Пробајте Аптамил 2 или Новалак, има мали кутии по 400 гр ако го пијат и ако не им прават запек, може ќе биде. Ако не алпско словенско, ако најдете по маркетите. Заспијте ги прво, па во спиење. Томи типи шише со цуцла најблиску до женска дојка, може и со молзено прво па адд
Дали ноќе уклучувате клима? Многу ми се поти од жешкото 7и пол е веќе, по боди со кратки ја ставам да спие
Просветли ме кои се, да знам што да земам. Не знам сеуште на што е алергична, но би пробала наредно без кравји штом има.
Знам како е и јас се утепав барајќи млеко додека да погодам, сите широко распространети млека имаат, и хип и аптамил и новалак, прашајте во добро снабдена аптека, во зегин на пример и ќе ви најдат од која формула сакате, од таа еве на линкот пример за новалак многу убаво е објаснето. https://www.novalac.mk/nc/katalog-na-proizvodi/proizvod/novalac/novalac-allernova/
Може не знам, ама како и да е каде и да е секаде има, мора да има. Нека праша... и мора да се види дали навистина е алергично, доколку не е нема потреба, алпско на пример има без лактоза,односно растворена е веќе, може и со тоа да се проба... и зависи колкаво е бебето ако е над 7 и пол може и вечера да се воведе
Исто, со боди без ракавчиња спие и почесто ја разладувам да ја освежам..од вчера и ние спиеме со клима во дневна на 26 пуштена а ние сме во спална ама таман е пријатно а не сме директно под клима. На жешково нема шанси без клима, воздух нема надвор
Здраво мајки. Бебе е 8 м. Уште малку ќе тргне во градинка, па на ум сум да носам АД да му дават измеѓу оброци. Со каква вода го спремате АД, флаширана на собна тт, или со млака вода како што пишува во упатство за припрема? Далида носам вода во термос или ...?!
Моето спие во онакво исцело на кратки и го покривам со тетра,ама покриен останува првиот пола саат. Се врти многу и се е џабе
Јас не покривам. На памперс, боди и во тенка вреќичка. Со клима во ходник, во соба да е околу 25 степени. Деновите кога бевме без клима, само на памперс и боди спие. Или памперс и пиџами со ракавчиња и ножиња, тенки, без чорапи. Покривање со тетра, не ми успева. Одма клоца и се нервира. Па се водам со тие табелите на нет, како е препораката за спиење. Ако е над 25 степени, мислам дека само на боди е доволно. И не се плашам што не е е покриено. А угреана е нон стоп, само ја ладиме по нозе и раце. Во коритце се шлапка по пола саат во вода. Инаку бабите ме пукнаа значи оти не стои, та не стои. Демек децата на годинка веќе проодувале, моето не знае да се исправи, требало во дубак, како ќе научела. Ќе научи викам, кога ќе и текне тогаш. Не го гледаат дека активно вежба исправање на под, туку оти еве пасивно ко ќе ја застанеш не стои . Само трчат да ја земат, се е, не таму -не ваму. Пази да не се удри. Е арно де ќе се удри, ќе научи да не се удира. Отвара фиоки, они не немој. Свашта. Кај нас долните фиоки се наполнети со ствари кои не се опасни, пластични садови и сл. Она во кујна со мене си отвара, вади, става и си игра, додека спремам да јаде. И сфаќам колку уствари сме живееле се со забрани уште од бебиња. Дека баби не држеле и носеле насекаде за да можат да работат мајките. И сега да ви кажам искрено, некако осеќам со коментари, како на нас сега се полесни ни било, те вреќички имало, те тостер, те блендер, машина за садови, абе да се засрамам оти у помодерно време живееме. А никоја да рече леле ќерко по цел ден сама со дете , и да го најдадеш и облечеш и прошеташ и изиграш, без ни 5 мин, некој да му сврти внимание, тешко е. Не најмајки на најмајките! Кралици! Ај да си кажам овде што ми тежи, и да прилегнам малку, цела ноќ не можев да спијам.
Готово помина, утре се пакуваме и толку. Добро е што овој пат не ни го дефиниравме како одмор . Одмор после неколку години, кога ќе ја научиме да кулира со ладна вода под сенка . Да ти кажам да не бевме толку во тесно со времето веќе, ќе излезевме негде на пиво ја и ти, да чуваат бабите малку деците. Следна прилика, се надевам ќе се затечеме пак некогаш овде. Денес е роденден на либе, а утре пакувам куфер и спремам храна за по пат за малото . Ти поскоро закажувај за фризер, да не си останеш ко мене неишишана.
Мајки техничко прашање - купив транспортно креветче ама касно видов дека е до 15кг. Синко е веќе 11кг+ а има само 9м. Планот беше барем 1-2 години да се искористи додека се шеткаме навака натака. Дали некоја имала случај бебе да е потешко а да продолжи да го користи? Креветчето е околу 5-7цм од земја и има супер конструкција. во хотели што сме шетале не ми изгледа дека некој премногу запазува на килажа а не сме имале проблем до сега
Некои деца и на 4, 5 год не тежат ни 15кг. Секако е купено и до 20кг сиг ќе крепи дете не му ја мисли моето беше крупно бебе/дете ама после година не ставаат како до година, на 2 год беше мислам 18кг до 20кг како што реков покрупен беше, иначе врсничиња имаше на 2 год што беа 12 до 15 кг. Е ваков е свекор ми ама не му се нервирам поќе, со првото ме нервираа сега не, како мислам си правам.
Да, не сум во мк. И јас би сакала да знам дали и на што е алергична. На тестот излезе негативно на млечни производи, а ваму исфрла на јогурт и на АД хип. Скоро 11 месеци е, само што слабо јаде. Сега дури почна да се лаже повеќе да јаде со парчиња, каши јок. Ќе го пробам тоа на Новалак.