Еве со истиот проблем и ние густа кажа или за прчиња не сака да чуе а смоки јаде сама ја гледам дека џвака, искрено почнува да ме загрижува како ќе се одвикне незнам
Здраво мамички! Како се "справувате" со стрвни бебиња Наутро станува цица,јас доручкувам сака од моето,додека не и дадам плаче.Ајде и правам доручок нејзе го јаде и тоа.Не пие вода,сака да цица,не и давам плаче.Кој да седне на маса да руча таа сака со сите да јаде.Мислам дека е тоа многу храна ( не дека и давам секогаш) за 10+++. Битно мора да проба,дали е лебче,јогуртче,некое овошје или зеленчук.
Да пробаш количински да и зголемиш оброк кога и е време за јадење. На пр ако јаде 150гр. зголеми на 200-220. Јас стално се дружам со вагата,може смешно на некој ама само така знам колку е јадена, без 150 гр не е. И после не сака да цица после оброк,значи најадена е. Јас како старине да не звучам,ама да не ти е гладно штом сака на сите да им прави друштво за јадење.
Еве го и моето пу пу машала сака да јади, сака се да проба уште 8 дена 11 месеци. Значи јади парчиња, леб, козињак обожава, прв пат месо на парче проба викендов ама купечко пилешко и си џвака без мака и си бара уште Ред има пак, вака е од прилика,. Станува 6 и пол до 7ч цица па многу често одбива доручек и заспива кон 9ч пак со цицање (ако сум дома) ако сум на работа јади ама малку. Потоа од ко че стани јади кон 12ч му иди. Пак спие од кај 1 до кај 3 (тој период му е дремката) па руча, после ужина или цицање, па вечера па пак цицање. Значи ако не цица има ужина. Настинат ми е иначе, со мрсули е цела ноќ ич не сме спиени, денес и малку течна столицата ама си јадеше, весел... На доктор не носам дур нема тт.
Скоро секое дете има период кога јаде и викаш "да не му е многу" и после период во кој се прашуваш како преживува само со цицање. Моево е сега во тој вториот, јас не знам како живее од 200гр. каша на оброк сега е само на цице и ако го прелажам да земе коринка во рака па да касне. Каша не сака да види со очи а не да јаде. Јас му доближувам јадње тој исто ко трње да сум му дала да јаде и се откажав не му готвам веќе 2-3 дена, нудам ама не сака и само фрлам, па ми е жал и за јадњето и за времето што го губам готвејќи оброци што он не ги пробува. И така си кажав маката, сакав да кажам радувај се додека јаде. Иначе на иста возраст сме.
Само ждрига,мене ми е страв да не се прејадува.Полни пелени кака по 3-4 пати на ден.Пробав ,зголемив оброк ама каснува колку каснува и не сака а сака од нашето .
Исто @Carolin. и мојов каши не сака, многу ретко јади, преферира парчиња, кај мама беше на чување од 8 до 12ч, па си доручал пиперки пржени со јајца пробај дај му ваши јадења. Да беа в градинка сњ ќе јадеа веќе, не се мали година ќе прават за месец веќе нека јадат се. Значи да ми беше прво дете ќе се карав со неа и ќе и викав како му дала тоа, ама сега со второ после се видено со првото не се поминува, ќе јадат, па нема да јадат, ама нерви ич сега со второво. Првото на 2 год имаше период кога јадеше само леб со масло, сол и пипер па период само со еурокрем, па јајца пржени, па само тост.....едноставно не јадеше друго ништо друго и само се молев нешто да касни. Првото јадеше авокадо до година, второво само проба
Многу ми е криво вака кога не јаде пошо се јадел нишо не одбивал. Пиперки со јајца и јас му правам на маслиново масло со грчки јогурт јадеше мав правеше ама сега.. не зборам може ке се разјаде, не може туку ке мора пошо нема ваљда гладен да живее
Периоди ќе има секакви само пробај да не се нервираш, ко ќе му се јади ќе јади, ти пак нуди па тоа е што е. Ќе пораснат секако, еве го на 5 и пол години веќе јади скоро се, пак не сака манџи аѓа нешто јади.
Точно,имав период кога не јадеше сега јаде се пу пу ама стално сака нешто да има во уста. Сигурно е период. Да,тука сме таа возраст .
Мојов од неполни 5 почнавме со блендирани каши, сега пасирам со вилушка (6+ е). Доручек маф го прави (овошје со житарка). Ручече воведовме од минатата недела и дека погусто и не е толку smooth, прави фаци гадни и плука бе не јаде. Ај упорна јас ама може не е спремен уште, или не му се допаѓа текстурата. Дали да блендам се мислам, или потечно да го правам ќе пробам. Деновиве цица по малце кога ќе му прдне па и ред немаме, може и не е доволно гладен за време ручек. Не го форсирам, се тешам мал е ќе фатиме ред (се надевам). И со спиењево ред 0. Wake windows тераме по 5 саати без трета дремка. Во 17ч се комира, ќе стане ноќеска во 4 осеќам. Не знам што сакам да прашам. Се испожалив
Мајки му влезе на бебе малце вода во увце се изедов жива, прв пат во 6месеци. Пробав одма да го свртам и избришам ама 100% сум сигурна дека влезе и внатре цица сега на таа страна го држам наведнат, видов дека треба малце да сум му го помрднела увцето да излезе друго што да правам и како да следам дали го боли?
А што му даваш ужина? Мојата спие до 9.Поручек по 3 саата и вечер касно.Од две дремки преминевме ма една.
Мојот има неполни 8 месеци. Уште од почетокот го приметив дека преферира парчиња наспрема каши. Уште пред да почнеме со дохрана беше заинтересиран кога не гледаше како јадеме, а и сега пример му давам кашичка, јаде јаде и не сака веќе, и после 2 мин како да не јадел граба со рачињата тоа што јадеме ние пример лепче, компирче или ако му понудам бисквита, овошје. Јаде парчиња овошје малку само згмечени пример лубеница, диња, црешни, банана, кајсија и сл. А да земам да му блендирам нешто пример банана блендирана не ја јаде. Исто и за вода... никакво шише на фати, купив неколку со цуцла, неколку со клунче. Ама затоа кога ме гледа дека пијам од чаша, се тепа со рачињата да се напие и тој. И единствено што знае да се напие некогаш е од шишенцата од Нера тие со патролни шепи, пепа прасе.
Давај да пие од чаша слободно од обична пластична чаша. Ако јаде парчиња дај му парчиња. Не сите деца сакаат блендирано и парчиња не мора да го форсираш. Јас на мојава и давам некогаш мазно блендирано некогаш густо некогаш пасирано како ќе ми се погоди. Најверојатно од ручекот му се гади зошто се е зеленчук и плус компир,морков,ориз такви работи се доста густи и лепливи да кажам. Како сака бебе терај јас со првото доста бреме блендирав зошто плукаше парчиња па се разјаде од кга му пораснаа повеќе запчиња.
Овошје, овошно јогуртче, бисквита, некоја купечка кашичка некогаш (ако донеси некој иначе не купувам сутлијаш.
Јас моето од 3-4 месеци го бањам директно со туш врз глава. Не се веќе толку мали .. јас не би му се секирала