Ви благодарам, да прашам уште нешто. За надвор рачињата и ноџињата им ги мачкате со фактор? И дали е океј со истиот фактор за лице што го имаме од мустела може на раце и нозе? И дали боди за надвор ставате?
Го мачкам да. И јас Мустела користам, можеш и на лице само пази ма очиња, го пробав на мене, пече малце. Без боди е. Ако шетаме приквечер кога нема веќе сонце знам да му облечам.
Бебе има алергија на сонце, вчера ми се нафрла цел кај што го фати сонце на нозе и раце еве сабајле пак, прашав во зегин ми нудат еуцерин за кожа склона кон алергии ама тоа не е за деца, продавачката ми рече може да ставам и на бебе може, што велите вие?
И син ми исто, или од сонце или од топло беа, како црвени точки. Не му ставав ништо, само секако бањање секој ден, никако изложување на сонце и спф крема доколку сте надвор. Во врска со кремата, јас би почекала, ако не го чеша тогаш оставете, ќе поминат за некој ден.
Навечер во колку ги легнувате сега на вечер? Мојата заспива околу 8 8 и 30, сакам да и сменам за од 9 барем. Да се искористи малце шетањето, дали вреди?
Моето во 9 заспива. Од мал е така и пробував да сменам за порано, не успеав. Ама сега не ми е криво што не успеав. Барем фаќаме шетња колку толку по ладот.
Мојата и 9 и пол ја фаќа. Знам дека е подобро порано ама никако не заспива порано, посебно откако денот е подолг. Дури и втората дремка да испадне да и е порано пак останува до 9 часот. Ама да, искрено за летово за шетање е подобро. Зашто еве некогаш од сабајле не ни успевам да ја прошетам - дали е претопло, дали побрзо и се спие, па ни останува шетањето приквечер.
И мојата скоро година Инаку одамна повторува слогови баба, мама, тата, папа, јаја и некои нејзини звуци ама зборче со значење нема кажано колку мајка ми да ме убедува дека кога ќе правела мамама ме барала мене. Ми се нема обратно мама и да ги подаде пример рачињата за да ја земам, туку само ќе ги подаде рачињата и можеби некои звуци ќе си прави во моментот. А од пред 2-3 недели почна да имитира звуци или зборчиња (тие што може како да, не, мјау на нејзин начин). Некои работи гледам и дека разбира - кога ќе речам мњам, мњам (се врти кај хранилката), приказни (ги бара сликовниците), чук чук (тропа на тоа што е до неа). Се надевам се во ред работиве за возраста.
Исто и моето кај 20:30 беше в кревет, полека наголемуваме, моментално кај 21:30 заспива, но мислам дека уште 1ч би продолжиле летово за да искористиме да шеткаме навечер.
Здраво Имам бебе од 9 месеци и е нејадачко бебе јадеше на почеток многу малце,пред три недели имаше вирус со повраќање и пролив и од тогаш не јаде воопшто само сака да цица.Па се мислам можеби не го погодувам времето кога е гладно,можеби не му се допаѓа храната незнам што би можело да биде. Секој совет за исхрана, рецепти, распоред по кој ги давате оброците би бил добредојден.
Исто и моево 10мес само што наполни и порано заспиваше до 20 30, а сега не фаќа и 21 30.. успевам докај 19 30-40 да го прошетам. Знам дека "експертите" препорачуваат во кревет до 20часот, но бебе како само да си смени. Мене ми одговараше рано да заспива, ама пак стварно жално е да нема кога да го прошеташ. И за на одмор кога би оделе барем еден круг да завртиме навечер. Еве не знам дали грешиме
Исто и моето заспиваше до 8 најкасно, сега само си смени заспива во 9 ипол . Не гледам ништо страшно во тоа
И кај мене беше 8 во кревет 8ипол најкасно, ама гледам полека барем летово до 9ипол да стасаме, таман се изладило за шетање јас треба да го легнувам не не, сега сме стигнати д 9 по 10минути го оставам плус на 2 дена. Или пак ако ми стане порано од дремка ко денес, ке има една кај 6 пократка да може да издржи
Мајки кога да порачувам колачи за прво запче? Кога ќе излезе целосно или одма кога ќе се забележи? Пред некој ден видов дека пробило, има белко се гледа. И дајте предлог што може да се купи од злато или нешто друго што ќе ѝ остане.
Ние на 5 месеци почнавме со амм На 6 веќе ма ма,ба,ба,де деСега на 9 ајде,џиџе,ѕе....Тата уште не кажува
Истиот проблем. 8h беше максимумот. Сега смени и со дневните дремки и со заспивањето навечер. Сега покрај една подолга дремка околу 1-3 има уште една кратка од пола саат ококу 5-6 и така издржува до кај 9 ипол. Порано не ја презаспивав таа доцната дремка од страв да не е доцна и да не и поремети ноќно спиење но гледам и одговара па така и си правиме. Се додека сами си прават рутини нема ништо лошо.
Се соочувам најверојатно со период каде што бебе плаче буквално за глупости. Мирно бебе е, не е плачлива но сега две три недели наназад се плаче за падната играчка, за далинско, марамици, ако ја исправиш, седнеш. Ако ја легнеш за спиење одма се плаче, од видик ако ме снема, кога шета не дај боже да застанеш во место. 6++ е се обидувам да ја игнорирам кога знам дека е за џабе плачката, но некогаш ми е жал така да се мачи јас да игнорирам. Дали е период? Совети и искуства плиииис?