Исто. Без третата дремка е хорор. За кај брзаат? Нека спијат кога им се може Баш се напнува моево бебе да ја прескокне
Мами @Carolin. @atz1995 и др од генерација, колку дремки имаат децава сега кај вас? Мојов од 3 премина на 2, ама ме зафркава со 2рата, еве 2 дена само дремнува 10 мин и толку па после кон 5,6ч спие и му иди пак 3та дремка Првото дете ова време имаше 2 дремки и набрзо после година премина на 1 подолга од 2 до 2 и пол часа.
Честитоо, бисерчиња да реди. Колачи и јас се спремам да нарачам уште малце, боцка запчето, ама уште не се гледа. Сакав да правам, ама не. Тешко со фластеров до мене. А на повеќето другарки јас им правев кога им никнеа. Ех времиња Исто. Последно време тера две долги, по 1,5 час. Е тогаш нема шанса за трета, макар и да станал од втората во 13-14ч. Си седиме до вечер до 20часот, wake window 6-7 часа А денес еве 16часот е, тера трета дремка, ама дека беа пократки првиве две (45 мин. и втората 30мин.) Мислам и после 17ч не сака никако да дремне. Па ако доаѓа времето за трета тогаш, ја рипа. А ако е порано 15-16ч., заспива.
А секако денски дремки на 7м препорака е 2-3ч може затоа не сака да заспие 3та. Инаку како личи боцкањето, се гледа нешто воопшто или? јас осеќам само како мала нерамнина на едно ќоше напред ама не е тврдо како заб Уффф бе за тоа сум најмногу возбудена и за инат не излегува
Да се редат бели како бисери 3 дремки. Почна да има 2 подолги и 1 кратка, со тоа што пред да заспие е будна 4 саати и не се предава никако, не знам од кај има толку енергија. И почна да станува во 5 сабајле а пред тоа се буди едно 100 пати. Да не има некоја регресија во 6 месец а да не знам?
2 има сега и прозорецов на будност му се зголеми на 4 саати. Спиеше 1ва дремка 2 саати а втора саат ипол некогаш саат. Сега има две по саат ипол. Му останаа 3 саати денски ама затоа ми скрати и ноќе од 9 до 6-6ипол преку сила е буден веќе.
Се гледа беличко, ама не дава да го видам никако. E вака му е сега ко на сликава. И си стои вака може 10дена не мрда уште нагоре. Викам малце да се види па колачи, пошто сите ќе викаат еј дај да го видам, што ќе видат, тровче заб Има во 6ти месец баш регресија ко што читав. Кај нас и прв заб се погоди, па и стомачен вирус две недели, fun, fun, fun. Ко новороденче да имав пак се осетив
Фалааа мамиии, ајде чекаме и кај вас па да се частиме пак даа, за утре е договорот да си каснеме сутлијаш со циметче
Фалаа, ајде и кај баткото што побрзо, веќе излегло, спремајте се и вие за колачиња тешко јас да правам, и она е фластер до мене, затоа златни нарачки, нарачај си и мирна глава
Некаа и се редат како бисерчињааа И ние ќе почастиме да ни стигнат колачињата 2 запчиња ни се смешкаат веќе Оваа мама треба да му купи злато
Подобро нарачај уште сега јас така кога му беше ај викам ќе почекам да никне убаво кога ете ти уште еден до него се нацрта
Фалаа мајка, и кај баткото да се редат бели како бисери чекаме колачиња купивме ние златно, само ги чекавме забчињава
Две дремки има, едната околу 11 30, 12 и втората околу 17 30. Најчесто првата му е подолга, а втората трае 35мин. Навечер до 22ч е заспан се буди во 8 сабајле.
Мајки, вчера заборавив да ја прашам докторката, малото е настинато со стафилокока во носе,мачкаме маст. Дали смеам да прскам солен раствор за чистење измеѓу или не?
Моето бебе има една флекс “кафе ау лаит” исто, појавена е после некое време од раѓање, се консултиравме прво со матичен, матичниот викаше монголска, ама монголските се појавуваат 90% на газе, грб а не на видливи места како на лице, врат. Се консултиравме и со друг педијатар, тогаш кажаа дека е кафе ау лаит флека, доколку нема повеќе од 6 нема потреба од грижи, а и нема потреба од дополнителни консултации со дерматолог. Кај нас стои таа една.
Majki zdravo, dali ima nekoja majka so bebe sto ima crven beleg na vratot i na kapakot na oceto da mi objasni sto e toa. Go vikaat rodin ugriz ama na net i tik tok svasta se iznacitav i me fati strav. Pedijatarot od sam start kaza deka se kapilari i deka ne e nisto strasno. Na net citam povrzanost so nekoj mthfr mutacii i so dr rab i stvarno ne mi e jasno
Моето има од раѓање на двете очи и измеѓу веѓите црвено е како шарено некогаш се познава некогаш не. Мене ми кажаа дека тоа е бебешка егзема до кај година година ипол би требало да помине.