Сама седна од позиција на лазење на една недела пред да направи 1 година. На 7 и пол месеци војнички почна да лази, на 11 месеци на колена. Никој не ми даде совет да оди на вежби, а па уште помалку ме советуваа да користам дубаци или џампери. Кога ѝ дојде време, тогаш почна и да лази и седна, не сум ѝ ги мешала фазите и ја оставав сама да тера.
Само ве читнувам и немам време да пишам. 2ра недела на работа турбо сме турбо. Малото седна само пред 3 дена, значи на 9 и пол месеци, неколку дена пред тоа се исправи сам од под на кревет, уште лази војнички ама и се крева на 4ри, прави неколку чекори и легнува за војнички. Не застананува, буквално значи, пелена менување невозможна мисија И уште нешто ново, почна на меше да се врти за да спие и уште не знај точно со главата како треба, па се разбудува па лази в кревет на спална спие. Се разбудува со плачење 100 пати ноќе, шо ќе беше ова Денес ми го скрати животов, почна да повраќа а на под беше и го кренав и неколку нагони имаше поврати дрво од паркетот, големо и шилесто како игла на едниот крај. Spoiler: Слика Свеста ми се зеде, после гледав од кај е, се скршило и овај со прстињата го извадил. Недај боже ако го голтнеше нејќам ни да помислам до што се можеше да дојди Еве го в раце, го заспав 9 и пол, па веќе го презаспивам, стана со плачење
Знам, затоа и те прашувам. Пошо јас за нашиот "проблем" се консултирав и со ортопед во МК, кога ми кажа да го седнам во дубак сфатив колку е саатот и реков само фала на советот.
Бебе скоро 11м два дена со темп пред некоја вечер качи 39 и имаше како треска ќе се затресе и почнува да плаче го однесовме на детско дека касно беше инфузија му ставија ни дадоја антибиотик на 3 4 сати качуваше и пак ке се затресеше сега од нокеска нема многу таму на детско рекоја ковулзија ако сакаме да се видело на ехо со упат ама матичната вика нема потреба да го носимо тоа имало кај многу бебиња при темература дека он само кој има температура прави ке му престанело само како ке расте па сакав мислење дали имала некоја мајка вакво искуство?
Ги фаќа треска ако спушта брзо тт, подобро е поспоро да спушта, ама секој организам различно. Исто ако крева ги фаќа треска, види на нет што се конвулзии па спореди. Иначе дур се треси при кревање на тт се покрива со танко памучно ќебенце потоа ако треба се слекува и се лади, ама дур е треската се покрива. Големиот така се тресеше при кревање на тт.
Бебе 2 пати ноќеска со плачење стана ама со вриштење ни во мене ни во мм одеше, на кревет остави го плаче уште толку па мм го зема го извади на балкон да се смири и заспа ко ништо да не било, сабајле у 7 иста песна. Памет немам веќе, ни можам да функционирам, животов ми го зема не знаев ни што му е ни што да му правам
Он при кревање и спуштање така прави како ке загледа и ке се затресе и он се плаши таке и почнува да плаче
Исто е и кај нас неколку ноќи. Е па тоа е треска од тт, конвулзиите се друго. Ко ќе прави така со ќебенце завиткај го малку па ако крева од после ќе ладиш, ќе раслекуваш, од ко ќе помине треската.
Добро втф се дешава на 8 ипол месеци? Дете што не плачеше, се слуша од 5ти до приземје сега.. Рутина не е сменета, освен што го чува баба место јас до 2....
Заби, ние два месеци сме така Излегоа 4 сега се спремаат уште два. 5 пати будење ноќе ни е минимална норма. Со плачење,тегнење. Катастрофа ама тоа е
Лелееее толку долго трае Кај нас само едно излезе, а се спремаат и другите кецови. Тешко е многу. А бевме стигнати на едно или две будења најмногу за цицање.
И моето се будеше два пати, сега веќе не знам дали спијам воопшто. Голема мака имаме ние со забите. Тешко му пробиваат. Баш ако вришти знам и бруфен да дадам да му се смири болката. Ама баш кога се гледа дека му е тешко.
Да не ве цитирам сите, горе двојки излегоа ваљда сеа се доле на ред. Ама ова е страшно со плачење заспива со плачење се буди. Раце ми паднаа сега, не сака да цица не знае да заспие поинаку нишкај пеј, нишкај пеј он плаче јас погласнп од него пеам и така некако се прелажа ене го се пикнал во таткп му и спие јас у друга соба одам да одморам, се надевам брзо ке помине. Пушта чекори сам, ваљда и тоа има удел во се ова
Исто, значи ќе се скренам, само 1 запче има долу, цела ноќ пишти, цела ноќ со цицка в уста, после 2 недели на работа ноќеска доживеав нервен напад жими се, го остајв и го викнав мм да во земи оти скроз се изнервирав. Големиот и тој стана. Излегов на тараса да се смирам. Воопшто не сум спиена а прва смена сум на работа цел ден со луѓе и со пари со наплата. Постов можи за во мајчински е. Каша попара Многу тешко ги ваѓа забите, шо ќе беше ова
И јас две недели на работа... ноќеска стана 838562 пати... во 5 го остаив и татко му го зема... не знам дали има удел што друг го чува, не правешр вака..
И јас си мислам дека има врска дека не сум дома, 8 сати е без мене, ок е седи, не плачи по мене, а ко ќе ме види пресреќен е. Замислете свекор ми го чува сам од 12 до 3 денски в количка го заспива Иначе мм секогаш го чува до 2ч ноќе па и 3,4 зависи, после јас преземам, ама сношти се туркаше од него и уште поќе плачеше па морав јас и заморот си го прави своето. Во 4 и пол се качи свеки прв пат за да смири ситуација, јас викав, ми е криво оти толку излегов од кожа
Мајки дали сте имале ситуација бебе да седи со полуиспружен јазик надвор? Не е дека го плази, ама некогаш во текот на денот му е 1-2мм изваден. да напоменам цуцла се користи само за ноќно спиење, ама ја фрла, така да не мислам дека е од тоа. Пие формула 1-2 на ден и пие вода од шише
Ако има сега извадено запчиња или се испакнати да пробијат, го плази зошто му е интересно да ги осети. Син ми е без цуцла, па вака се плазеше добри 2 недели дур му пројде интересното.
Моите двете не фатија лажливка воопшто ама така го ваѓаа јазичето. Многу се слатки, можно е заради запчињата, второво има 2 запчиња долу, откако му излегоа почна така со јазичето.