Мајка ми има 3 внучиња, свекрва ми 4. Не дека не чувале и повеќе наеднаш, ама нормално дека ќе ме одбијат ако треба да заспие пример 8месечно бебе и дете од година ипол заедно. За преку ден чување не било проблем, и кучето плус ми го чувала. Свекрва ми само големите ги чува заедно, малите исклучиво едно по едно. Муабетот на членката беше дека и го чуваат, ама плус и гости чекаат што значи дека бабата не може баш да биде посветена на бебето, и дека отпосле и се спомнува чувањето. Јас пре би да ме одбие бабата отколку да ми рече важи, а отпосле ни ред да запази и детето штафета да ми се подава по гости. Сега скоро требаше да одиме на мекици со маж ми. Мајка ми требаше да ги чува двете деца. Она касни, јас и се јавувам до кај е, ми вика еве брат ми и снаа ми ќе дошле да поседат со децата, она ќе дошла за уште еден саат. Имаше работа, не и замерувам што се задржала, ама и те како и замерив што ми договара други луѓе да ми го заспијат детето. Јас нејзе ја прашав, не брат и снаа, па уште и без да се консултира со мене. Се јавив на снаата да не доаѓаат, маж ми го пратив сам, јас останав дома. Едноставно ако не ми одговара, јас сум таа што нема да искочи. Не можам да очекувам мајка ми да остави работа што имала, зимница си правеше, за да јас одам во кафана. Ама и нема да дозволам некој што досега не го чувал бебето да го заспива во ден кога беше кенкав, вадеше заби. Големата седела со нив, блиска сум со снаата, не беше проблем кој ќе ги чува, туку јас лично не бев прашана и тоа не ми одговараше. Очекував дека ќе им плаче малиот, нема да заспие на време, а мене распоредот и рутината ми се свети. Подобро ќе скратам искачање, отколку ноќеска да ми стане 10 пати со плачење.
Нз дали сум право ама ја секогап викам колку чуваат толку ќе чувам .. колку помагаат толку и ја ...не им е должнпст да ама може да чуваат и помагаат ако сакаат... другото е се драма... еве ние смр во иста куќа и помош ич..нула...секј своите обврски.. кафина.. комшиии...спиењр и така... коа ке дојде ред ја да треба да помагам тогаш што правиме?
И јас имам среќа со моите. Го чуваат ко нивно да е, толку го научија за сѐ… и секогаш сме си отворени, може да чуваме/ не можеме. „Одете прошетајте ние ќе го земеме” и сл. Свеки тук таму ќе праша за него, а свеко се нема јавено воопшто ))))))))
a dobro oni koi imaat bliznaci Neli vo isto vreme se uspivaat budat i slicno Kako funkcioniraat? Jas obicno zaspano dete ostavam, retko koj go uspiva. Oni samo si sedat pokraj krevetce ili go gledaat na kamera.
Здраво, дали давате пилешки стек од замрзнатите на бебиња 11+ месеци, и доколку давате од кој стек? Досега давав пилешко домашно, но веќе не можам да најдам.
Мајки ве молам за совет, ви паѓале ли децата на глава? Моето детенце е 1 годинка, сеуште не оди, ама постојано се пушта по неколку чекори и паѓа. Пред 4 часа се сопна од играчка и падна на главата, многу силно тресна. На изгуби свест ама се зајде неколку секунди само преташе а глас не пушта. За кратко се смири и си продолжи да си игра најнормално. Има само мала модринка на чело. Заспа пред 1 час. Јас сум преплашена, седам цело време до креветче и го набљудувам. Изгуглав за потреси на мозок и уште повеќе се вознемирив. Ве молам некој ако имал искуство да сподели, дали треба да го носиме на лекар. Ептен бевме радосни, утре славиме роденден сега радоста се претвори во вознемиреност. Не изгледа како да му е нешто ама прочитам дека симптоми може да се појават и после неколку часа. Се плашам многу.
