1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.709
    Допаѓања:
    145.057
    Премногу се третирани.
     
    На ivi1987 и Spidy им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    76.467
    Пол:
    Женски
    Се надевам нареден пат кога ќе проба нема да има реакција, затоа што многу сака компир да јаде. Ама пусти страв од такво обилно повраќање ме тера да почекам пак со проба.
     
  3. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Моето од жолчка обилно повраќаше неколку пати, па подолго време немам дадено. Уште немам воведено цела жолчка. Чекав да помине жешкото, ама сега дека и на работа, чекам викенд кога ќе бидеме дома да дадам пак.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.228
    Допаѓања:
    6.649
    Генерацијо,ние што тргнуваме на работа за недела две, не знам како ќе се делиме, сепарациска на најјако е пуштена;( Не ме остава до кујна да отидам чашите да ги измијам. Со,неа јадам,на подлога си го носам тајнирот и таму јадам :) Што и да правам мора да е до мене. Ако сме разделени еден час кога ќе ме виде пружа раце да ја кренам и ме бакнува на лице, тоа се вистински бакнежи а јас се топам :l:
    8 и пол месеци е почнавме и со вечера. Денеска жолчка воведов за ручек. Не ми јади многу на вечерата.
    За тие што мислат дека ќе спие повеќе ако има повеќе овроци, не се лажете. Исто е, пак си станува по 100 пати.
    Му кажав на мм дека штом ќе тргнам на работа ќе си ја варди и тој навечер и ќе и дава адаптирано. Не планирам очи да ми капат по црл ден и ко зомби да се шетам да ме гледаат. Неволно прифати. Демек со мене била повеќе поврзана. Па нека се поврзи и тој, се е навика. Ај ај, да не ја активирам темата за мажите :lol:
     
    На @Ledi@, DaisyDream, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Хаха,добра тема.:D
    Исто,многу поврзани,земав боледување уште некоја недела,да се навикне.Почнав со работа мм ја чуваше често и оп се навикна,сега повеќе сака кај него :D Навечер не го остава да спие,му велам да видиш како е :D 8)
    Ама навечер станува иаку јаде се,сака да се гушка :|
    А кога ќе се вратам од работа и ќе ме види не знае што попрво да наптави,е тогаш се топам :inlove: :l:
     
    На DaisyDream, firequeenn, Dennings и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Јас од наредна недела на работа, бебе во градинка до 11 не дека она неке туку тетката не дава повеќе да седе , од наредна мора да спие таму како ке биде незз. Јас се чудев зошто бебево ко ке ме види се клешти а пред тоа не беше тоа случај мислрв дека помина тој период:D недај боже да ја оставам за до вц куќа у вис крената , со маж ми неке да спие он ниша ниша ништо ја отидов легнав до неа за секунда се успа значи стварно незз , минатата вечер стана 7 пати маж ми броеше оваа 177(facepalm) сабота ке сум цела ден на работа после 2ра смена уште од сега ме факат паники како ке биде, мојот ако станува навечер преку ден не функционира така да пак мене ке ме јаде јасник :?: купив и ад мислев ке спие бар 3 саати сврзани ама јок така да ке ни биде забавно :?: ме радува тоа што ке сменам нема да сум само дома ама незз:D
     
    На firequeenn и Ouranio.toxo им се допаѓа ова.
  7. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Кај нас сепарациската е малку покасно ... бебе е скоро 11 м. До пред 1 недела кога одев на работа ми мавташе и се смееше, сега плаче, вришти. Инаку исто е и кај нас, си има 3 оброци, и без оглед дали вечерал убаво или не, станува по 2-3 пати ( некогаш и повеќе) за цицање. Ќе издржам уште малку, до година планирам да го дојам.
     
    На DaisyDream, firequeenn и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  8. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Мојата па обратно.Јас цел саат ја успивам а мм за 2мин а двапати ја има успано во 11месеци (facepalm) Плус цица и пак се бориме за успивање.А ниту пие ад ниту алпско....:|
     
    На Kikikikiri0405 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  9. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Очигледно има вистина во тоа ‘ сите се исти ‘:D… ја му викам до сега ескивираше, ќе видиме коа ќе тргнам на работа што ќе правиш :wasntme::lol: него еве ние почнавме и на адаптација, па ќе видиме како ќе оди, јас за две недели почнувам на работа, јаде веќе по три пати и на ад е .. ама викаат дека кога ќе тргне во градинка може почесто да се будат навечер…
     
    На DaisyDream, firequeenn и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  10. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Majki zdravo :)
    Molam za sovet:)
    Imame 11 meseci nisko zelezo.pievme nekolku mesesi sideral ama nema nikakvo podobruvanje. Strasen nejadac hrana nejke da pomirisa. Sekakva e probana na parcinja,blendirana, sama da jade nikako ne saka. Ednostavno ima averzija kon ishranata. Samo na mleko e :(
    Po preporaka od pedijatar pocnav da davam maltofer i feroglobin.
    Sto mozam drugo da dadam barem malce da i otvoram apetit? sovet od pedijatar e bidi uporna mleko na minimum da se namali i toa e toa drugo care nema.
    Molam za sovet ❤️
     
