Зошто мислите дека пред да се обратам тука не сум побарала стручна помош? Еве јас пак тоа не разбирам. Не вратија назад, не можеле да нагаѓаат да ја носам на матичен па да дадат соодветен упат за каде ќе треба. Ако немате совет одминете мислење, при паника уште вина да наметнувате.
Здраво Син ми има 7 месеци ,пред нова година беше цела недела со температура. До 38.5 , 39 качуваше. Му ставав оцет на нозе,го туширав ,сируп на 38.3 давав веќе. Го измачкав еднаш со разредена ракија со вода и спушти темпратура. Матичната одобри и за оцет и за ракија. Обавезно многу течности и давајте електролити на бебе. Си подкашлува уште...само тапкаме по грбче Инхалација со обичен физиолошки. Опасен вирус ,дури и очите му се лепеа. Ако бебе моча,полни пелени ќе помине
Кога нема температура не мораш ракија да користиш, самото масирање прави подобра циркулација во мускулите и доволна е и без оцет. Или само преку облека или на гола кожа со лосионче некое. Некогаш немаме температура ама не болат мускулите и зглобовите и масажа или мала доза аналгетик ќе ни помогне за општата состојба, да се осеќа е подобро. Инаку и мене ми имаат кажувано дека не треба да се користи ракија за мачкање при висока температура зошто ракијата прави вазоконстрикција на периферните крвни садови и не дозволува да се ослободи температурата преку крвта кога му треба ладење на телото од високата температура, а дека подобро било туширање со млака вода (дека топлината вода шири крвни садови). Не знам што да кажам. На моите деца кога ќе имаа висока температура 39+ туширањето не им помагаше, дури и полошо им беше, а масажата со ракија и препотувањето многу им помагаше. Можеби е битно кога што се прави? На пример кога качува температура на детето му студи, со ништо не можеш да го стоплиш. И тогаш не треба да се брза да му се даде нешто што ја намалува температурата. Ова ми го кажа педијатар: не можеш да го спречиш телото на детето да не качи повисока температура. Значи температурата ќе се качи до кај што ќе се качи. Кога ќе престане да расте, а е висока детето веќе нема да осеќа студ, ќе осеќа жештина и ќе гори. Е тогаш се дава лек и се применуваат домашни лекарства. Е за тој момент некои викаат не треба да се препокрива, мачка со ракија и сл, дека треба да се дозволи да се лади телото во нормална облека или со туш. И сум го пробувала тоа со децата и само апче за температура ќе сум им дала и не сум масирала, препокривала и терала да се препотат колку можат повеќе. Ама се покажувало полошо- помалку им спаѓала температурата, побрзо се качувала пак и сл. Може има логика и тоа да се остава телото да се избори со инфекцијата и дека температурата е реакција на организмот во таа борба ама прашањето е колку може некој да издржи со температура. Два, три дена? На висока температура никој не може да пие и јаде, добива мачнини, повраќа тоне во сон и сл. Колку време можеш да издржиш така? А храната и особено течностите му требаат да закрепне побрзо на организмот. Затоа секогаш сум гледала да спуштам температура и во тој меѓупериод, додека не качи пак висока да му понудувам на детето течности, супи или ако прима и друга храна. Со инхалации го пораснав синот. Само со физиолошки раствор правевме. Ако докторот препорачува кортико -дексаметазон тогаш и тоа додававме ама во ретки случаи кога состојбата била алармантна и имал опструкција. На детска клиника ни препорачаа само физиолошки раствор да ставаме, да избегнуваме дексаметазон, зошто е штетен. Само почесто инхалација со физиолошки.
Do koga pravevte inahalacii? Mislsm kolku godini e sinceto. Se nadevam koga ke potporasne polesno ke minime ili ke imame poveke iskustvo nz. Eve nie pravime 2pati na den so fizioloski. Noseto e kako cesma, site mrsuli se raskapaa, I samo prskam, aspiriram. I se nadevam ke pomine pobrzo.
