Devojki sakam da ve prasam Koga se setame po molovi parkovi kafici prodavnici Moeto dete e mn seriozno Ne im se smee na prodavackite a so drugi luge koga sme na gosti ili doma ni se smeska Ne e neznam ti kakov smesko no komunicira sepak.
И јас се прашувам исто како вас, викам кога ќе почнат да не се будат… мислам дека не е до јадењето и педојатар ми има кажано дека веќе треба да ја преспива ноќта, ама пак се буди за млеко. Ноќеска испи 200мл и сакаше уште, јас се чудам, зашто само еднаш до сега ми има испиено повеќе од 200мл, а пиеше млеко после градинка во 15ч. па во 16:30 јадеше и во 7 млеко за спиење. Исто имам приметено дека има период се буди пример во 2, па период спие повеќе, се буди во 3/4. Не сте сами
Првото дете ми е скоро 6 год и уште не се смее надвор на луѓе. Второто не прекинало да се смее од кога почна да разбира малку од малку. Такво си е детето, нема потреба да се замараш.
Едно прашање девојки можеби имате искуство. Малата има 12 месеци. Константо го трие носето и претходно го триела како помала ама ајде еве можеби се заби можеби и се спие и поминало така. Вчера вечер толку екстремно се триеше се ја нервираше и неможе никако да се успие, исто така и утринава и навечер се буди со истото со триење. Се сомневам да не е некоја алергија на нешто. На лекар ќе ја носам а нема никакви други симптоми. Некој со слична ситуација?
Мрсулчиња да не има да повлечеш со носко? Мојот така праи кога му се спие или кога има мрсули и откако ќе се протрие знае да му подѕирне некое. Нека кажат и другите мајки
Првата 2 часа или саат и пол , втората барем еден саат. На таа возраст подолги дремки ако веќе се намалуваат.
Моево е скоро 14 месеци и уште станува за млеко по два- три пати. Не верувам дека во скоро време нешто ќе се смени. Дали е јаден или не, скоро секоја вечер во исто време си бара млеко. Инаку јас уште му давам аптамил 1, затоа што имам читано а и педијатарот сам ми кажа дека пре млекото и 1от е најслично на мајчиното млеко и подобро е сварливо за разлика од 2ка и 3ка.
Фала ти. Пробав и тоа, и ете завршивме со лоратадин и брисови правевме. Да се види дали е бактерија или алергено. Најверојатно алергено бидејќи и капаците на очињата и се како натечени. Ќе видиме натаму.
Имам прашање околу дремките. Како главна рутина ни е заспивање во периодот од 20:15/ 20:30, во сон му даваме млеко накај 23:00/30 и така спие цела вечер. Сабајле првото будење и прво млеко варира од 6/7/7:30, поретко 8. Од тука натаму оброците му се на 3 часа. Сѐ уште немаме јасно одредени дремки, некогаш се три, некогаш 4, некогаш две (најретко). Јас навистина одам по него и само по него се ориентирам. Дали сметате дека треба да воведеме строг ред за дремки? Значи немаме никаков проблем со сон навечер. Зборуваме за 8+ бебе. Едит: Инаку имаме три оброци. Млеко, доручек, млеко, ручек, вечера, млеко
Додека спие навечер добро, во ред е и да преспива повеќе пати преку ден ако му се кратки дремките и дете има потреба за повеќе сон. Ако ти преспива два или три пати по два часа дремка и вечерното заспивање ќе биде подоцна и потешко.
Мене ми рекоа тој период веќе од 3 дремки да намалиме на 2, и самиот си се одвикна. Спие по 2 пати на ден сега по саат време, се на се 2-2,5 саати преку ден. Може ок е и да се 3 дремки се додека не се повеќе од 3 саати севкупно. Јас се водам по него, сам почна само два пати да спие и така правиме, штом спие цела ноќ немате гајле
Многу е се индивидуално и треба да си терате според вас доколку тоа ви фунционира. Чим спие навечер не гледам проблем, не се децава по книга и не си задавај строги норми туку терајте по ваше. Бебињата менуваат цело време па ќе има периоди и кога моменталната рутина ќе се смени.
