1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Кога бевме на родителска ни рекоа дека адаптацијата тече градационо, кога гледаат дека детето веќе добро реагира на средината зголемуваат но дури и да не е тоа случај пак постепено да останува подолго освен во исклучителни случаи при голема вознемиреност свесни дека не можат родителите со месеци да го земаат по 2-3 часа а и така е реално. Дури и да не се навикнува нема да е во ред да оди цел месец 2-3 часа и одеднаш по 8... Јас би кажала дека нема да можеме уште долго да ја земаме набрзо па дали има простор да се забрза процесот... И се надевам дека ќе ви помине брзо и лесно сепарациска (fingers)

    @Ouranio.toxo Не, сама не заспива. Морам да лежам до неа, да ја галам или да цица. Мнооооогу ретко со нишкање да заспие, тоа е обично кога ќе биде будна повеќе од 3 часа па сака да спие а не сака да се успива. Кога ќе ја донесам дома веднаш и давам да цица и за момент беше успана и тоа дремка од час и половина па и два првите денови. Деновиве не.
    За утеха со спиењето, додека тргне заспиваше ретко пред 23 и тоа не се должеше на 'жешко беше па ја шетавме после 20h до 22h' едноставно што и да направев не сакаше да спие порано (пробав да ја будам рано наутро) а штом дојдеше тоа време одненадеж мирно ќе си заспие... Стануваше пред 10 наутро и бев загрижена како ќе биде ама од првиот ден кога ја разбудив во 7 до денес заспива околу 21h и станува 6:40 до 7 - тој период. Дневно отприлика исто време спиеше, една подолга и сега е така само термините ги помести. 3 дремки има.

    Те разбирам како ти е но не се грижи, вистина се навикнуваат побрзо од што ние мислиме. Јас плачев и плачев дали ќе јаде, дали ќе спие, па раче да не згмечи, да не се задави ама еве добро си е сѐ. Ќе спие и ќе јаде и ќе се навикне. Ниедно не останало жедно, гладно, исцрпено.
     
    На DaisyDream, Ouranio.toxo и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  2. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    А после спие пак или не? Еве вчера само една дремка имаше од 2ипол саати и после во 19ч. ја легнав за ноќно спиење, провав јас да има и втора дремка ама не сакаше.
     
  3. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Да спие, ама кај нас е пократко затоа спие 2 пати, во 12 спие околу 1ипол, и писле во 4 пак околу пола саат ептен ако има некој у близина ке поспие до саат и во 8 е купче :D

    Мислам дека пошто и била долга дремката затоа не сакала да спие и дошло таман :)
     
    На DaisyDream и Ouranio.toxo им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Дајте совет како да се одвикнеме од нишкање…. Заспивањето не ми е проблем ама во текот на цела ноќ се буди на секој саат макс 2 да се презаспие со нишкање/цицање. 8 кила е раце ми паднаа ,врат ми е укочен посебно деновиве како сум сама по цели ноќи, не можам да ја додржам мислам ќе паднеме двете беља ќе направам….Денското спиење го тераме лесно две дремки по саат ипол ,ако се пократки тераме и 3, 8месеци е.
    Подобра беше новороденче со спиењето ова сега е лудило,горниве заби не пореметија.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj ima iskustvo so bebe sto vristi koga se kapi? Do pred mesec dena toa ne bese problem, uzivase, sega otkako pocna da vadi zapce voda ni da pipne, toa e vrisok, zacenuvanje...
    Probavme sekakvi nacini da go kapime, no stom dojde vo dopir so voda pocnuva vrisok...
    Soveti?
    Bebus 8 i pol meseci
     
  6. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Lele istoo i meseci i se, mn sakase da se banja, pa duri sednata legnata jok vriste ,posledniov pat i sednata vristese se pridavam na zabi i separaciska pa nezz
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  7. @Ledi@

    @Ledi@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Za zal daI kaj prvoto dete a sega i so vtotmrovo isto nekogas znae da se isfrli a probani i vovedeni namirnici.Sepak ima nekoj konzervans sto im smeta,taka ni vikaa za prvoto.Cerka mi pogolemata bese indikator za prskano ovosje,zelencuk i konzervansi poveke u hrana dali domasno ili kupecka hrana.
    Ke ostavete nekoj period pa pak ke probate ako sakate da go davate toj produkt.
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  8. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Isto, isto.. se nadevam detevo ke se vrati vo normala, sekoe kapenje stres... :(
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    На мрежа ако го бањате, ставете тетра намокрете ја и завиткајте го бебето. Полевајте одозгора и постепено тргајте ја тетрата. Нас тоа не спаси.
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Дали само моево прави вакви глупости? 8ипол месеци е, почна кога зема воздух да го зима гласно, мислевме не може да земе а после почна тата дада да ги вика навнатре со воздух место кога издишува. Не знам дали ме сфати некој и дали има друг ваков случај :^)
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Звучи како да се задавува, исто прави само не секогаш кажува по нешто.


