Мајки и овде да со прашам, дали треба да се загрижам, бебе е 11 месеци и само долните 2 единици ни се никнати. Инаку здрава си е, си јаде убаво, се лигави многи се става во уста веќе подолго време и се си викам запчиња се ама никако да никнат. Инаку сама се исправа се пушта да оди веќе, гума, јасно си вика мама а запчиња уште ги нема горе
Здраво мајки, бебето веке една недела кака зелено, понекогаш е како леплива и со крв, педијатарот вика не е страшно, но мене ме загрижува што веке подолг педолг период. Инаку има 2 месеци и на комбинирано млеко
Мислам немаш потреба мајка. Прво запче на нас ни излезе на 1 недела пред 11 месеци, долните единици, точно на годинка проби едната горна единица, сега сме годинка и 2 недели набабрени двојки и горната единица, решија сите заедно да излегуваат. И јас бев загрижена и педијатар и стоматолози прашував рекоа нема проблеми
Многу личи на алњргија на кравји или млечен протеин, прочитај истражи ќе видиш. Бојата може да е од формулата, кај нас така беше. Бевме на комбинирана исхрана и откако накачивме на повеќе мл и формула стана зелена (користевме Бебелан).
Јас од почеток користам аптамил и немало проблем, сега ова почна да се случува. Да пробам да го сменам млекото
Има една група на фб dairy- free diet, breastfeeding таму многу ќе прочиташ за алергијата, симптомите и сл. Има и слики
Моето лигави 2 месеца сигурно, раце во уста, заб никако да никне. Уште нема ниеден, на 25 ќе праве 7 месеци.
Брвмр вчера на вакцина бебе 8 месеци..докторката стварно без осет, чуство прашува и одговара со гримаси како да треба веќе да прави тпа и тоа.се наполнав со негативна енергија и од сабајле главата ме боли дури...наиме праве ли браво викам не... кажува ли зборчиња слогови викам мрмори така прво бла бла, бле бле, после еден период ја кажуваше буквата г со согласки го, га, ги,гу... сега еве овие дрнпви ббббб бла , ба , така нешто мрмпри нејасно ама вила нема мама, тата, баба, деде...викам не...чудно вила... Друго бебе плачеше дур го прегледуваше и не можеше ни да го измери од шо рикаше вели еее ова мн плачи не мозам да го измерам океу е ке се стави вакцината... Многу нехуман пристап
@prinstongirl2 хаха ова ме потсети кога и моето беше на таа возраст, и јас си правам споредби зашто не вика мама, тата, си баблаше само, и го прашувам педијатарот дали е нормално, ми вели па што сакаш да ти зборува бебе на таа возраат да ти прави муабет мајка секое бебе си се развива индивидуално, стресно е да, особено кога лекар ќе ти каже такво нешто, најверојатно била станата на лева нига штом така се понашала. Ако си се развива бебе како што треба до сега не си ставај многу при срце.
Ние пропуштиме систематски преглед, ќе ни прават ли проблем? Требаше декември да одиме се разболевме и двајцата и остана така..Ќе ни наплатат ли мислам казна?
Кој да ви наплати казна мајка? Секако дека не. Ќе се средете и кога ќе можете ќе идете,ништо страшно.
Во мојот град нема такво нешто.Си го носам детето на контрола редовна кога можам и сакам јас.Покани не добиваме.