1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Нема врска ако цица. И мојата цицаше кога тргна, па си продужи да цица попладне и навечер.
     
    На sani99 и Bellaa1234 им се допаѓа ова.
  2. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    126
    Дали и дававте млеко плус ? И јас треба на работа да почнам бебе ќе има 9 месеци(баба ќе го чува). Незнам дали адаптирано да дадам. Уште цица и кашички си јаде .
     
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Не сакаше адаптирано да пие.
    После година ппчна кравјо да пие, адаптирано никогаш не прифати.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам ми треба памет, совет. Што и да е веќе не знам што е со бебево. Беше болен така потешко и после тоа е ужасен за сè фејка дека плаче, поврзан беше со мене ама сега е 3000 пати полошо. Се тегне одма почнува да плаче да го земам, да сум до него. Јас сум построга гледам балансирам му објаснувам дека нема зошто да плаче тука сум не го оставам ќе си играме нема зошто во раце да е и сл. Колку сфаќа не знам 11+ месеци е.
    НО после настинката вришти ги тепа баба му и дедо му што го чуваат бре. Дали сфати дека јас си одам на 8ч па тие ме заменуваат и има огромен револт кон нив. Ако сум јас дома или мм (он е дома па доаѓа излегува му се појавува и губи од видик цел ден и бебе тогаш се револтира уште толку плаче по него) само кај нас сака да седи во раце. Не сака да го допираат ич. Се фрустрирам се лутат луѓево може и со право, разгален бил ..а не сум го разгалувала не знам толку се трудам околу него. Мислам мм е поголем проблем тој одма го крева зима да не плачел дека кашла уште многу одма им го зима од раце. На раб сум да го запишам градинка. Ама таму што ако го прави истово??? Или мм е проблемот не знам. Му викам остај и нека падне нека се удри, не го земај одма на сè па најлошо од раце да им го грабаш гледа тоа бебе впива одма полошо се прави. Мислите ли ќе се смени во градинка? Сакам и со дечиња од година ипол а и вака само се нервирам. Тој сам со нив седи ама не се смеел не играл ништо само си седел тажен емотивно бебенце е а не сакам па да го пратам и таму да седи сам цело време. Дали е сепарациската не знам не знам каде згрешив се осеќам јас дека не чинам што е таков. По докториве како одиме сега болен абе уште не влезен зајдува плаче цел преглед. А ако не го земат од далеку кога му зборат сите се смее гуга. Кога си одат гости од дома е многу среќен и мафта (facepalm) може едноставно не сака луѓе дома :rofl: ама дали сум само јас со вакво бебе?
     
    На BoNaNa123 и Nataliii им се допаѓа ова.
  5. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    Мајка само да те гушнам и да ти кажам дека не си само ти со вакво бебе. Не знам дали е генерациски или што е ама и мојава покажува револт, тепа, а не знам зошто кога постојано сум со неа 24/7. Еве прееска се спремаме да излегуваме она се облечена и го носам палтото и одам и јас да се спремам, она зајдува од плачење. Стварно не знам што е со бебево, од мирна наеднаш револт покажува и не знам веќе што да направам. Од далеку на сите им се смее и ги чепка ама да ја земат недај Боже. Ни со спиење да се оправиме, ни со јадење и искрено мислам само мојава е ваква. ;(
     
    На BoNaNa123 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Офф не знам еве јас веќе 2месеци сум на работа сигурно претешко му паѓа и тоа и затоа се поврзува со татко му па кога и тој ќе го остави драми ама па луѓево веќе 3 месеци ги гледа сееекој ден дури и викенди гледаме 1 2 ч да поседат да не ги заборава.
    13ти ден не може да дојде на себе од настинката, еве носот затнат скроз правиме инхалација вадам со носко - ништо! А легнува со цуцла и слушам хрк грк кога дише му мрда нешто горе меѓу нос и грло. Заби не се ..
     
    На Nataliii и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  7. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    3.495
    Пол:
    Женски
    7+ сме. Бебе има 2 запчиња, дали да почнеме да миеме заби и со каква паста и четка?
     
  8. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 Да се придружам и јас со моево во клубот. Од бебе бајче се претвори буквално во мало ѓаволче. Бунтување буквално за се, па ако му кажам не не таму, или не дај боже земам нешто се наведнува ја треска главата од земја и плаче до зајдување. Значи ако уште сега почна со вакви испади не знам каде ни е крајот. И ние поминавме вирус претходната недела, еве последица ни е исто кашлање, крчи со носот вадам нема ништо. Ни се поремети од тогаш и исхраната не сака да јаде еве денеска да не го подречам јадеше малку подобро. Но како беше болен уште повеќе се разлигави, иако и јас гледам да сум построга да не попуштам, но моево јарче е посилно од мене :sweat:
     
    На Nataliii, Fenix05 и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Леле ова јарциве :x(facepalm)
    Ако ми веруваш прееска се изнаплака дека му ја скрив влажната марамица полна мрсули (facepalm) и после драматично ги зема топчињата и ги фрли од земја :?:

    Полесно е дека не е само кај нас проблемов. Ама каде со та трумиве под година јас мислев ова следува покасно :o
     
    На Kikikikiri0405, Nataliii и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  10. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    491
    @BoNaNa123 плачеше зошто не сакаше да јади, после зошто ја избришав кашата од хранилката и наполнив вода во чашата, не и дадов да си игра со валканиот памперс и давав млеко да пие, ја однесов во спалната за спиење и сето ова само пред вечерното спиење, ами каде е цел ден :drunk: не мислев дека драмат од 11 месеци.
     