Јас не можев да најдам домашно и воопшто не сум давала. Моето е 12 месеци и до сега само телешко давам.
Не знам шо би те советувала освен да го следиш следниве 48 часа, дали е поспан, дали си јаде нормално и дали повраќа… ако има нешто, пдма на ургентно, што реално не ми се верува…
Првото падна еднаш од кревет на плочки како бебе. На тил баш, со повраќање после. Немаше нешто страшно после тоа, ама во моментот живот ми скрати. После кога проодуваше не знаеше да падне на газ, исклучиво здрвена паѓаше како дрво пресечено. Ќе тресне и се смее. Второто не знам веќе колку пати падна. Сега пред една недела се исправи на нозе, па ич не е стабилен, 10 пати дневно паѓа. Не дирекно на глава, ама не става раце да се задржи, како и да падне на крај во глава се удира. Неделава бевме на ортопед и му кажував, он ми рече не се секирај, од стоење како и да падне не може ништо да му биде освен ако не удри на ќош од маса пример. Само на земја, макар и да не е на тепих, да е на паркет, ништо не му е. Плаче многу, знае и да зајде, ама го гледам ни џумка има, ни некој белег, да не го гледам нема ни да знам дека паднал. Следи го 48ч, ама најверојарно не му е ништо, само се исплашил во моментот.
Едно е родител на близнаци, друго е баба или било која роднина што инцидентно причувува бебе. Јас еве имам бебе, па не би земала уште едно да чувам паралелно ако не морам. Сум го земала внукот на гости, иста возраст со ќерката, и бебето. Технички 3 деца чувам, ама големиве две не се споредуваат со бебето. Тие двахца од соба не излегоа со играње, само ручек што им дадов. Бебе си бара внимание.
Не. Тоа будење е ако изгубило свест, или повраќало. Кога повраќаше ќерката после падот, ја држев будна 2-3 часа, бевме на доктор, ни рече добра е, и после си дремна нормално како и секој ден. Малиов имаше еден поголем удар на челото, одма бев кај педијатарот дека преку улица ми е, вака добар беше, ама после пола саат секако му беше време за дремка. И после тоа плачење уште попоспан беше. Си дремна еден саат, и пак нормално функционираше. Зависи колкаво е детето, ама ако има 2-3 дремки на ден, или ако се удри навечер пред спиење, реално не ни можеш да го додржиш будно.
Ние пиеме еднаш ама сабајле накај 5...и когавстане вп 7..7 :30..8 најкасно он млеко не сака веднаш. Дури по 1 саат и тогаш дури не пие мн... после 2 сата од будењр е прва дремка која трае околу пола сат...нз како е најдобро сеуште сме на вкусови и пд 5 6 лажкчки повеќе не сака. ... и тир се со стегната уста како да нд му ср јаде...нз како р подобро дали да понуфам млеко да спие ша коа стане д аму р доручок... или па да го чекам еден сат од будеење па доручек па колку изеде толку
Мојот не сака млеко одма кога ќе стане. Иако ете сите викаат најдобро е прво млеко но тој не сака па давам доручек.
Мајки од Скопје, денски за излегување како ги облекувате бебињата? Боди со кратки па блузе па јакна потенка клавам. Дали е ок или треба бодито со долги?
И он е истиот затоа. И пишав тука ..5 месеци сме тррба ем повеќе да пие.. коа стане по 1 сат му давам млеко и пак едвај 60 испие.. па посче дррмката е веќе друго.. ..а кога дадам вкус кашичка.моментално 5 6 лажички и после некор време му понудам млеко 30 40 испие...не можам во колосек да влезам
Боди по прерамки, тенка блузичка и тенка јакна. Некогаш знам блузон да облечам наместо блуза, тогаш облекувам елече. Ако е топло, само по блузон го оставам и го соблекувам елечето.
Ставај ја/го често на подлога со играчки да се одвикнува од раце и пеј му/и песнички да седи подолго на земја