Ова вторава дремка како недоспиен да не е? Да пробаш да му ја продолжиш вторава па да ја одложиш третата? Ова мој предлог. Едвај успеав моево на една подолга дремка да го научам, да можам да сработам нешто асално или кафе да се напијам. Ама помал е тој, 6 прави за некој ден.
Епа накај 4 ипол ќе продреме пак сигурно Недоспиен е он цело време. Да спие ко чоек саат ипол ќе се наспие, ова само мачење... Ќе го држам во раце деновиве да спие повеќе, па ќе видиме...
И мојот не може да се наспие. Што се 30мин? Дремна на пладне, сега пак кенка. Ручаше, па ќе се успиваме. Ништо не можеш да сработеш, ни кафе да се напиеш. Едвај ручек направив, со количка во кујна и да ме гледа.
Ич не памтам како и кога и се продолжија дремките на големата, знам и она ваков период имаше. Еве го стана во 2 и 10, сега кенка недоспан, вечно недоспан...
Кај нас се се поремети после 4 скок. Претходно знаеше да спие и по 5 часа, ноќе. Денски спиеше исто барем час. Сега 3 часа ноќе и толку.
Со дремење до нив и успивање на најмало мрдање. Моиве имаа проблем да сврзат два циклуси од 40 мин една вечност. Тек кога останаа на една дремка им се продолжи спиењето и тоа со дежурање до нив после пола саат, пред тоа 100 дремки имаа по 40 мин, до кај 10, 11 ми се чинеше дека денот во успивање ми поминуваше. И секое кратење на дремка ми беше хорор недела две зашто место ноќно спиење се понашаат како да им е дремка, после 40 мик свежи спремни за игра. И тогаш морав да дежурам до нив одма да ги презаспијам и после тераа.
И јас слично правам кога намалувам дремка. Моето е 8 месеци и од претходната недела е на 2 дремки од по сат ипол. Приметив дека многу тешко го заспивам и кога сака кога не трета дремка и се префрлувавме полека на две. Како што спомна девојчето му дежурам и веднаш го презаспивам за да врже убав сон. Теа пробај залажувај го подолго буден барем на 3 дремки исто приметив и наутро доста рано ти се буди во 6.
Се буди во 6 ама во 7 вечер е кома. Ќе пробам од утре до него да лежам и ќе го занимавам повеќе да седи буден т.е. во раце ќе го држам зашто ако го оставам кога му се приспива, си заспива....
Исто, скроз исто. Цело време мисли дека дремка му е и се буди, ако не сум до него одма да го презаспијам, толку е, одма се расонува спремен за игра.
Има ли други бебина што се будат ноќе и седат..од како влеговне у 6 скок се случива ова.. преморена сум преку ден...легнува во 7 саат или викам рано легнува или до скокот е
Кога сакаш во Авицена можеш да одиш со бебе. А за бебе сабајле или не нема врска, тоа земање крв на гладно е поради вредности на шеќерот и холестеролот, сигурно не шравиш крвна слика за тоа.