На витамините пишуваше дека може да се земаат и се додека се дои. Јас лично со слабо железо додека ги пиев железото ми беше топ..
Можеш да продолжиш да ги пиеш нема никаква штета но мислам нема многу да влијаат на покачување на железото. Можеш секое сабајле лажичка семе од коприва и мед, неколку зрна аронија исто, какао... јас ти кажувам а и јас сум иста вртоглавици и стравови дека ќе паднам и ние сме сами по цел ден. Се даваме 100 посто за бебушите а ние се запоставуваме, но искрено јас немам време цел ден трчканици околу бебето, спремање оброци за него, а за мене ако има време ќе апнам нешто набрзински и толку... сега ни започна и 6ти скок малку порани и ептен ни е забавно
Исто... и скокот и немање време, ќе пикнам нешто попатно, мирен цел оброк не памтам кога последно сум имала, ваљда во болница кога се породив
За мене 4ти ќе остане пеколот ќерче успешно го помина 6ти, со повремени лудории како од 4ти скок сега малку да продишеме па да видиме што носи 7ми
Јас додека бев бремена пиев прегнантол дха, е сега пијам прегнантол мулти, др што ми ја водеше бременоста ми ги даде бидејќи кога бев на контрола баш и кажував дека често поднастинувам немам енергија и сл. Мене ми е далеку подобро, пијам и за железово апчиња со глобифер форте + витаминЦ сега правам пауза од нив и паак поднастинав па земав Ургент Ц 30 кесички што се цела кутија за имунитет. На форумов ги дознав, секоја настинка со нив ја лечам. И се разбира прави цедени сокови многуу, лимон, портокал цитроон. Јас од вечер бебе кога спие се во блендер и утредента пијам.
Od koga pocnuva 6ti skok? 7m e od vcera vecerta jas uspij go on place,pa aj legni do nego stani nishaj on uporno sw butka trie oci i kenka place,isto i sabajle da ne ne mava nekoj skok i regresija a jas ne znam Jezda i da ne mava ke se praam naudrena ama cisto da si znam
Супер и заби плус и тоа тешко мене. Инаку мајки неколку прашања. 7м е бебето. Му воведов пилешко и телешко(понов вкус) и денес павлака. Педијатар ми рече можам јогурт,намаз,павлака. А,чисто онака ме интересира млеко кога се дава тетрапак или од фарма да речам И ми дозволи бисквитчиња,смоки,леб(рече иако не му се потребни чисто можам да му дадам да проба) па мора од зегин стрикно? И како да го научам да не е каша цело време туку и парченца? Он и у кашата намерно кога ќе оставам се гади. Цуцла цуцаме(знам дека не е добро за забите ти реков ми рече) цуцаме од оние на нип(како на бибс што се) од 0-6м дали треба да ја смениме да барам 6+? Или не? И последно ,за шишињата од какво да пие? Со клунче или цуцла? И дали цуцлата да му ја сменам 6+? (Авент натурал ни е 2ка) Еднаш од нип му дадпв (м проток) се испозадави. И едно рандом, лошо ли е што не цица често во текот на денот ? Навечер цица убаво,али преку ден не, сабајлето кога ќе стане цица, па после уште еднаш и пред спиење пак, да речеме нешто плус минус еден подој. Малку ли е? И за 1м накачил 400гр и тоа малку да не е? Инаку преку ден го нудам водичка,"сокче"(повеќе на вода разредено пошто не пие мн вода), тук таму чајче. Пед. Рече супер бил на килажа до година демек 11кг ќе бил, све некако малку ми се чини накачил пред тоа скоро кило ко да качуваше Извинете претерав со пишување Фала ви многу
1. Немаш потреба од бисквити, смоки па и леб на 7месеци. Моево смоки и бисквити проба пред година на 10-11 месеци пошо ми беше жал да ги гледа децата во парк како јадат па му купував од дм смоки. Е сеа после година проба стоби флипс, соленки со кикирики и сите можни смоки кој ги јадат децава надвор ама ке касне 2-3 и толку. Јас пак гледам да носам нешто поздраво за грицкање, како соленки, некој грисинки, окејк интегрални што се со јогурт и шумско или пак велнес со портокал и чоколадо. Па балансираме. 2. Покрај кашите на хранилка стави му парчиња храна, пр. Банана, лубеница, диња, праска, слива, обарена јаболка, круша, брокула,морков,тиквица, карфиол ке видиш ке подаде раче за да земе, првиот вториот пат може ке си игра со храната ама од еднаш мора да донесе до уста јади и ти тогаш пред него да види "како треба" ке се научи, ама многу трпение треба и знај дека таму кај што ке јаде ке чистиш 3 пати во денот. 3. Јас имам авент 3ка ама нудам од шише со сламка, нудам од чаша, најмногу пие од чашка за ракија, и вода нуди после јадење мене тогаш повеке ми пиел. Јас не му давав сок чај ништо освен вода и цицање мора да се пропие вида посебно на жешково, сега сам го зема шишето и ми го дава да му го отворам да пие. 4. После 6 месеци нормално е помалку од вообичаено да покачуваат пошто се по мобилни повеќе трошат, повеќе мрдаат. Штом др вика супер е ич не се замарај мајка, само растете среќни, палави и безгрижни
Има некој грип периодов? Беба супер цел ден, јадеше играше шетавме од еднаш го фаќам гори 38.7 почна да подригнува да се дави на секое да се вцрвува, некое кркорење по грпче отидовме на доктор не слуша ништо, малце црвенко грло, да следиме, чепчиња да ставаме на 6ч ако не паѓа по 38. Е сега колку време трае, да не имало некое бебче па да знаете? Многу сме исплашени со мм да не симне нешто на плуќа, до кога тоа би појавило знаци? И дали да правиме крвна слика со црп задутре или нема потреба? Од што исповрати таму не прашав а не ни пишаа
Баш те отворив да видам што сте направиле. Стомачни вируси има, а за грип не сум слушнала. Не се плаши за спуштање, треба да е некој многу поопасен вирус или ептен долго да трае вирозата, па да се искомплицира. Како и да е, чисто да знаеш симптоми се краток здив, кашлица, забрзано дишење, хрчење ама тоа се слуша малку покасно итн. Давај пробиотик за повраќањето, полесна храна и ако не се подобрува тогаш можете да направите крвна слика, барем 24 саати да поминат.