  11. Hopeeee

    Hopeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба совет. Бебето ми е 8 месеци и некој ден, јаде се, има пробано се од јајце до млечни производи освен млеко. Уште е на адаптирано ама пие само навечер. Сеа треба да трга во градинка од 9 месеци а се распрашав што имаат на дневно мени и ми кажаа дека секој ден сабајле имаат млеко со бисквити а ручек исто што имаат и поголемите што не се во јасли само пасирано со вилушка. Прашањето ми е според вас (да сте вие на мое место) кога би му го исфрлиле АД млекото и дали ми е паметно да го исфрлам или да продолжам а секако ќе јаде и кравјо млеко во градинка. Баш сум у збунка ХЕЛП
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.122
    Допаѓања:
    12.782
    Пол:
    Женски
    Б комплекс отвара апетит. Ама како мајка на нејадач ќе ти кажам дека ако не јаде, може и никогаш да не пројаде. Ќерка ми е скоро 6 години, брат и на 6ипол месеца повеќе јаде од неа. Твое е да нудиш само.

    Дај му млеко да проба дома, да си на чисто со реакции, ама нема потреба да му го смениш ад со кравјо. Во градинка ќе го пие обичното млеко, дома навечер барем до годината продолжи си со ад.
     
    На Hopeeee и Bannana им се допаѓа ова.
  13. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Јас не би дала кравјо млеко. Еве трета недела оди (8+++ е) и денес појадувала пециво со урда и јогурт, јадела и чоколино со кравјо млеко а во шишето чај од нане засладен со шеќер. Тоа што таму и го даваат гледам дома максимално да одбегнувам да се најде на мени од причина што ем јадат што не треба ем ќе и се повторуваат оброците и кога веќе не можам да влијаам на тоа што јаде таму барем количината да биде на минимум. Барем до 12 месеци.

    Болна тема ми е оваа со храната значи ужас градинкиве ;(
     
    На Hopeeee и DaisyDream им се допаѓа ова.
  14. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Како ви оди со адаптација? Кога почна да се прилагодува и по колку седи? ние сме 8++,денес ни беше 3 ден. знам дека е индивидуално ама ја да си прашам :D
     
  15. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Кравјо даваат чисто или разредено во градинка? И дома како се дава за почеток, кој сооднос со вода?
     
  16. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    И ставив на раката од внатрешна страна прво да видам дали ќе има реакција, потоа и дадов со гриз/бисквити 50-50 и потоа чисто исто со гриз/бисквити.
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Многу подобро од очекуваното искрено. Од 2.9 почнав да ја носам па според кажаното втората недела веќе имавме промена на подобро и ни рекоа да ја оставаме по 3 часа, еве денес и 4. Прво плукала храна па почнав и јас да и оставам парченца и да пасирам и еве и тоа се подобри како што наведов погоре што јадела денес а и спие таму, денес сите вриштеа она си спиеше :D до третиот ден имаше некоја вознемиреност па се надевам дека и кај вас ќе биде ист случај па и подобро :hug:

    @Kikikikiri0405 таму како е ситуација? :)
     
    На Ouranio.toxo, DaisyDream и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  18. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Nie isto se naviknuvame , od petokot veke ne place i povesela e koga ja zimam samo sto nasata tetka ne dava poveke da sede i min i vaa nedela sne do 11i 15/20 , si jade ka ce ja bendisa palenta imale deneska samo probala i tolku:D tuku doma mi prae problem mi spie vo race kako ja ostavam odma place a sama se uspiva ama ko se budi po 777 pati vo nokta, dodeka ne ja krenm ne prekinuva. Posle 4ti skok ovaa separaciska ili sto i da e mi e najtezok period se nadevm brgu ke mine
     
  19. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Дома заспиваше ли сама? Ние ја оставаме по саат време еве 4ти ден. Кога ќе дојдеме дома одма заспива, а кога не одеше, потешко одеше со дневните дремки, па си викам дали ќе се научи да заспие таму…рано е, уште и е ново, но јас ја мислам.
     
  20. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се изморуваат таму од мн плачење и затоа ти се успива дома одма, и ние пред да тргниме беме со 2 3 дремки, веќе е 3та недела и се спие ама дури во 12 спие ко ке ја земам од градинка како некоја навика и стана. Мојава дома сама се успива ама таму дека ново се, тетките еднаш само ја успале (мн рано ми стана тогаш ) во раце и буквално цело време ја држат и само тоа ми коментираа ама еве веќе се научи на околината и сега си била умна. Муабетот ми е дека ги успиваат во раце на почеток ама и ги учат после само да се успиваат, поточно изморени се и затоа сами се успиваат :D
     
    На DaisyDream и Ouranio.toxo им се допаѓа ова.