6 скок како сме? Бебево не знам како има толку енергија без јадење. Едвај се молиме на 3ч,цицнува 2мин преку сила и срипува мислиш камионите на граница му се заглавени, си седнува до мене па се враќа ама онака насмеан "ааааа" цицнува еднаш пак седнува и така додека не се откажам и налутам да не си игра со храната. па после се врти на стомак и цица така играјќи си штипка меѓу прстињата После настинкава да не подречам ок заспива, си спие по 45 50мин до 1.20ч уште нема сила мислам од температурата. Но бонус вади заби мислам финално едното веќе ко малце да грепка, нервозен е само ми се дере по дома како тој да е родителот ме кара со "ААААА" Ако му забранам нешто, цели денови вика Тата тата тата а јас сум Нана, ама нана само ја бара кога плаче и сака да го земам. најново застанува на сите 4ри ама после зима исправа нозе ко за стоење и паѓа на нос па ржи нервозно. Го терам да си играме потпрен на мене, на колена не бре луѓе застанува, се качува бре по маж ми со нозете по стомак со раце му се граба за раменици и оди нагоре Само ќе кажам има тек допрва да биде журка
После 4тиот скок реков не признавам ништо ама и овој не е баш за фрлање али се јаде некако, исто јадење слабо и искрено незз како понатаму неќе каши сака парчиња за дА џвака мислев ок нека биде така ама незз колку изела плус побавно оде цело хранење
Исто истоо. Со тоа што сега горниве два заба во исто време никнат и не се трпи сам себе. Заспива навечер, и се буди често со плачење вриштење. Не знам дали скокот и регресијата се, или па забиве.
6ти скок ХАОССС! Кенкање по цел ден, ќе се заигра 2 3 мин максимум почнува да кенка и да ме бара каде сум и лази по мене да го кренам во раце. Заспивање хорор, сега скрати на 2 дремки, прозори на будност по 4 5 часа, му се спие но не се дава никако... неколку пати на сред ноќ ќе се расплаче, ќе ме извади од памет едвај го смирувам. Баш сега и запчињата го мачат ептееен но никако да пробијат. За јадење кога како, многу почна да ми прави проблем на кашите, уште не ја пробал ми први фаци дека не му се допаѓа изведува ... млеко бидејќи сме на измолзено не го допива, во просек пиеше по 120мл, сега едвај 70,80... баш ќе биде весело овој месец
Кажете ми како да му ги тргнам рацете од уста, се крева на колена и се бутка нанапред ама не ги вади рацете од уста само ја влече главата Не може да пролази од што му се слатки кога ги тргам одма ги враќа или ако е на колена веќе кренат пробувам да го кренам и напред нејќе легнува одма и пак ги враќа во уста
Isto, isto... zaspivanjeto najgolem problem... ama i se ostanato... Da izdrzime i da si napravime ziveli posle koga ke pomine
Ајде на жалењееее Што праиме 7ми месец последната дремка еве упорно ја одбегнува И само се нервира и вришти никако не доседува Дури и одбива да јаде јас не знам од што живее а има енергија за 3 јас Од 15ч е последно спиен во 17 пробав па во 18 нејќе и крај и еве демек ке се возиме у кола да заспие како не Хелп
Јас обратна мака со бебо на 1ч50мин он плаче да спие, заспива и тера 3 дремки денес ќе имаше и 4та да не го форсирав надвор цел ден па заспа на 3 и 4ч Еве го спие веќе 35мин за ноќно. Пробувам да го држам 3ч буден не бре брате дома што сакаш направи он ќе седи и плаче нервозен додека не го однесам во спална да си легне Молам бога да скрати на 2 пред да тргнам на работа, со баба му тешко да успеваат 3 пати да заспијат
Исто и јас проблем со повеке дремки за некој ден трга в градинка она уште тера по 3 кратки дремки, ко спие подолго ок е има 2 ама како секој пат да спие подолго
Јас само си се тешам дека ќе се адаптираат на новото. Малце се подоправи си спие сам 3 дремки по 50тина мин (едната може да ја истера до 1ч15мин ако си лежам одмарам до него па да ме пофати по лице и продолжи) Таму твоево или ќе научи да спие само подолго или нема да спие Се смееме, имаме другар со мм што го избркале од градинка пред 30г зошто ај што не спиел туку ги будел и другите деца епа мислам кога ќе тргне моево следна година иста судбина ќе не снајде
Од денес официјално во 6ти скок кој сака нека честита 2 недели веќе се понаша како во скок да е. Преку ден слабо спие, еве на пример денес имаше 1 подолга дремка и 1 од 10 мин., што се не пробав и не заспа. Ја легнав во 8 и пол и ако верувате дури сега заспа јас се изморив гледајќи ја толку време да се врти по спалнава. Друго се буди навечер со врискање, така не врискаше кога беше помала дури првиот пат едвај ја смиривме со мм и се исплашивме од шо ни се немаше случено тоа. Лази струја е и се исправа на стапала кај ќе стигне нема шанса сама да биде ни секунда едно од шо плачи ако е сама друго од шо се пушта директно во слободен пад. За јадењето да не почнувам од шо е борба и шо изиграваме мајмуни по дома. Се испожалив барем има кој да ме сфати тука.