Моето прележа вирус, два дена и ноќи со температура 39.3. На 4 саати Парацетамол сируп давав, многу течности и туширање без главче за да му олесни. Помина само од себе, ама не изреди дома сите.
Фала мами, до сега 2 пати бил малце настинат ама ова некако не здрма зошто од еднаш срипа темп и бебево клапна. Тоа ќе прашав, утре да паузирам кашички да давам да цица почесто поарно е? Охх.. ајде што и да е да проаѓа лесно, ќе следам сега. Нас ни рекоа ради повраќањето чепчиња да ставаме на 6ч а не сируп.. се надевам нема да оди над, сега еве до 37.5 1ч веќе од чепчето
Не мораш да паузираш ако си јаде ама обично не јадат затоа ти реков полесна храна, ако си јаде уште поубаво. Само гледај да пие течности, варено знаеш така како за стомачен.
Мојава прележа, 24 часа креваше температура, грлото и беше црвенко малку и едното уво но не спушти на гради. Туширај со млака вода, нуди почесто да цица, мене ми рекоа може и до 3 дена да крева температура. Со лесно да поминува мајка
Моево два пати поврати дел од сирупот, ама за чудо му делуваше, после тоа веќе немаше проблем. Терај со чепче штом повраќа, бар ќе знаеш дека цел лек е останат. Ако јаде, давај слободно. Ако одбива, терај со течности. Моево уста не отвараше, и после опоравување уште се бориме со храната, одвај неколку лажички со молење лапнува.
Полесна храна овие денови и почесто цицање поради повраќањето, да се вратат изгубените течности. Ако крева 39 на чорапчиња стави киселина. Јас така правам,помага. И со чепчињата внимателно. Пробај прво малце да ја потсимнеш температурата со разладување на телото а потоа да се става чепче. Да не се симнува наеднаш поради појава на фебрилни грчеви. Не се честа појава,ама сепак да се има во предвид. Со лесно да е.
Мм, јас па ќерка. Утрото се разбуди со 38 свежа, весела и разиграна и до 15 часот веќе 39 и изразена омалаксаност. Црвено грло. Направивме кс, добра беше и сѐ укажуваше на тоа дека е вирус па ни дадоа совет како матичната така и на детско за многу течности, витамин Ц капки, почесто цицање, туширање и масажи на торзо со алкохол и вода 50:50. Проветрена просторија, бебе раслечено и топење глава не но облоги на чело со вода ни дозволија. Исто ни рекоа со парацетамол сируп (нагласено 6 часа помеѓу две дози) или чепчиња. Јас не можев да гледам како плаче од сирупот, со задавување, липање, заоѓање плус цело време се прашував дали доволно е дозиран зашто качуваше 39 три часа од сирупот (?????) па ставав ефералган чепчиња. Не се тревожеше при ставањето (и ставав и додека спиеше), симнуваше до 37.3 - 37.4 но веќе вториот ден беше подобро - не качи повисока од 38 а до вечерта веќе 36.8 имаше а последното чепче ставено во 9 наутро... Фала му на Господ што не одбиваше ниту цицање ниту цврста храна (давав овес, јогурт, кисело млеко...)Чај не сум и дала досега, сок не сака ама вода баш доста пиеше без проблем зашто и онака многу сака вода. Си ја раскажав голготата но се надевам помогнав. Температура мерев под пазуви на секој час. Со лесно П. С. Исто и јас бев со температура 2 дена и болки во грло. Дури не праша педијатар дали некој дома е болен и кога одговорив потврдно ме праша колку дена, одговорив 2 и рече и она толку ќе има и така и беше.