1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    435
    Мајки некоја со искуство и совет што да правам. Бебе 7++ вчера од нигде никаде крена 38.8 температура на 2 пати, сега е добра но овие 2 дена одбива цврста храна штом ја види лажичката и тањирот плаче. Што да правам, да нудам или да направам пауза? Млеко си пие.
     
  2. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да нудиш секој ден. Не го форсирај едноставно нуди една лажичка една да не ја губи рутината. Ќе го збуниш со јади-нејади.Ништо страшно ако не изеде многу чим си пие млекце не е гладно.
     
    На Nataliii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    76.467
    Пол:
    Женски
    Од искуство, дур траеше вирусот и после него неколку дена, храна не сакаше да види. Само водичка и цицаше. Не форсирав,неколку дена воопшто не понудив, гледав само да не дехидрира од високата температура. После тоа почна пак да јаде без проблем. Не се секирај, ќе си се врати во нормала кога му помине.
     
    На Nataliii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    435
    Нудам ама буквално е ваква :x не отвора уста ни за да проба а не пак да јаде.
    Се надевам ќе се врати, не е решение само млеко да пие. Со се пробав и тоа најмногу што го јадеше не сака да го мирисни а не пак да проба.
     
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    76.467
    Пол:
    Женски
    Ќе се врати. Исто беше и кај нас, млеко и вода неколку дена. После тоа постепено сокче разредено со водичка давав, па на крај храна. Како од почеток да почнавме буквално. Ама ќе се врати и нема ни да се осеќа дека не јадело бебето.
     
    На kozuf, Nataliii и Dennings им се допаѓа ова.
  6. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    @1209 , majka mislam ti zborese vo nekoja tema za ostavanje bebe pred ekran.
    Te molam za info kolku e bezbedno za bebe da sedi pred tv so pesnicki na 9 m
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.829
    Допаѓања:
    25.799
    Колку време да седи? Ако гледа 5мин колку да одиш во вц, ок, ама препораката е да не се даваат екрани воопшто до 2 години
     
    На Emilija28 и 1209 им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.782
    Пол:
    Женски
    Ако прашуваш колку треба да гледа, не треба ич. А колку може да гледа без да има последици е индивидуално. Некои деца ќе погледаат и се вртат, не ги интересира, други пак да ги оставиш цел ден ќе гледаат и нема да трепнат.
    Првото дете кога беше бебе не сум гасела телевизор, не со цртани, туку музички канал или филм. Не ни погледнувала во телевизорот до скоро 2 години.
    Второво сега е 6ипол месеца. Цртани гледа ако сум пуштила за сестра му, ако вришти додека направам јадење или да одам во вц. Значи минути се во прашање.
     
    На Bannana, Emilija28 и 1209 им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    41.026
    Пол:
    Женски
    За да завршиш нешто работа 10-15мин ок е дури и помалце. Не знам колку е безбедно или небезбедно ама јас немав друга опција. Иако гледаше и уште гледа, ретко го интересира да гледа, претежно си игра и се маа со мене што и да праам.
     
    На Emilija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Мајки морам да пишам и во оваа група другата за на одмор не е баш активна.

    Ќе одиме на прв одмор со бебе 6 месеци, таму правиме 7. Имаме 3 оброци на ден и за жал најрано што можеме да влеземе во смештај е 16:00. За доручек по пат некако ќе се снајдам со кашичка и житарка ќе смешам, ама за ручек не знам како да испланирам, обично руча во 14:00.

    Ако сварам и изблендирам ноќта пред тргање зеленчукот во стаклено, ќе можам ли на бебе да му дадам следниот ден тек?
     
  11. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    А зошто не му дадеш готова купена каша?
     
  12. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Сите зеленчукови што ги имам видено кога барав се со пилешко месо, тоа немам воведено уште, само телешко има пробано (конкретно на хипп имам гледано такви). :(
     
  13. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    131
    Имаш во Белина без месо, само овошје или само зеленчук.
     
  14. @Ledi@

    @Ledi@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Barajte podobro(imate zelencukovi bez meso na hip vo malo teglice ako e mnogu i da ne vi stoi golemoto.Imate grasok,kompir,morkov,karfiol;ima samo brokula,na nutrino imate kombinacija kompir,tikvica,morkov oriz isto mala teglicka,vo Zegin na Holle ima spanac kompir,tikva so oriz...Se zavisi sto imate vovedeno ke pogodete nekoja kombinacija ako ne morkov i jabolko na hip ili tikva i jabolko za eden obrok se dobri.
     
    На LeL15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Имаш на бејби лов, на хип, на холе разни комбинации со телешко и само зеленчук.
    Веќе можеш да дадеш и пилешко и мисиркино. Колку порано толку подобро за хмг.
    Мојата порасна на купечки каши, се додека не ја префрлив на нашата храна. Па и уште давам кога сметам дека јадењето за нас не е соодветно за неа.
    Посебно на одмор, купечките се раат. А се проверени и безбедни.
     
    На LeL15 и DaisyDream им се допаѓа ова.
  16. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Дали при периодот на адаптација во градинка (8 месеци е бебето) им дававте појадок кога ќе ги земевте? Одеше по 2 часа, од вчера веќе по 3 и веќе 11:30 да и давам појадок е доцна а таму не јаде или јаде ама малку. Дали да и давам ужина можеби? И што на пример? Денес си дојде со чај од нане во шишето и го пиеше :|
    Или пак, да не давам ужина туку ручек порано и да воведам вечера... Спиењето го решивме со градинката, супер ред си има досега ама јадењево... Молам за искуства и совети доколку сте имале исти или слични потешкотии. Благодарам однапред :sun:
     
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Ако имате ДМ, таму има и само зеленчукови на babylove
     
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    5.883
    З д р а в о :)

    9м. јас работам в кујна детево до мене и ме тегни за нохавица и плаче да го земам. Штом го земам штама , се гледа што има околу,што се прави ...
    Се одалечам пример в др.соба а ме гледа се одерува плакајќи...
    Сака нешто не смее,не може- ечи зградава..

    Има решение ,фаза е или како се вие справувате?

    Ф а л а :)
     
  19. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    4.957
    Пол:
    Женски
    Кога ја носите и земате? Кај нас носењето е секогаш пред појадок и ќерка ја враќаа јадена. Бар мојава секако јадеше.
     
  20. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Сепарациска ги тресе тој период на најјако. Ќе помине :inlove: земи си кенгур барем раат да готвиш чистиш кога драми :D
     
    На DaisyDream и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.