Пуштате ли клима? Не се издржува ова жешко, јас пуштав пред спиење околу 1час да олади ама пак се затоплува после, ноќеска зоврев и јас и бебе, да ја пуштам на 24-25степени и на sleepmode се мислам за ноќе, барем да се наспиеме раат, се поти жива вода, а спие по боди ноќеска и го пресоблекував..
Пиши ми како ќе помините. Исто е и со моето 10 месеци е, конечно вчера 2ро запче проби, пред 1 месец првото, многу тешко ги ваѓа. Цела ноќ сум цуцла, неможам да издржам на работа, еве па и сама сум 2 недели и ќе се скренам. Башка лепенка е за мене дека не ме гледа, кога си одам дома не ме попушта секаде плачи по мене. Првото дете од ко го одбив на 14 месеци воопшто млеко никакво не прифати, па така си порасна, овај нз можи ќе пие, на иста мисла сум, да пробам па ништо не губам, не го одбивам нема шанса уште ама не се издржува ова. Пред 5 години исто минав ама сега ми се плус 5 год на мене и потешко ми е Иначе лаза правилно, се крена на 4ри, цела куќа ја шета, се пика под маса, под столици па излегува, се исправа сам на се што ке се фати, си седнува сам, почна да бакнува, пушта некои нови гласови, му велај дај ми ја играчката ми ја дава и се смее, па после му ја давам, па ја зема пак се смее, па сам си прави браво секој ден новина, затоа и не спијат мозокот 100ка му работи, знам дека е тоа ама мачно е без спиење. Се знам се е поминато, не мораше ист неспијач како брат му да е. Ама пак на крај се тешам, растат премногу брзо, се се заборава, оди сега разбуди го големиот
Те сфатив на што мислиш, за такви и ти одговорив Еве од каде купив, повели Задоволна сум, и за големиот користев и сега за малата. Овие што ги имаш ставено ми изгледаат како потенки, барем според сликата. Или можеби само така изгледа.
Од возраст кога ќе побара самото перница, кога ќе рече сакам и јас да спијам на перница. Тој беше одговорот на ортопедот. Поголемиот ми е 4 години и уште спие без перница. Сум му нудела, не сака. И малата спие без, ќе видиме кога ќе побара.
Ќе пишам обавезно, утре сме кај педијатар да видам што ќе каже и он, бидејќи немам појма кое АД да земам и ќе дадам. Инаку колку дремки имате? Веќе недела две, ѝ се спие, трие очи се прозева, ама само ќе се нацица и ќе стане, не дава после да ја наведнам да ја нишка. Еве првата дремка беше од 15 за 11 до 12, веќе е 16 саат не спие, а ѝ се спие уште од 14:30. Стварно не знам како да ја успијам веќе.
Слушам како хрчи после цицање навечер.Ја држам исправено но не ждрига,мислев со перница ќе и биде полесно и можеби нема да се буди толку често.
Дојдов да прашам… Ако почнам од 9ти месец на работа, колку цицаат тогаш и како се координира тоа? Зошто давате АД близу годинка, зарем не може и кравјо да се воведе тогаш? Кога најрано може да се прекине со доење, ако бебе не сака никако АД? Дали сите децата продолжуваат да пијат млеко и се будат по млеко, во смисол и после година?
Од лично искуство од првото пишам. На 14 месеци го одбив, млеко друго никакво не прифати, пробав повеќе различни и не сакаше, нема ни потреба од млеко после годината ако внесува други млечни производи, моето слабо и млечни внесуваше, здраво дете 5 и пол години е. И ден денес не сака млеко ни млечни производи. До 2 и пол години се будеше ноќе и пиеше вода после тоа спие еве сиве години цврсто, дури некогаш ни плачењето на брат му не му смета. Сега со второво почнав на работа на 9 месеци и 2 недели (исто и со првото така почнав) , цица кога ме гледа, кога не ме гледа не бара, има оброк и ужинка, млеко друго не му давам никакво, лактацијата за 2 недели сама се средува, од прво лом се правев со влошки за гради сум цело време, сега веќе не се полнат толку многу градите, битно мака немам. Млеко друго не планирам да давам од ко ќе се одбие, никакво, со план сум да дојам до кај година и пол или 2 најмногу
Првото дете на 9 месеци прекина да пие ад. До ден денес не пие никакво млеко али затоа сирење,јогурт,к.млеко павлака јаде. Здраво право си беше секако беше спремен за градинка од 1 год тргна и таму имаат до 14 часот 4 оброци. Ако пие вода и јаде млечни работи нема потреба од други работи. Али ако гледаме за млеко подобро е ад одколку обично кравјо да дадеш зошто се е хемикалија а адаптираниве се барем адаптирани според потребите на бебе за нормална функција.
Мајки кај да најдам ваква лажица диспанзер за кашички? Да не е од фирмата од сликата.Мапет имаат на страната немаат во продавница
Две недели бевме ко што треба со спиење и доста е, тргнаа нови заби сега пак сме хаос. Пак спие по 3 пати на ден по 1 саат, мака на жешково, жива мака. Добрата страна е што го ставив во креветче подалеку од спална со стеаница со се и он си спие, само што ноќе станува за цице а јас некогаш не се ни сеќавам како сум го земала кај нас на спална и продолжуваме од пола ноќ сите заедно. Преморена сум знам, не знам како да направам да ми текне да го вратам во креветче
@Ceneva @lackygirl @1209 Ќе продолжиме со станување секој саат. Бевме на педијатар, рече ако сакам да пробам, негова препорака е било кое АД, но да е PRE, најслично било со мајчиното. Прв пат земам, не ни знаев какви има. Земав на хип био комбиотик пре. Дадов уште сега, страв ми беше да дадам прв пат навечер, и иста работа како јогуртот, и капеше на шијата и напред на градите и одма стана црвена. Не го ни сакаше веќе, малку испи само, сакаше цице. Се нацица и заспа. Правен алерго тест, на млечни излезе негативен. Немам мозок веќе.