Мајки, како ги стерилизирате гумените играчки, тропалки, свирчиња и подлогата за играње? Јас ги поминував со влажна, но гледам бебо се нафрла околу устата
Влажна крпа? Во врела вода ги ставам да стојат 15мин па ги проаѓам низ вода, подлогата со натопена во вода тетра пелена ја бришам. Ок не секој ден зошто веќе 8месеци е и оставам да буста имунитет па и играчките ги проаѓам низ топла вода најчесто. Апла ако не паднале надвор на улица кога сме шетале тогаш со фрош бебе сјај, врела вода да стои па плакнам
Ако ти е второ дете, се од наведеново не стерилизираш шала на страна, земи си сјај од Фрош и ново сунѓерче само за негови работи и со врела вода поминувај. Ништо повеќе. А за подлогата исто спреј од Фрош за играчки па со вода
Бебе е 10 месеци почна многу тешко да се успива, со многу плачење, плаче до зарипнување. Не можи никако да се смири, вчера навечерта се пробуди два пати од кои едниот пат беше буден еден сат. Како да не можеше да презаспие а му спиеше. И последниве неколку дена само чкрипи со забите и се стега целиот. Дали сте имале слична ситуација
8 месеци денеска бебо Почна да лази, се исправа на сите четири и после нурнува нанапред ама битно лазидофаќа играчки се додека не падне на нос добри сме. Со ноќното спиење сме хаос. Станува на час, час и половина максимум. Никако не може да сврзи саати не знам што е проблемот. Јас сум уморна ми се спие, молам бога да сврзи малце повеќе ама не. Четврт заб и никнува на мојава може и од тоа е. Мачкам дентинокс,давам ладни глодалки..
I feel you bro Јас приметив дека кога претходниот ден е преспан следната ноќ се буди со плачење на 1ч. Затоа денес ќе пробам да му скратам 1 дремка, да го држам по 3 3.5ч буден па ќе видиме. Вака не се живее мајке ми. Вие до 4ти заб сте стигнале,моево уште ни прв нема извадено А нервозен е 300на саат. Нешто ко да потфаќа доле ама никако да избие, матичнава вика ова се премногу воспалени непца може и температурата да е од нив ама кој знае и болен и скок сè заедно
Моето и твоето се нецел месец разлика, така мислам, моето ќе прави 11 мес за неколку дена, кога влезе во 7миот скок, по вондер веекс гледајќи, извади и запче пред 3 недели, почна да се исправа по предмети, па не знам до што е, ама еден месец цел нема никаков ред, спиењето и е ужас, после првото заспивање, станва на секои 40тина мин барем 3 пати, мора да сум до неаа да ја погалам, за да продолжи. Будењето и е со плачење, ама одма се смирува, мора да цицни, арно лето е, цела ноќ спијам гола ми се чини. Па знае да си поигра на креветче околу 6 наутро, па да продолжи да спие, нема никаков ред По апликација ни завршува скокот, се надевам ќе се вратиме во нормала.
Можно е да е од тоа температурата ама таа само додека да избијат надвор од непце држи,после не би требало. А нервозни се од тоа. Се сака в уста да стави. Јас и давам глодалка таа по далечинското, по слушалките оди. И од играчкитр си бира со кои сака да игра другите ги турка со раката. Ние утрово примивме вакцина. Собрано е сето наеднаш, 2 вакцини, плус заби, плус скок..и како сакаме да спијат..
Дали имате искуство со вакцина после прележани овчи сипаници? Секако ќе разговарам и со педијатарот и во вакциналниот пункт само ме интересира ваше искуство колку време после прележани овчи ви дозволиле да прими вакцина (Конкретно Prevenar)?