    Дали може некоја мајка да сподели за бебе на оваа возраст што оди во градинка и руча таму како планира оброци? Кога ќе почнам со работа јас би ја земала околу 16 па додека руча веќе би било накај 17. 19 е многу набрзо од тоа за да вечера а заспива во 21. Совет?
     
  12. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Не се задавува туку звучи ко Стридор, како да снемува воздух при вдишување. Најчесто го прави кога ќе се возбуди и кога го зема маж ми. Е еве го цел ден сега кога си збори нешто (по нас 2ца) го кажува така наназад со воздухот. А надвор, пред други,сам кога си игра нормално дише и си гуга
     
  13. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Како да се задавува од снемување воздух со гласно вдишување не знам како да објаснам, неколку пати деновиве така направи додека си играше. Не знам на што се должи ама и не знам како да го изгуглам
     
  14. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Барај го како stridor laringomalacya чисто да видиш на видео дали така прави. Моево од мало правеше од време на време, но педијатрите рекоа дека стридор е цело време такво дишење, па престана. И еве го сега пак прави ама деновиве баш на гугање го прави тоа, а кога спие фала богу дише мирно нормално
     
  15. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Исто. Изгледа им е интересно бидејќи кога јас ќе го изимитирам уште повеќе зема сила :D:D
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е.
    Се надевам ќе престане да прави вака зошто од памет се вадам. И исто на спиење си е мирно и дење и ноќе
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Нас ни е 6ти ден денес, уште седи по 2ч. Мислам дека таму ручек им е околу 12. Јас пред да почне да оди почнав од сабајле накај 8 да и давам доручек, после ручек накај 11:30-12 од прилика, зависи колку ќе спие, накај 3 млеко и после попладне вечера и пред спиење пак млеко. Педијатарот рече може и една ужинка ама така мислам нема да ми го изеде ручекот. Иначе си легнува околу 7ипол од прилика, попладне не сака да дремне.
     
    На Thor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Мајки најголем поздрав, јас се префрлам во оваа група сега. Ме интересираат неколку рандом работи.

    1. Кога почнувате да ги поткачувате на количка при седење? Ние сме сѐ уште на 45 степени. Дали да му ставам играчки напред за да почнува да ги фаќа и да седнува? Моментално сме при вртење од една на друга страна цело време (завршува 5ти скок), не сме огромни љубители на тами тајм, но цело време го ставам и добро се справува. Општо вака нема никаков проблем со држење на главче инаку. Ортопедот ни рече ние да не го седнуваме (ова кога менувавме корпа со количка, на вториот орт. преглед). Дали треба дополнителни вежби?

    2. Кои играчки се препорачани за ова време?

    3. Заладува, сега како ги шетате обично? Во смисла на облека, јакна, капа се разбира меѓутоа дали се става нешто и на количката? Имам Џои количка. Исто ме интересира и за транспортерот.

    Секој совет за 6+ е добредојден
     
  19. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Еве да се надоврзам, сега го сликав распоредот, претпоставувам за сите е ист
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6415.jpeg
      IMG_6415.jpeg
      Големина на фајлот:
      233,3 KB
      Прегледи:
      25
  20. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Подобро ли е?
    Супер си била до пред градинка е сега дека рано легнува нема време и за ручек и вечера. Ќе и даваш ли ручек дома кога ќе останува по цел ден? Многу се двоумам, ако не и дадам колку ќе внесе месо во градинка, сакам да јаде калорично зошто е 7кг а од друга страна па ручек - вечера во рок од едвај 3 часа... Никако не ми одговара ама за една недела сме секако на систематски преглед па ќе прашам што е паметно во случајов. Инаку распоредот е ист во градов само што дежурна негувателка има најдоцна до 17h