Здраво, да ве прашам кога започнавте со живо, несварено овошје, пример сега цреши, сливи кајсии круши?
Ја не можам да издржам што сум дома, не па вие на работа што сте, капа ви симнувам жими се, еве сега заспа по 3пат и се чудам што би правела на работа да треба да одам.. Цел ред ни е пореметен, на 2 саати заспива за дремка, не знам колку дремки има дневно искрено, го оставам да спие кога сака колку сака. Ноќеска пак вриштеше едно 15минути, па заспа па пак во 6ипол стана и дремевме во дневна, и во 7ипол му се приспа нормално му дадов блокмакс заспа до 10ипол не мрдна стана жива вода, и местото кај што спиел круг имаше и се јавив на матичната пак, таа тврди дека му е од забите и некој вирус има закачено, пошо крвната слика му беше топ, ништо на плуќа немаше, нос му тече од тоа се слева и кашла кога кр легне, памет немам веќе..
Здраво мајки Малата е 8 месеци алергична е на млечни производи, е сега некаде прочитав дека ако е алергична на млечни производи не смее да јаде исто и телешко месо, дали некоја знае и има искуство со вакво нешто? Откога прочитав ми е страв да и дадам
А не треба да се дава не сварено? Јас денес и дадов кајсии од пред некој ден исто и дадов и малини и капини
Па не знам, затоа прашувам. 7 + сме. Педијатарот рече после 7. Денес и дадов слива, вчера кајсија, ама ми кака зелено и има блага покачена температура. Не знам дали е од тоа...затоа прашувам поискусни мајки.
Дали испитавте дополнително дали е алергична на лактоза или казеин, или пак на кравјо? Немам искуство но во блиска фамилија имам внуче што појавува алергија само на кравји производи
Не сме испитувале ништо на 5 ипол месеци почнаа да и излегува осип по телото кога и да јадам сирење, кашкавал или пак млеко ( на доење сме ) прекинав да ги јадам и нема се е ок… кога бевме на педијатер ми рече дека е мала за алерго тест и дека до 2 год. можеби ќе ја снема алергијата, за други испитувања не ми рече ништо
А по колку даваше? Јад денес и пасирав три сливи, вчера три кајсии, може не е од тоа, може е од жешкото, прво лето и е, може е од забите иако нема други знаци. Уште вода не сме научени да пиеме, т.е. многу малку пиеме, па ми е страв од тт. Сепак ќе прекинам да и давам и ќе го варам, додека не видам од што и е...
Пример пола јаболко, 1 кајсија, пола круша. Почнав и јагоди 3-4 помали јагоди, мало парче банана, пола јаболко.. количина исто како кога сум варела.
Јас сабајле во 6 плачев од болка во грбот. Тој во раце спиј спушти го плачи. Почнав да му зборувам со остар тон ко да ќе ме разбери. Луѓе едвај издржувам. Кај никој не сака, ни мм ни свекрва ни свекор, ни мајка ми ни татко ми. Значи само мама мама и готово. Ми се чини ќе скренам. Му подвикнувам и после ми е криво. Ама уморот и болката што ја имам си го прави изгледа своето. А плус хормоните до две години се враќале во нормала, може има и тоа не знам.
Јас доаѓам со едно специјално прашање Кога почнаа вашите да викаат мама? Моето само тата и баба знае. Тата уште од 7ми месец некаде, после месец време и баба почна, меѓудругото на нејзин јазик. Но, мама кога? Ајде тешете ме дека не е само кај нас
После кога ќе почне ќе ти здосади само мама мама Моево од уста не ме вади и само по мене оди. Ми беше убаво кога кажа мама ама сега косата ми се крева оти и по мочање не можам да појдам
Не си само ти, едниот почна на 13, другиот на скоро 15. А имаа многу други зборчиња. Пред тоа немаше ни ма ма слогчиња а не па со значење. И еве скоро 2 години се, прозборени се ама уште зборчињата што почнуваат на м им се потешки. Или м ја заменуваат со б или воопшто не го кажуваат зборот.
На 5ипол месеци викаше мамамаам, на 6 полни мама сега ме вика за доење, навечер исто, ако спие се разбуди и види ме нема, кенка по мене мамааа
Здраво, малата е 7+, сака само да седи, и да се исправува на ноџиња со држење од мене нормално,нза тоа не ја оставам. Ама за седењето да ја оставам да седи? Додека си игра, јади во хранилка седната и сл...
@Ceneva @le.soleil @Cherry blossom89 фала ви, се надевам скоро ќе биде кај мене, ептен сакам да ја слушнам Прашав и во друга тема, но можеби тука ќе добијам одговор. Некој да има искуство со прв роденден да се помине некаде на одмор? Како поминавте, идеи како да се прослави, секое мислење е добредојдено