моево дете 6м. не сПие ич мирно, се учи да ползи (и во сон е така) и си ја удира главата од креветчето.. и станува.... што да правам ?? -
Немаш многу што да направиш. И моето до ден денес се врти, станува, се пика во оградата, вади низ неа раце нозе и така спие . Ако се подразбиди го нишкам и толку.
На 9 месеци почна постабилно да седи, а сам да се носи во седечка малку покасно. Лазеше војнички до касно, на 11++ почна да лази на четири. Сега има 1 година и неполни 2 месеци и од пред некое време оди. Никакви вежби, џампери и реквизити не сме користеле. Остави го детето кога ќе е спремно да седне/пролази/прооди. Ако надмине некои си горни граници кога се очекува ова да го прави, тогаш се пуштаат аларми и се превземаат мерки. До тогаш детето на под и нека си се развива самостојно, не го споредувај со други, само ќе се нервираш.
Стигнаа работите, навистина се поголеми од нормалното, се надевам за следното лето ќе и бидат точни. Ќе ги користиме и ова, среќа за на плажа претежно и земав, па нема да бидеме многу време со поголеми алишта.
Скоро 11 месеци е, се треска како никогаш до сега. Претпоставувам како растат, така повеќе ќе се удираат. Женски, ммр и варичела прва доза денес. Дојчланд убералл . Во сабота се селиме, утре ни носат мебел, ќе спиеме на земја со малата. Следна недела летаме за мк. Интересно ќе биде. Јас полнам кутии, малото почнува да се крева по нив. Се радувам, оти уште не стои и се нема кренато да застане. Моето не знам кога седна. Овде кажав, околу 10 месеци беше. На 4 се крева и залазува полека, ама се симува војнички и правец излезна врата и се омилен.
Моето па се смири, не се лупа. Еден период ептен ротираше во креветче. Сега се врти ама некако попретпазлив е. Имав една тенка оградица пред да почне со акробации, ставив подебела кога почна и нека се мава, што да му праам.
Епа она сега е во таа фаза, а не сакам во транспорното да спие, оти вака можам низ решетките да мушнам рака среде ноќ и кога е за малку да ја смирам со галење или со допир. Ама ќе видиме утре како ќе биде со транспортното. Буквално ротира, се си мислам дека вежба нешто.
Пред да наполни 8 мес научи се' во една недела. Утре полни 10 мес многу лази и стои. Претходно бев напишала дека ни помогна еден камион во исправањето. Инаку ако е во игрална види да не му е мала за да пролази. Ние кога го пуштивме да биде слободен низ цел дневен простор се научи на се..
Вежба вежба. Совладува некоја вештина, затоа се акробациите. Пред секој мајлстоун има различни акробациски зафати моето. Пред да почне да лази на четири, во сон застануваше во лазечка позиција и се клатеше напред назад. Во периодот кога почна да се пушта на мебел и повеќе да стои, во сонот се исправаше на нозе и ја зариваше главата во душек како ној. Смешнички се ептен некогаш.
Што течности можам да давам на 11м бебе? Пие ад 2-3 пати во ден, вода, толку. Кравјо млеко користиме ретко, само за во каши. Сокчиња не сака. Можеби билни млека? Кокосово/овесно? Кога е болен одбива да јаде, прифаќа само нешто да пие, евентуално јогурт и кисело млеко.
Кој се тоа сите што советуваат да се купи џампер? Педијатар, ортопед? Или баба и дедо? Моето седна самостојно на година и 2-3 недели. Неколку дена после тоа почна и да се исправува. Ние посетувавме физиотерапевт ( не живееме во МК, препораката тука беше доколку не седне самостојно до 9 месеци, дека треба да се започне со вежби ). Буквално цело време беше на под, изгледа не беше спремен да седне порано. Сега еве го само тоа го прави.
Двајца ортопеди, Горан Видеовски и Тони Талевски. Едниот кажа кога имаше бебе 5м дека може да се почне со статичен џампер (дубак не) а истото го потврди и Талевски пред некоја недела. Луѓе што исчувале деца пред 30+ години не се слушаат за вакви конкретни работи, безразлика колку и да се добронамерни тие совети.
И во србија препораките се такви, ако не седне до 9 месеци сам, те пракаат на вежби. И ние посетувавме физиотерапевт и за 10 дена почна да лази и седна, нешто малку пред 10 месеци. 9 и пол имавме кога почнавме со вежбите. Моето се исправаше и одеше по тросед од 8 и пол месеци и тоа му беше фокусот и затоа не лазеше на 4, туку војнички и не седнуваше сам Ама со вежбите почна и тоа да прави што сакаше да го скокне
И ние кога бевме кај Видоевски, на 4м истото ни го рече да купиме џампер и хранилка да почне да седи. Педијатарот рече не. Тој изгледа на сите истото им го кажува. Лично не бев задоволна од него, имав впечаток дека не ја ни виде, а 10 минути од прегледот ни држеше лекција зошто треба да сме ја врзале во транспортерот, дека не ни беше врзана кога ја однесовме кај него. Кај друг не бев, сега на 8 м ќе носам кај сосема трет, не знам кој. Не дека слушаме баби, сами си ја чуваме, далеку се бабите, ама зошто да ја форсирам да оди и да седи. На два месеци бевме во Букурешт ама и од таа не бев задоволна. Демек се супер а во извештајот напишала триста работи што да правиме, копи паст. Ништо не ни рече од тоа не прегледот и ме изнервира
Би ти ја препорачала Маја Каличанин од Систина. Се чека месец дена за термин, но многу детално прегледува. Нас на прегледот на 5ипол месеци ни кажа да одиме после 9полни мес.
Мене па Талевски ми рече да не го ставам во џампер и дубак , на другарка и кажал може џампер . Како ќе им текне изгледа