И мојата правеше, сега престана изгледа не и е интересно. Дури и кога и пеев за да заспие така мрдаше со главата. Мислев дека не сака да и пеам, после дека си се самозаштита и на крај сватив дека си се забавува
Ние сме 4 полни почнавме веќе 5ти месец... пишувам тука бидеќи веќе сте го поминале 4от скок па сакам да слушнам искуства.... Се океу си спие нема нешто голем проблем wow да речам освен некој ден знае да биде малку покенкав па враце сака повеќе... Но пвие 3 4 дена послабо ми пие млеко ...дали е можно да е од скокот? Т.с пие 90 фо 120 мл макс нормално повеќе не сака од тоа... е овие деново има нркој пат си го испие цело но повеќе пати ми прај испор 30 40 и почне да плаче да се нервира...и не сака никако...се надевам дека е до скокот...
Се мрднав 3 4 дена ...дај боже да е со скокпт и ппбрзо да заврше и јас мислам дека е од тоа оти оваа недела како нагло почна повеќе раб да прај
Скокот трае 1 месец но нема да е цел месец така. Ќе има добри па лоши денови. Ништо страшно ќе си надокнадува евентуално на следни подои. Некои бебиња јадат повеќе други помалце во скок. Гушкање играње љубов и ќе помине
Имав пишано ми се чини ама ќе прашам пак. Следна недела почнувам со обуки и ќе траат по 3ч. Во меѓувреме малиов ќе ми го чуваат тој период. Млеко не можам да измолзам за оброк. Па што да пие додека да дојдам а да не е АД
До скокот е. Ние минавме низ истото, само што помина 4ти скок си се вративме во нормала. Исто од 90 до 120 мл, едвај пиеше по 30, 40. Мислев дека е до моето млеко дадов и Ад истото го правеше. Така да не грижи се само трпение
Здраво мајки. Си напрајв сама проблем не знам кој ѓаол ме натера. По наговарање на свекрвами на малово му дадов кравско млеко. Не знам како се убедив пишман сум колку шо можи и не можи. Од средата му дадов инаку на втори сега прај 7месеци. Се мачи никако не можи да се покака. Плачи се тутка напнува ми е страв од толку напнување да не си напрај дополнителен проблем. Си пијаше инаку бејбилов и си немаше мака. Сега не знам шо да прам дали да го вратам на ад или не? Ми е страв уште толку да не му напрам проблем. Ум немам во глава. Уште па ме убедуваат дека морало да поминат бар 2 недели за да се навикни на кравсково. Знам дека не требаше ама ете згрешив. Совет ваш ве молам
Чепче ќе му ставиш, пробиотик и под итно враќање на ад. Какво навикнување на кравјо млеко, ќе си пие ад до година.
На бебе под една година, па и понатаму не се дава кравјо млеко да пие. Може јогурт или други млечни како путер, несолен кашкавал кога ќе му дојде ред да проба, ама млеко врати му формула и кажи и на свекрвата да си брка работа, оти доктори ти рекле така. Аман значи.
Мајки дали е ова корисно и безбедно? Секогаш кога патуваме јас го држам бебе наназад за да не му виси главче напред за да си дише убаво додека спие па не знам дали да земам вакво, дали е безбедно да се користи ваков фиксатор за главче?
И јас го гледав ова и се мислев и се предомислив Мислам дека ќе и ја запали главата, она и онака се поти бааги од косата
Му кладов и пак не го протера. Ќе му земам ад. Фала многу на советот. Фала ти. Поголема грешка во животов ми се чини немам напраено. Фала ти.
Ќерка ми е 20+ месеци и си пие Ад. Пред вечерно спиење сега само ама си е Ад. Не дозволив ни свекрва, ни золва, ни никој да ми се меша. На крај краеви од сопствен џеб си купувам и толку. Кога ќе реши дека не сака повеќе ќе го прекинеме скроз.
Не ми е за парите, искрено кравското ми иди поскапо дури. Ама како успеав толку да се излажам не знам. Оваа мојава успеа и мм да го убеди, се запна и тој.
Ми иде да се убијам од што слушам други. Полни 6 месеци, матичната ни рече да не му го отвараме курето, по новите препораки демек не требало. Гледаме сега со мм подзатворено не се отвара воопшто. Дали некоја се нашла во ваква ситуација? без судење ве молам, доволно ми е тешко
Ние сеуште му го немаме отворено.. матичната ми рече после 3 месеци. Баш наредна недела ќе ја прашам на преглед. Таа на вакцина во петокот ми вика има рагада не му го влечете насилно кожичето. И викам го немам пипнато, не знам од кај е таа рагата.
Ние му го чистиме редовно се ок и гледаме денес подзатворено… косата ми се крена. Не знам веќе кој да слушам.