Ќе пробам, фала ти Најсреќен роденден, да е жива, здрава и најсреќна Инаку дадов веќе козјо кисело млеко, нема реакција, не го сака којзнае колку ама по малку каснува. Така да ваљда реагира само на кравјо. Е сега уште се мислам дали да земам козјо АД или Новалак алернова (за алергии тоа што е). Ептен сум неодлучна Инаку спиеме тројцата во иста соба, и маж ми станува за да ја презаспие ама вриште кога ќе ја земе да ја нишка он. Па тоа дерење, па тоа солзи рој. Порано ја заспиваше и он, од кај 9ти месец наваму Боже сачувај. Ќе ја земам одма ќе се смири. А ноќеска се буди милион пати и не заспива ако не цица. Така да и да спие само со маж ми, мислам дека само вриштење би било. А си јаде по три пати сега. И плус си цица преку ден. Мртва сум за спиење, не се издржува.
Friziderm масло за теменици земи си грчкото, го има во Зегин. Од едно мачкање и поминаа. Претходно со уријаж цел месец се зафркафав, немаше ефект.
Здраво мајки ве молам за мислење. Синко има 6 месеци, ми крена температура 38.7 синоќа, го однесов на болница таму ми се изназборуваа како сум згрешила шо сум го однесла ми дадоа упат за крвна слика и не пратија дома со совет да давам парацетамол ако темп е над 38.5 и да го ладам со облоги и бањање. Денес му дадов парацетамол, темп се симнува до 37.5 и по 4 5 саати пак качува 38.5 Се јавив и кај матичната и таа ми вели не го носи дома до 3 дена, не знам кај да се обратам ни што да правам ме фаќа паника на моменти дека темп не е од ништо. Го слушна докторкава на болница рече нема ништо ама пристапот на женава беше цело време "зошто дојдовте" гледаше шо побрзо да си одиме и да ми изнакажи колку е погрешно шо сум го однесла. Мислење ваше искуства? Да го носам на сосема трето место, да чекам? Иначе заборавив да спомнам синкп цица и му давам и кашички. Поспан е, и омалаксан.
Направивте ли крвна слика? Ако не си направила, можеш да направиш крвна слика и црп за да си мирна. Мене сите околу ме убедуваа дека не мора нон стоп за вакцина да сум го боцкала, ама јас пред секоја вакцина кс си правев, поарно од тоа нема за мирна глава.
Мајки како се со јадење вашите ? За една недела ќе правиме 10 месеци си јадеше убаво од еднаш почна да штрајкува едвај на сила ќе апне две три лажици и толку, почнува да вика писка дури и доаѓа да поврати…мислев дека е до текстурата дека се навикна на блендирано ама не е и до тоа немам памет веќе, да ја носам на педијатер , што да правам стварно незнам, како по цели денови да е само на млеко не ми е поимливо
Истиов проблем го имам скоро месец дена уназад Доручек и така и така , ручек нејќе да погледне ни уста да отвори, веќе треба и вечера да имам воведено, ма јок .. Ние сме скоро 9м ..
Ни доручек ни ручек ни вечера, не памтам кога последно го изеде цел оброк, пробав и купена каша ја јадеше цела 100 гр, сега нема шанси ако сакаш утепај се не сака и толку
Исто и мојата во четвртокот, 8,5 м е. Исто ми рече педијатарот. До три дена да не идам, ако качи над 39,5 тогаш. Вирус има, три дена трае температурата, давав парацетамол (на четири саати може да се дава ако има потреба, ако не на 6) и ноќе дури и ибупуфен (ова над 6 м може) за деца, до 39 стигна, па и дадов двапати. Купи електролити за деца, има на хип, и слива кашичка, ако јаде кашички да кака да се чисти, вода... што јаде зависи да му работи организмот побрзо. На нозете чорапчиња и ставав натопени во оцет и вода, да вади температура. Мојата сега е п добра, првите три дена над 38 имаше и не се спушташе, освен со ибуприфен. Бањање може ама не во процес на качување температура, најдобро насабајле, или ако не мора не бањај само разладувај со млака вода, мачкај по ножиња чело раце...Така правев јас три дена не спиев, првпат ми се разболе, мислам дека беше корона, дека само што се вративме од Грција. Сега да не испадне дека повеќе знам од докторите... само искуството го споделувам. се надевам брзо ќе помине...
Добро мајки не разбирам дали кај сите е исто или нешто моево бебе има некоја мака?! Од раѓање бљуцка,нос мрсули полн, чистиме вадиме за да дише, па си поткашлува, па се дави,гуши во сон?! Мислам дека за 6.5 месеци немаме душа со мм веќе и дали проаѓа барем оваа фаза? Редовни контроли никогаш ништо не му фатиле на гради да има а он тук таму си поткашлува, носот преполн 99% од времето, можно е сеуште да е рефлукс (скриен што го викаат) па од што бљуцка да оди во нос сеуште? И многу се дави во сон спие и од еднаш не може да земе воздух па ќе го свртиме на страна почнува кашла и заспива, викам ваљда е плунка, не е ова пречесто фала богу ама се случува некогаш. Вади запче мислам па може и од тоа лачи повеќе, прееска буквално 5 пати поврати саат ипол по цицање зошто се влече по кревет на стомак, не седи ни 2мин на грб мирен, јаде се живо, вриска и згора на се е прелаком!!! Ама ова давењево и кога ќе му се врати млеко и во сон ми е страшна траума
И ние вадиме мрсули секој ден и си кашла чат пат… на контрола исто нема ништо, се е во ред, може да е од климата и плунката. Исто и мојава кога е на земја знае да бљуцне млеко или од кашата некогаш, ама како што викаш не е мирна само се врти, да не речам скока, се фрла па си викам на толку мрдање како нема да врати
Нас у козле ни дадоа дијагноза, ама после го носев кај Стефанка во рес хумана која не се согласи со дијагнозата. Во козле прават алерго тестови, верувам и на детска клиника. Види со матичен прво да добиеш упат.