Кога пролазуваат и седнуваат? Да не речам мрза ама мрза е мојов Му правам демек оди цуп цуп по патос и ке застане и стиска газот да седне Да седи не знае,ќе го седнам и ос позади ке му стаам перници и ќе зајаде нешто од играчките и ќе си се потпре позади Да лази не знае, ќе го остаам на стомак и само у круг се врти и се влече ИИИИ а види тепиш ќе се довлњчка до него и со прстињата мали ќе земе и грепка вошки ко да му бара Бај д веј нејќе мн на земја сам како да го навикнам на кревет ќе се врти и тркала до утре а на земја никако повеќе од 5мин, како да му напраам да му е интересно да седи повеќе? И само кенка за во раце и во раце вришти ако нешто не му чини(и вадиме заби долните 2 ги извадивме и сега горе) Со лесно на сите
Мислам дека е различно кај секое бебе. Моево на 6 месеци сам си седеше, на 6 и пол веќе лазеше. Додека не почна да лази не сакаше ни под разно на земја, сега не можам од земја да го тргнам. За кенкање не му треба на моево некоја посебна причина, кенка и ден и ноќ.
Штом се врти во круг ќе почне да лази војнички со нозе на земја. До кај 9месеци се очекува да поседне сам. Е сега ако го паткаш ти на нозе како за одење големи се шансите да не ни пролази. Моево еве скоро 8 од завчера почна да се поткрева на сите 4 ама паѓа или го исправа нозете на стапала лази пречудно и ме нервира, го ставам на колена тој застанува. Се качува по стомак на маж ми нагоре. За седење не го ставам со перници никако, непотребен притисок на колкови, се крева сам си потседнува ама ако тргне по играчка паѓа ко круша странично или на нос.
За лазење и моето не лази како што треба, повеќе се влече по земја, но подига ножиња, ќе се исправи на раце нозе и ќе зарие на нос за седење кога ќе го седнам сега седи стабилно, но толку е немирен не издржува ни 5 секунди де нозете во уста, де по некоја играчка и паѓа де на страна или на нос јас го оставам цело време на подлога, е сега откако не фати 6ти скок само кенка и сака во раце, се влече по мене, го земам го смирувам и пак го оставам. Му оставам играчки, имам патка што пее па таа му е многу интересна му ја поместувам од една страна на друга и лази по неа.
Мојава исто на кревет се врти некако со нозете се одбива и оди нагоре во лежечка положба, не оно да лази војнички пошто лежи на грб нрзз како да објаснам на земја јок не се преметка само исто ко што викаш се врти во круг по играчки ако е на меше и крцка со ноктите ако неможе да дофати играчка и исто сама ако евентуално се заиграе и да седе 15 мин су слободна, инаку да седиш до неа мирна и 2 саати седе. Јас си ја седнивам од кај 6ти месец ми беше препорака од ортопед. И незз дали е мрзлива или што ама неке. Инаку денес и официјално ми се исправи во количката од седечка положба со нозете потпрени во долниот платнен дел и рацете на тоа напред држачот. И јас ја гледам и се чудам како има сила тоа да го прави но не и да лази ама ете. Дома шо долазив она не почна може в градинка ке почне гледајки ги другите деца
Здраво мајки. 5 месечно бебе не настинато нема црвено грло нема ништо . Навечер почнува да кашла неможи да поврати убаво се мачи одкако ќе поврати по некое време му олеснува и се смирува кашлицата еве една недела. Денеска проверевме крв и црп се е во ред .Ни дадоа од педиатрија упут за некој брис можно да имало лошата кашлица.има некој Искуство.
Моево прележа на 4 мес. Крвна слика супер, брисеви чисти, инхалации цела недела без подобрување на кашлицата, дента кога добив резултати дека е пертусис тогаш се влоши кашлицата. Не повраќаше, ама кашлаше до помодрување. Испи антибиотик, ама уште долго кашлаше. 6 мес е сега, уште поткашлува неколку пати на ден.
Ние сме сега 8 месеци, мислам дека на 7 месеци почна да лази… повеќе време пробуваше да лази, и ги местев колената и рацете за да и покажам како. Играчки околу неа, но не веднаш до неа, за да сака да оди накај нив да ги фати. Од како почна да лази почна прво на страна да седнува потпрена со раката, и после почна убаво да седи.