Можеш и почесто инхалации. Мене ми викаа и пет пати на ден подобро да инхалира со физиолошки, отколку со кортико. Голем е мојот сега 16 г има. Инхалации правевме заради честите ларингитиси. Првиот му се случи на 6 м. Тогаш првпат видов што значи опструкција и колку брзо му се влошуваше. Од првото накашлување или проблем во дишењето за саат два му се затнуваа дишните патишта. Кај мали деца и бебиња се многу тесни дишните патишта... Секоја есен обавезно имаше ларингитиси, исто и при вирусни инфекции и настинка. Во просек правеше 3-4 пати годишно проблеми со дишењето и ларингитис. Се тестиравме за алергии неколку пати низ годините и не покажа на ништо, не беше ни астма во прашање и тоа проверивме. Еднаш , на 1 година кога го однесовме во таква состојба со дишењето во Козле, на една недела не хоспитализираа. Од толку што се стручни го лечеа за пневмонија. Не ми одговараа на прашањата што му даваат во инфузијата, само ми рекоа го лечиме за пневмонија (без ртг снимка да му направат замисли дадоа дијагноза). Со Линдацин сигурно го лечеле, дури и со орален антибиотик дома не испуштија. Си го отрувме со антибиотици детето непотребно. А тој имаше само ларингит, од некоја вироза. Немаше на плуќа спуштено. Го измачивме непотребно. Потоа научивме дека се средуваше и во домашни услови, само со повеќе инхалации со физиолошки. Си купивме инхалатор и еве уште си работи. Дексазон ампули, игли, шприцови и физиолошки имавме секогаш дома, за секој случај. За памет ни беше. А од тогаш во Козле избегнуваме да носиме дете, немаме доверба. И еднаш подоцна не знам како се излажавме , ќерката таму на дежурен да ја однесеме..пак утнаа со дијагнозата и непотребно ја измалтретираа. Ама тоа е друга приказна.. Првата матична негова беше во право дека за ларингитисот - дека најчесто не е една причина (само вирус, само алерген) туку повеќе причини истовремено и дека како ќе се подобрува имунитетот и ќе расте така ќе се намалуваат на број и по интезитет тие напади. Така и беше. Со време се научивме како да го третираме и што да правиме кога ќе му се случеше ларингитис. Зошто му се случуваа најчесто навечер во спиење без никакви претходни знаци на настинка или нешто да се пожали. Можеше за саат- два да дојде од кучешко кашлање до состојба на опструкција кога беше многу мал. Така што мораше одма да му се дадат инхалации. Инхалаторот ни беше најдоброто нешто што го набавивме за него. Си го носевме со години со нас на пат и на одмор. Сега се ми се врати. (Извини за долгиот пост.) Еднаш ни направи ларингит во сред лето, во зори, во кола додека одевме на одмор во Грција. Не фати паника каде да најдеме струја за инхалаторот. Во попатна кафана само што отвараше и таму го инхалиравме.. Со време се проретчија и полесно проаѓаа. Ама му се случуваа до пубертетот негде. Последен пат имаше малку ларингитис кога се разболе од ковидот, 2021 мислам. Ама тоа беше кратко, само на почетокот на болеста. Тој од мал се навикна на се кутриот. Сам си ја држеше маската и сам бараше да инхалира само да си олесни. Кога е големо дете па само си кажува што осеќа и го фаќа паника и него..
Of lele tezok pat ste pominale. Sega e golem decko I se e podobro. Ve guskam Fala ti za sovetite mnogu, patem tie sto nemame sterilizator doma, kako sterilizirate aspirator za nos I inhalator? Samo so topla, zesks voda mijam I ostavam da se cedat. Pred upotreba oklucuvam da se isusi. I potoa stavam fizioloski. Dovolno e?
7 и пол месеци сме почна да лази и сака да се исправа до моја помош нормлано..сака да виси..но клга виси ја задржува тежината ама на прсти виси не на цела нога...некој сп слично искуство
Обично стојат на прсти кога е исфорсирано стоење. Моево ако го држам во раце и го симнам на земја да се држи за игрална стои на прсти. Ако си стане сам стои на цела нога. Оставај го нека вежба само не го кревај ти
Он сам се дига се фаќа за мене и се исправа ама мпрам да го држам пти не е стабилен... баш нема да му давам некое време сега дур барем се уцврсти...сегљ почна да седи така повврсто без да паѓа..ама ножината ги клати клапнува
Што е најефикасено за шлајмови? Имав вирус најверојатно го префрлив на бебето 10 месеци.. Бевме вчера на дежурна нема ништо на гради ама од денес кашла влажно и сега додека спие.. Правам инхалации два пати со физиолошки ама нема ништо на носот. Ко ќе стане го префрлам на страна оти мислам на грб ќе се задави од кашлање... Утре ако не се подобри ќе го носам на матична.. Температура нема, само на моменти кашла ама убаво кашла..
Во 8 месец имаше ли регресија во спиењето? Со првото пратев се',а сега нешто слабо,сами се чуваат Неколку ноќи заспивњето е хаос,а и презаспивањето посебно машкото,не сака да леже,станува,ќе лазе низ креветче,се дига за ограда Женското па не сака да заспие..не плаче,него онака си лежи,се смее,после 23почна да заспива..порано не беше случај Како растат,поактивни ми се..па и јас со нив
Фала ти и на тебе. Се проаѓа, ќе бидете добро верувај. Деловите од инхалаторот само ги мијам со сјај и топла вода, доволно е.
Мајки бебево има 7 полни месеци. За еден месец треба да го носам ви во градинка. Засега имаме два оброка јаде 100 грама некаде ама поске еден час од оброк бара млеко и пие 100 130 мл . И да нѕдаѓ поголема грамажа не ја јаде ни со маменње толку е .. Дали знаете ред во градинка за оваа 8 мес возраст како е и дали даваат млеко обично разредено или не..? Се плашам а денови поминуваат. Исто и со спиење станува кај 6 сабајле а прва дремка околу 8.30 или 09 му е а таму разбрав дека не ги заспиваат тогаш... Многу мисли прашања и дилеми имам .