Не споредувај бројки со други бебиња. Ако добро си јаде напредува е здраво и среќно бебенце тогаш е ок килажа за твоето дете. Моево на 1год е 9.4кг а требаше да биде 10.5 па не се замарам воопшто. Долг е како за 18месеци, има образи, јаде како дупнат ама и не запира ни минута во денот затоа и килажата е таква. Не бркај бројки ако малото си е здраво и весело
Зошто не би било? Мојот беше малку повеќе од тоа 8,5/600. Битно да си јаде, да мочка да кака. Мојов јадеше 3 каши од по 200 гр, две млека од 150 и едно 180 и беше здебелен 400 гр и ми рекоа не било идеално. Замисли да не јадеше шо ќе беше.
ве молам помош.. малата е 6 и пол месеци, од раѓање има проблем со кака... и давав Саб симплекс до 3та доза рота и прекинав за да се навикне организмот , ама и 5 месеци почнавме со вкусови и никако да кака редовно, еве и сега најголема мака има, плаче, вришти не ни јаде веќе баш од почетокот , неколку лажички , ич не и е по кејф ама за запек како да и помогнам? ни со сливи,ни круша не бива.. чај одбива да пие... @mariz малата како ти е после рота?
Пробувај храна богата влакна На моето омилена каша му е Сладок компир Црвена леќа Морков (малце - прави запек) И лажиче путер Ова помага Исто така Маслиново масло Овес Сливи Комбинирај овошје зеленчук да не прави тегоби запек
Вода давај и ако нејќе од шише пробај со лажичка капка по капка јас така додека се научи од шише. Свари сливи дај и од сокчето, мора течности повеќе. На моето бебе и помага и каша јаболко со круша или слива, и чисто тиква домашна варена
Ако е на доење чај од бекутан за добра ноќ да пиеш ти, тука го прочитав тоа и работи магично кај мојата, кака одма по цицање ако имам испиено чај.
Здраво мајки, на мака сум голема. Бевме на мерење, нашето бебе за неполни 2 месеца има качено само 500 грама. 6 м сме. Ми дадоа дохрана хип 2ка.Сеа ептен сум у транс не знам како да се снајдам. Дозирање и сето тоа. Инаку е на цицање.ај хелп? Цела постапка кежете ми ја.
А со каши почнавте? Зошто на ад? Јас повеќе храна би вовела и моето не качи многу 5ти, 6ти месец по 300-400грама ама 7ми со храна повеќе качи 600
Исто е и моето од раѓање слабо качува килажа. За 1 ипол имаше само 500 гр качено. Мене ми рече матичната да цица повеќе и нормално да јаде повеќе. И моето по неколку лажици каснува. Не сака да јаде 7 месеци е. Ама ад не ми рече да давам.
Без проблем пие вода , со душа се дави во шишето вода ама сок, чај плука и многу плаче...купечка кашичка круша и дадов и после се искака.. секое јадење фрлам, тоа е
Ќе почне да јаде пробувај различно комбинации, погуста,потечна, мазно блендирана, прави и ам ам, јади ти пред неа..
На секаков можен начин пробувам дури на мм му давам да јаде па на неа. Немс ефект детево не сака да ми јади ич. Ке се разболам од мака
Ќерка ми ќе прави 6 години следна недела, уште со маки јаде. Синот не можам да го доранам колку сака да јаде. А буквално се исто сум правела со двете, и ред и распоред и рутина. Не вреди да се нервираш, некои деца се нејадачи и тоа е.
Да тој, сладок анасон, камилица и маточина пишува на него. Мене ми е чудно како функционира секогаш.. пробај и кажи ми како ќе е кај вас.
Мене ме интересира за ноќните подои како беше кога престана да цица? Како би било сега и со вештачко? Ние сме на вештачко… една другарка сега го одби од цицање вика дека се бунел, но еве почнал сега да ја спие ноќтА и почнал да не се буди… би сакала и ние да спиеме цела ноќ без будење, затоа што една година без спиење…
Кога ќе решиш сечи одма. Јас дека 10.5- 11 месеци го откажав и ми беше жал да не е мал за скроз па давав АД ама сите други што престанаа доење буквално за 1 до 3 ноќи почнаа да преспиваат. Јас сама си направив мака кога ќе решам да го тргнам и ова ќе се буни уште толку. А некако лесно заборави на цицање не осетив да бара жали.