    На DaisyDream, Fenix05 и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  11. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    И јас истово негде по темиве го имав прашано ама не добив одговор. Мојот има 8 месеци и 10 дена( не знам што значи тоа еден +, два ++, три +++ па затоа вака си пишувам :D) и има 2 единици долни и сега горните единици веќе се гледаат плус двете горни двојки кај и да е ќе ѕирнат и го прашав докторот дали да почнеме да миеме заби, тој ми рече да почекам да бидат 5-6 запчиња убаво излезени за да не му ги разранам непцата со четката... :?: Дали е правилно појма немам...
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    5.568
    Пол:
    Женски
    Тоа плусевите означуваат недели:) еден + е еднаков на една недела:)
     
    На Ena05 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  13. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    3.495
    Пол:
    Женски
    И јас се мислев, не дека има кој знае што да миеме:D, сепак се 2 запчиња ама чисто сакав да знам дали да почнам за да се створи некоја навика и да нема проблеми понатаму. Не знам во која тема баш читав дека поголемите бебиња им протестирале на мајките, не давале да им ги мијат запчињата.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.363
    Пол:
    Женски
    Навиките се стекнуваат од мали, така да, јас водејќи се по тоа, на ќерка ми уште првите 2 забчиња кога и излегоа, и земав детска паста лакалут и детска четка, и нежно почнав да и ги тријам забчињата. Сега кога ќе ме види со четката, знае дека ќе и мијам заби, и ме чека, ми дозволува дури и интересно и е. Има 6 забчиња фала богу до сега и се бели, а сеуште цица и си јаде. Почни си со четкање нежно, секако нема штета, напротив.
     
    На DaisyDream, Fenix05, warrior и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    3.495
    Пол:
    Женски
    Каква четка користите мајка, обична или гледав некаде силиконска што се става на прст?
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.363
    Пол:
    Женски
    Lacalut baby од Зегин и купив, обична четка со меки влакна.
     
  17. Mihaela123456

    Mihaela123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    2.730
    Zdravo
    Iskustva na bakterija ksebilea vo urina
    100 000 prisutna?
     
  18. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.601
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 @BoNaNa123 @Nataliii

    Генерацијо ве читам, не било само до мојов јарец, добро е :D Сепарациска на најјако, не сака да се успие со мене (едвај со цицање и нишања ко мало бебе), а со баба му за минутка се успива. Знам дека сум отсутна цел ден и му фалам ;(
    Фрла што стигне, мава и клоца ако нешто не му е по ќеиф, луто пиперче. Му зборувам ама не знам колку сфаќа :?:
    Со јадење добар беше, и еве вчера денес - ни пола од кашите не ги изеде. И да, уште е на каши, ќе ми се задавеше од едни кругчиња со пармезан на Холе, дека потврди. Не џвака, само голта директ. Помодре језивко беше, живот ми се скрати, фала богу го чукав и излезе.
    Спиење - дневни дремки спие со бабиве супер, ама ноќе од 20ч, почна да заспива во 23ч. И тоа успан едвај издржува, ама не се дава. И пак мислам тоа е поврзано со моментот да помине повеќе време со мене. Ноќе спиеше по 10-11 часа, сега дали 8, и тоа се буди со плачење за да цица, едно 3-4 пати минимум. Знам дека е многу. Пробав со вода, џабе, додека не цицне не заспива.
    А, и почна да ме гризе после цицање, секој пат :whew: Доџе ми да вриснем.
    Дење јаде три оброка по 200-300гр. и кога не сум дома за да цица дента, му даваат грчки јогурт или кисело млеко како ужинка. Месо 5 дена за ручек, јајце 2 дена. Месо по 40-50 грама варено. Доручек сеуште овошје со житарка. Вечера млечна ноќна каша, гриз со адаптирно, палента со јогурт и слично. Вие како давате?

    @Bella.alleB Не мора паста, само мека четка земи за почеток, јас со сила го држев и му четкав. Сега веќе не гледа нас и се смее, па сака да ги четкаме. Јас прво на Chicco четкичка земав, а сега втoрава на Lacalut. Со тие на прст ич не можев да го исчеткам.
     
    Последна измена: 17 декември 2024 во 22:43
    На Nataliii, Fenix05, sani99 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Која е таа четка, може слика?
     
  20. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.601
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20241218_112319_Chrome.jpg Screenshot_20241218_112413_Chrome.jpg Screenshot_20241218_112438_Chrome.jpg
     
    На sani99 и Bella.alleB им се допаѓа ова.