Мајки на 10-11 месечни човечиња, како сте со спиење? Мојов е 10+++. Уназад недела дена, ме пукна значи, не спие, а му се спие. Плаче кенка со замижани очи и пак не заспива. Во 8 заспиваше, сега 11 не фаќа додека се предаде. И многу е нервозен и нерасположен. Знам дека менуваат, ама не се трпи сирот сам себе. Кубе коси, корне уши. Никна 8мото запче по ред, и тоа гратис го измачи, мислам секоја вечер има 37.1 од тоа. А, и ноќе се буди 367 пати. Со денските дремки добар е. Полудечу. @Spidy друже, откако ќе се појави работ на забот, кога престануваат со нервозиве и гризење нервозно на што стигнат? Дури ме мава со играчки од мака, се живо фрла и треска од земја. Си викам ваљда нема ваков табиет да е
Целиот раб кога ќе избие. Со првото дете само лиги и мрсули видов од најава за заби. Сеа второво прв заб извади ден пред 7мес, еве утре ќе прави 9мес, и секој ден нешто ново го нервира. Долните единици излегоа брзо, нервозен беше ама пројде за една недела. Горните некако потешко. Пред да никнат баш се удри баш тука на забите и мислам затоа се одолговлечи малку работата. Црвено, потечено, забите над коска, ама си стои гингива над нив. И ајде пукна едвај, појави ќоше, си реков ете бидна. Не бе, уште 2 недели беше лут. Е сега веќе има 2мм на двете горни единици, само лигавењето остана. Ама ги гледам двојките потекуваат. Ајде пак од почеток... и раце од уста нема извадено, освен ако цуцла нема ставено. За спиењето дај парацетамол, пола доза, дури и 4тина можеш. Чисто да се смири. Не секој ден, ама ако по 3 саата не може да заспие, сигурно многу го мачи. Да земе здив, да отспие еден ден, ќе помогне.
Исто и мојов, цуцлата или некоја играчка постојано му е во уста. Мислам со ништо не си игра, само ги лапа играчките Фала Спиди. Парацетамол до сега два пати дадов по пола доза и одма заспа. Гледам поретко да е тоа, ептен ако е зорт.
И не е убаво редовно да даваш, ама еве и ние ако се мачиме со главоболка пример пиеме аналгетик. Јас еве во 2 месеца дадов еднаш, и тоа како го погодив денот, забот изби следниот ден откако му дадов. Ова општо за сите да знаат, не може секоја вечер да се дава со денови и недели, ама ако зареди бебето повеќе ноќи да се буди со плачење а гледаме дека заби кај и да е ќе никнат, подобро е еднаш да се даде пола доза, да одмори малку и бебе и ние, па со нови сили да се издржи следните денови. И слаба болка да е, кога клука со денови нормално дека станува неподносливо.
Мајки каков ви е редот со дремки и храна на бебиња 8 месеци? Откако зголеми на 3 саати будност немаме никаков ред.. Станува 7 негде кај 9 доручкува аама слабо, прва дремка кај 10 негде пола саат 40 мин нз зошто не спие повеќе , следна кај 2 негде и станува 3 3 и пол. Како да му ја продолжам првата дремка, пробав да го презаспијам се буни.. Легнува кај 7 8 после 3 и пол 4 саати од 2рата дремка.. Кога да дадам ручек и вечера и на кое растојание после цицање давате каша?
Јас имам проблем. Бебе е 7+. Доручек има во 10 и ручек во 14ч. Си јаде убаво, ама проблемот е во тоа што секое заспивање ни е на цице. Џабе јадела каша кога после пола саат ако ја фати дремка она цица и заспива. Без цице реееетко да заспие. Не сака шише не сака цуцла. Немаме никаков ред со цицањето. Зависна е од мене цело време. Ако ја оставам на повеќе саати ќе си јаде каша ама во раце ја успиваат и ја држат за да спие оти ако ја остават на кревет одма ќе се разбуди Не сакам никого да малтретирам ама ќе тргнам на работа, она во градинка и не знам како ќе правиме Ве молам за совет како да ја одвикнам од такво заспивање.
Ве молам за совет како се дозира далеронот, бебе е 9+ немам ниеднаш давано ама хронично ненаспана сум неделава цела и утре сум на работа. Прво му избија долните единици од 6 ипол до кај 7 и нешто месеци така нешто, па горните пред две недели, сега сме 9+ и гледам тројките горе особено левата е набабрено некако ама стварно не знам дали е до тоа. Нема уште забче да ѕирка, не се ни осеќа ама не знам ни како растат по ред забиве за да проверам..