Што да користам за црвено газе,веројатно од какање? Судокрем и фризидерм не помагаат, вечер се вратив на мустела.
Нас само веледа ни помага. Ја користев 8 месеци пред 3 4 денови викам ај се потроши имам мустела дома да дотрошам тоа еве ти го црвено одма. Утре одам да си земам со невен што е таа за пеленска регија, нема подобра
Мајки дајте некој совет за спиење ова веќе не се издржува.. месец дена како почнав со работа од бебе кое заспиваше најкасно 9 и се будеше само за цицање неколку пати сега пред 11:30 нема шанса да заспие и се буди пречесто само плаче само да е на града.. се ме боли едвај функционирам на работа.
Јас имам бебе 6+. Прва дремка на 2.30 часа буден останатите на 2.45. Знаци на замор по навика може да покажат и порано од прозорот на будност но за брзо ќе се навикне. Ова мие во консултација лична со мамина спавалица профилот на инстаграм. Имаме 3 дремки.
Го искористив сабајлево пак... преполн му беше носот. Со шмукање ништо не извадивме. Што викаш подобро да вадам мрсули него на плуќа да се спушти или тапнче не дај боже да пукне.
Добро, дали само јас раѓаам вака немирни деца? Бебе уште нема 7 мес, значи како се раздвижи, љубопитност неверојатна. Иде тегне лампиони, скрши 5, влече новогодишни чорапи, скина 2, се качува на роботот, го бута, иде мава по огледалото во спална, овие 3 дена од што не запира еднаш се акна со глава во парно, два пати во паркет. Викам НЕ!!!!, ќе запре за секунда и си тера пак. Ај ок не разбира уште. Во раце не се додржува, се тегне, клоца. Се фрла врз сестра му, ја гризе... Само моиве деца ли се од мали збеснати, дај утешете ме?!
Вчера направи 6 месеци. Да е здрав и жив, јас сум среќна што е бесен дека чекаме второ ехо на мозоче во март. Моево ме тепа, гребе, кубе. Во раце не можам да го додржам. Ако е свртен накај мене ко бесно куче е и ми доаѓа со цела сила да ме јаде на лице . Играчките со цела сила ги мава и фрла насекаде. Нормално му викам не аме не разбира. Ова што ме млати нонстоп особено пред спиење ми е најтешко бидејќи не разбира колку боли . Со душе чекам да разбира и кога ќе ме искубе и иштипе истото него да му го направам
Мајки чаре за бебе шо не сака да јаде кашички? Имаме пробано се зс почеток, јаболко морков слива круша брокула батат, но со тешки маки, ја турка лажичкста со јазичето. А ко јадиме ние нешто да и подадам ја зинува устата. 6 месеци сме. Почнавме од 4 и пол па ја одморив две недели демек не е спремна и пак исто..
Хахахахахаххахахаха. Значи и овој е збеснат како сестра му. Е ама она се смири последниов месец два. Многу сталожена е, си игра сама по цел ден. Може има удел што и скинав телевизија. Ете ти утеха за пола година може ќе се смири и твојава.
И мојот е збеснат. Ни подлога го уморува веќе. Таму кенка, во количка кенка, се врте, дига грб, замавува глава наназад, сака да стане. Во хранилка исто. Додека јаде е помирен. Ај во раце, ем сака, ем мрда, лево десно, се турка со раце, кога ме здогледува се смешка, па со раце фаќа, знае да ме шлапне, па сака да ме гризне. Дневни дремки ни се хаос, веќе со денови. Кога се успиваме, мава раце, и убаво знае да ме тресне. Најново од вчера му е да се покрие со ќебето врз глава.
Исто мајка и ние така сме. Од 5 месеци почнавме со вкусови. Од ручекот знае да касне некоја лажичка и после затвара уста и плаче. Овошје никако нема шанси да отвори уста. Незнам и јас што да правам.
Не сум во тек но каква поврзаност има бесно дете со ехо на мозоче, или нешто грешка имам сфатено во напишаното, но баш ме заинтригира. Со убаво да поминете на ехо
Ох бре душо секако пробав. Со гумени лажички 3 сменив и со метална пробав си викам ај не гледа нас. Ама не сака не отвора уста. Кифла и подадив веднаш зиина. Не гледа се стрви ама не сака да јаде. Во комшии иста возраст има бебе, веќе пола кашичка си јадело, а јас се нервирам оти моето ни лажичка не сака
Ах не, не е поради тоа. На физикална одевме дека едното раче помалце го креваше и не го употребуваше како другото. Исто главата на 4 месеци му шантраше. И ехо направивме, ама тогаш неврологот ми искоментира дека е хипотоно бебе. Дека не се движи многу вака кога го прегледувала. Искрено од кога почна со физикална не застанува. Затоа реков се радувам што е бесен, а не хипотон и флегматичен Контролата за ехото дај боже да биде добра во март