Мајки, не знам дали грешам па ми треба ваше мислење. Детево сега во недела ми полни 8м. Кога почнавме со цврста храна не беше нешто заинтересиран, но еве веќе цела недела како до крај јаде од тоа што му правам ( а воведов и месо одма од 7м). Но, прашањето ми е, како тоа заменувате доење со оброк? Син ми и да се најаде си сака да си цица, заспива со цицање, иако вечерата знам да му ја направам пообилна (од аспект на калории), но пак си бара да си цица, некогаш и не влече ама така му е убаво да седи. Не знам дали грешам, дали тоа што веќе има 2 оброка и сабајле овошна каша значи дека треба да го одбивам од цицање? Дали грешам што му давам да цица кога ке посака? Сепак ми е жал да не му давам.
Синко е 8 мeсеци. Исто имаме два оброка, доручек и ручек. Нормално е уште да си цица, до година им е нутритивна потреба млекцето. Синко цела ноќ цица, заспива со цицање. Некад и ја му бутам цицка кога кенка а не знам што му е Иначе еве денес како беше: Цицаше рано сабајле кај 5-6. Доручек во 8 Цицање 11 Ручек 13.30 Цицаше пак од тогаш до сега (20.30ч) уште 4 пати (кај 15.30, 17.30, 19.00, 20.00 одприлика, од кој две беа долги цицања, две беа мезиња ). Давај му да цица, наскоро на работа ке тргнеме и за жал нема цицање, ке јаде кашички тогаш сакал-нејќел. Иначе барем 2 до 3 часа после оброк би требало да е сит и да не бара да цица
Барем само да не плачи, најмногу од се ме уморува тоа плачење и кемкање. Се надева дека ќе заврши и кај нас за брзо
Мајки ми треба совет. Малото 7 и пол месеци старо има констапација. Пробано кашички од слива,праска,јаболко,круша поводести да се. Намалив на месо. Пие лаксатив, пие пробиотик, чепче од време на време(му помага многу малку), вежби, повеќе е на стомаче, компот од сливи.Но, ништо не му помага. Што имате пробано што им помогнало на вашите малечки. П.с. на доење е
Дали му даваш вода? И многу е битно колку вода пие.. Ако не сака вода пробај разредено чајче после јадење
Ми прооде малото, частам колачиња... од нигде никаде се пушти по брат му, направи 5 чекори. Годинка прави за 2 недели
Majkii dali tendzerinjata i rabotite vo koj pravite kasa gi miete na raka ili vo masina za sadovi. Jas do sea gi mijaam i ribam na raka so bebeski sjaj ama sakam da pocnam da stavam vo masina na 70 stepeni veke i ke pocnam so rab pa ke nemam tolku vreme za glancanje
И ние имаме проблем со какање ама еве се научи да го 'издржувам' и пробувам скоро на секое мењање на пелена јас го издржувам и си какнува.и а го приметам да се стега одма го издржувам и мирен тој мирна јас. Вода тук таму пие ако е мн жеден инаку жива сила не го тера да пие вода. Инаку мене ме мачи што нејќе да јаде парченца а ако ме гледа јас нешто да јадам сака зинува пример му дадов краставичка ја стискаше и шмукаше. Сум пробала сварено и стаено пред него го пипка ќе го донесе до уста и ќе го фрли И еве почна да се напнува од легнат па на страна за да се исправи да седне секако со моја помош И ние све миеме на рака,освен кај мајка ми таму е све на машина. . Дали грешам вака: 7/8ч цица 9ч смоки со јогурт/мусли со овошје или овошна каша 10/11(зависи спрема станувањето 2ч будност 2.5 и дремка) некогаш цицнува и пред да го успијам Кога ќе стане пример 12ипол цица 1ипол ручек домашна каша (ориз пилешко брокула нешто у тој стил) 2ипол дремка Па пак млеко кога ќе стане и негде до кај 6 му давам уште некоја овошна каша и во 8ипол бањање и цица и спие. Многу ли е јадење? Секако не давам секогаш смоки туку тук таму денес се погоди да му дадам. иначе насабјле и палента јаде не му давам исто секој ден,мешам Гледам да е 1ч после цицање така ми има кажано педијатар или треба и повеќе размак? Мн сака да јаде ми се чини ако го научам да грицка ќе јаде и ние што јадеме