпат во животот пробува храна. Немаат поента споредбиве.
Ориз и јас и давам од тој ние што јадеме, од Кочани сум и имаме наш произведен. Чисто информативно нема друг ориз. Тој купечкиот од Хип зрно по зрно да не е берен, или мислиш има посебна сорта за бебиња, оти нема таква сорта. Не беше работата да правам споредби туку да не одиме во крајности, испаѓа дека ако му купуш на детето водена подлога со рипчиња произведена од ѓубре од пластика во Кина одма детето Ајнштајн ќе стане, а ако му пуштиш пола саат телевизија за да го научиш да јаде, готово право на дефектолог. И ако пак не разбравте немам како веќе поинаку да ве информирам
Дете се учи да јаде кога ќе седнете фамилијарно и ќе јадете заедно т.е. ќе гледа како се јаде! It's as simple as that.
Не беше муабетот за моето дете, уште кога се роди беше голем борец за храна, на 4м сама почна да шлапка, со душа чекав да направи 5,5 оти тогаш ни рече педијатарот да почнеме со вкусови. Во меѓувреме престанавме пред неа да јадеме било што оти имавме грижа на совест дека нејзе не смееме да и даваме. Само одговорив на една друга членка дека ако е дотолку работата нека пушти телевизор за да јаде детето и е 10 м и не сака да јаде. Ја интересираше мислење и и одговорив.
Со деца ништо не е simple as that, зашто колку деца толку карактери. Никако не сум за јадење пред тв, ама никогаш нема да судам кој како си го расте детето, па уште ако е нејадач. Камо да беше решение седнување на маса за сите
Kupuvala li nekoja od Muppet kids stranata, Internet prodavnica e. Ubavo izgledaat rabotite mi e strav da ne se so nekoj Los kvalitet? https://www.facebook.com/MKidsOnline?mibextid=ZbWKwL