1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    7.714
    Пол:
    Женски
    Не се јади, да видиш ти јас што солзи изнаплакав за ова. 3 педијатри викаа не фаќај, матичната последно на 4м му го скина кожичето нагло и ми рече ти дома НЕ ФАЌАШ!! Следен месец вика оо ова се залепило скроз ако се воспали вцрвени ако не мочка правилно ќе треба на хирургија да сецнат јас се дамлосав плачки трауми зарем згрешив што не отварав?! После во Систина на контрола (при тоа 2ца педијатри баш од Систина рекоа не не отварај) таа вика лелее па собира таму нечисто ајде полека му го отвараше па ајде маст да не се инфицира и рече секој ден од сега ќе отварате. Ова на 8месеци. Мм отвара нежно до каде оди само да се види, никако до крај.

    Сума сумарум, се убив од читање потоа и секаде велат да се подотвара до каде оди природно никако насилно да излезе целото!
     
    На DaisyDream, Evangeliaa22 и marrisa им се допаѓа ова.
  2. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебе? Да оставаш кашичка да му дадат?!
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Мајки на 6 месеци какво ви е ноќното спиење? И преку ден како спијат на колку време колку дремки? Моето остана со 4 дремки по 40 мин на два саати ама нешто многу ноќе се буди и многу цица. 6 и пол месеци е не знам дали да продолжам на 2 и пол саати , само пред спиење е толку буден и едвај издржува. Дури и за ноќно станува некогаш за 40нмин па заспива цицајќи. Вчера го изморив на подлога пија чај за добра ноќ цицаше беше буден 2 и пол саати и спиење два саати стана го занишкав заспа па за сат стана и цицаше. Некои викат треба да ја спијат цела вечер не да станува на два саату. Или регресија е ова илк треба да сњ намали дремки или нешто
     
  4. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    8м. Ке му стигне каша дур ме нема?
     
  5. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Да ми кажете дали сте се соочиле со алергија на јајце т.е жолчка?
    Му дадов вчера малку и до вечерта имаше околу устата и низ телото точкички црвени на стомакот и градите и вратот поготово
    Денес му дадов пак, можно е да е од тоа?
     
  6. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    На колку време цица/ јаде каша?
    Пред да одиш да цица, после 2 саати да му дадат каша, таман да го додржи дур се вратиш.
     
  7. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Цица или пред да легне или кога ќњ стане. Каша не гледам на саат ама од прилика 1.5ч после цицање
     
    На Bannana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.573
    Пол:
    Женски
    На таа возраст веќе можат да понудат и Лино смоки, овошно шмукалче и сл. ако мислат дека е гладно и покрај кашата
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Majki od Skopje kako gi oblekuvate za spienje vasite bebinja? 7++ e i vo stan sme, klima ne pustam a okolu 25 stepeni e. Mozno e noke da e okoli 22 ne sum sigurna.
     
  10. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    335
    Супер што праша, за жал не е безбедно. Може да биде опасно во случај на несреќа не дај боже. Ако му паѓа главчето на бебето најверојатно не е наместено добро во седиштето. Убаво го врзуваш со стегнати појаси? Провери да не има додатоци што треба да се стават или извадат за да лежи убаво внатре
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.550
    Искуство со педијатар јадранка пд ремедика ? Како сте задоволни
     
  12. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.550
    Јас со првото почнав некаде 8 9 мес и за некоја недела му се отвори сктоз без проб.. така планирам и сега
     
  13. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Мајки, кога почнаа честите ноќни будења за да проверат дали сте тука и кога завршија? 6 месеци сме, станува ноќе максимум на 1,5 час. Од вториот месец се научи да спие по 12 саати со 2, 3 станувања, не можам да издржам сега, се чувствувам изморена како првите 40 дена. Спиење во креветче стана научна фантастика, сака само со мене (а досега само во креветче беше). Станува и со енергија, едвај ја презаспивам. Си мислам дека можеби има енергија дека почнав да давам житни култури во кашичките, од скробот. За честото будење си велам да не е и од глад, бидејќи почнавме со кашички од 4++ месеци и уште немаме воведено втор оброк само ги збогатив со палента или просо.. Матичната и д-р на вакцина ме советуваа да давам и ручек зеленчукова каша со малку сирење и од ноќните каши ама уште не сум почнала. Помош ве молам!
     
  14. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Моево е само по шпикозни со ништо одоздола и покриен беше ноќеска од половина надолу со она мекано термо ќебенце. Склетџија е.
    И кај нас е топло. Преку ден знае до 27 да стигне и во кратки го облакам.
     
  15. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    7.714
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, на нет ми излегуваат видеа за учење на бебе како да се симне безбедно од кревет. Гледам од 8+ месеци викаат ама не ми е јасно како кога моево сеуште не застанува само на нозе стабилно? Лази војнички, се крева на 4 ама не седнува од таа положба туку некако странично се тегне и се влече по нас за да застане на колена па нозе ама сеуште не стои. Неделава прави 9месеци дали смеам да го учам? Не сфаќа и оди директно со глава за да де фрли на земја ептен ми е страв вчера на мм ќе му се џитнеше среќа го фати во воздух
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.928
    Допаѓања:
    12.334
    Пол:
    Женски
    Јас ја научив откако почна да стои. Додека само лази не сум ни пробала. Тогаш само на земја да си седи, по кревети оставање никако. Кога веќе стоеше, знаеше и сама да се качи на кревет па затоа мораше да научи и како да се симне.
     
    На Fenix05 и Bannana им се допаѓа ова.
  17. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.568
    Пол:
    Женски
    Ние се соочуваме со протест со глад. Што се случува не знам, вади горни кецови дали може да е до тоа ? Дете си беше супер разјадено, сега уста не отвара. Само да цица и ништо друго. Од 3 оброка дневно се симнавме на две лажички дневно.
    Ќе се врати ли ова во нормала што да правам?
     
  18. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.568
    Пол:
    Женски
    Јас собирав млеко од неколку дена и замрзнував. За една недела извадив околу 300мл . Плус еден оброк и 5-6 саати си раат
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.645
    Пол:
    Женски
    Би почекала прво да може да стои со поддршка. Дотогаш ќе го пазите многу.
    Јас на 9 месеци почнав да го учам, ама тогаш веќе стабилно стоеше на нозе.
     
    На Fenix05 и Bannana им се допаѓа ова.
  20. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.573
    Пол:
    Женски
    Моето прво стоеше па потоа го учев како да се симнува од кревет. Брзо научи, но стресно ми беше претходно додека да научи секунда не смееш да го оставиш сам на кревет..
     
    На Fenix05 и KikiKviki им се допаѓа ова.