Мамички да прашам 6ипол месеци сме седиме во хранилка на 60° веќе 4 дена се фаќа со раце напред на мадичката и стои така исправено како за 90° дали да наместам хранилка веќе на 90° да оставам да седи така? Бидејќи сами бараме
Остави го како што е да вежба мускулатура за седење со секое влечење. Ако го исправиш столчето, после пасивно ќе седи. Кога ќе седи исправено без да се држи за масичката, тогаш ќе ја кренеш на 90 степена и хранилката.
На ортопед на 6 месеци кога одевме ни кажа на 90 степени да седи веќе од шест и пол месеци, тоа е многу индивидуално за секое бебе иако повеќето тој период поради хранење најчесто ги седнуваме така.
Јас не знам што е со мојов ...6 месеци е скоро 7 за недела...преку ден има 2 оброци јаде банана и боровинки денес му дадов и вечер изеде на хип една кашичка но после 1 саат обавезно бара млеко.. навечер пие млеко на 1 саат еве сега испи 400мл во рок од 3 саати...незнам што да правам малку да не му е само овошје и зеленчук али му правев палента плука ориз не сака ни житарици. Ко за беља почна да ми се намалува млекото ...
Мојов е на формула, 7 ипол мес е, јаде 3 оброци количински многу, па почна да ми мрда навечер, после 12 на секој саат. Ја мислам дека не се будат од глад. Овој период осознаваат свет, лазат, се движат и мислам го преживуваат навечер цел ден и затоа се будат. Твојот научен е со млекце да заспива па затоа пие на саат да презаспие, мојов со тапкање по газ е научен да заспива, па дур не го потапкам шанса нема да заспие.
Инстантот ги плука мешани со овошје или зеленчук? Пробај велер воведи нова "метода плус" кога се буди. Покрај млекото тапкај го по газе или гали глава или "шшшш" да му направиш дрѕга асоцијација освен млеко па млекото ќе го тргнеш полека. Заследи ја mamacoach на инста добри совети дава
Моето какаше пластелини после батат. Комбиниран со јаболче помина мнг подобро. За кака можеш слива и крушка да комбинираш. Најдобра каша за какање е со разварени јаболка, ама некои поприродни ако можеш да најдеш зошто сосе лушпата се варат. Измиено јаболко исечено на неколку покрупни дела, отстранети семки и средината нели, но НЕлупено. Се става во вода да се варина тивко подолго време. Ке биде како каша. Помеѓу лушпата и месото се наоѓаат пектините кои со долго варење се ослободуваат и помагаат за цревата. За возрасни рецептот е 1кг јаболка, 2 литри вода, 3 часа варење. Само за бебе помалку ќе правиш. Исто банана ако даваш да е зацрнета, ако не е презреана ке направи запек.
И ние сме тука со месеците, последниве две недели хаос, се буди сто пати, и плаче ни цицање не помага, маж ми на балкон го вади во 3 сабајле со се вреќа да го фати ладно и потоа заспива. Ич не сме наспани
Во колку сатот ја давате вечерата? Вчера ми се случи кај 18 сатот вечера кај 19 и пол цицање и заспа па по 40мин се разбуди и исповрати млазови, цела вечера ја поврати очигледно му била тешка вечерата грчки јогурт, палента и малку путер. Никогаш не му давам со сила, сам си јадеше и си бараше. Многу ме исплаши, ќе се задавеше.
Моево исто се исповрати од палента и путер за вечера. Давај полесни. Јас 20тина мин пред да спие давам и немал проблем освен тогаш со палентата
И јас му дадов вчера гриз за вечера, прв пат. Јадеше околу 18:30. Заспа на кратко и се разбуди. Или порано да давам или покасно да си легне. После дури во 20:30 заспа.
И мојот се буди, задутре прави 7. Има исто 2 оброци, вчера му дадов гриз, полека да воведам вечера оти млекото ич не го држе сит. Ама, исто беше, пак си бараше на 3 саати млеко. Не се буди целосно, ама го осеќам кога почне да мрда и некогаш давам и 90мл само да го залажам и да продолже. Не помага ни цуцла, ни тапкање по газе. Со млеко се научи и така тера.
Поактивна ми е темава затоа овде ќе прашам. Имаме шишиња 12+ на ДМ со цевка ама претешко е за шмукање вода ваљда намерно за да не се удави од нагло но сепак јас едвај успевам да испијам а камоли бебево. Предлог шише што е полесно за пиење така со цевка?
Еве сега идам од педијатар, ми вика мн ти спие преку ден, затоа така прави навечер. Мојов станува во 6, легнува во 19.30, има денови 3 некогаш 4 дремки. Ми вика максимум 3, со тенденција до 8 мес обавезно на 2 да се скратат . Колку дремки има твоево? Јас во 5 му давам вечера, во 7 ипол пие млеко и заспива. Може со путер дека било па тешко му паднало.
Јас не знам како ред ќе воведам кај мојов, сам заспива преку ден. Моментално 3та дремка тера. Стана во 5 45, па дремка од 7 30 до 8 45, втора дремка во 11 30 до 12 10 и сега во 13 50 пак ми заспа. Не издржува се дере, ќе си ја стаи цуцлата и заспива. Едит: жити спиењето еве го стана после 25 мин и мрдаше цело време...
Да не е рано во 17часот? Уште е со 4 дремки максимум по пола саат... навечер си заспива до 20-20.30 најкасно
Зошто рано? Јас распоред му правам како во градинка. Ако му дадам покасно вечера, млеко ќе ми нејќе пред спиење. Вака вечера во 5, 210мл млеко во 7 ипол и кома.