Бебе 7++ има страшно црвенило на пеленска регија кое се прошири до стомак. Исфрлив одамна влажни, бришам со памук и вода, одмивам со хиперманган и мачкам Канестен и Пантенол наизменично. Пелени користам едно бројче поголеми ради проблемот но нема подобрување, брис и уринарна култура чисти во ред. Матичната вели ништо не е мене ми е преку глава а немаме друг салам педијатар во градот за да ја сменам. Ве молам за совет ако сте имале исто макар слично искуство, и да ми предложите доктор за ова по приватните Систина или Ремедика
Миробакт и афлодерм во исто време. Ќерката беше исфрлана преку 2 месеца како новороденче, после сите обични креми со овие две го решив проблемот за 1 недела. Претходно земав и памучни пелени, ја бришев со туфери со вода место влажни, ја миев со секое какање, гола ја оставав колку може повеќе, ама ништо не помогна. Дури и кортико и ставав, во моментот подобро ќе биде, штом ќе прекинам се враќаше црвенилото.
Отприлика на 2-3часа. Станува накај 6, пие млеко околу 7/7:30 Доручек му е после прва дремка околу 9:30/10:00 Ручек има накај 12/12:30 Има тука друга дремка станува околу 14ч/15ч Ужина накај 14/15ч Вечера накај 17ч (16:30) Млеко пред спиење 19:30 Млеко има исто околу 3:00ч сабајле еднаш станува само
На 2 до 3 часа, некогаш и помалку, хаос ни е распоредот не можам никако да го ускладам, сакав да исфрлам ноќно млеко, но без успех па воведов ужинка измеѓу ручек и вечера. Денски сме на 3 млека,едно пред доручек едно измеѓу доручек и ручек, и едно пред спиење. И секако околу 3 по полноќ некаде уште едно. Мислам дека кога ќе преминеме на една дремка подобар распоред ќе направам вака овое две дремки ми пореметуваат малку. Инаку ние сме на ад пробав да дадам 3ка не го сака и се уште сме на двојка
11 месеца. Станува во 7, ако случајно се успие го будам најкасно 7ипол. Млеко во 8, доручек во 9, дремка од 10ипол-11. Ужина во 12, ручек во 2, дремка од 3ипол-4. Ужина во 5, вечера во 7, млеко во 9, до 9ипол заспива, ноќе не пие млеко. Некако многу ми доаѓа на секои 2 саата да јаде, ама јадач е, ужинки по 100-150гр, оброци по 300гр, освен 4рт оброк да ставам место ужинките (како поголеми деца што имаат ред во градинка), не знам како поинаку. Првото дете ми е нејадач, за нејзе се знаеше 3 оброка и толку, нема ужинки нема млека, дури и оброците едвај ги јадеше.
Исто моево како дупнато јаде ама и не запира ни минута ваљда троши многу. Горе доле и нас редот ни е ваков па и количините ми се виде многу ама немам како да му разретчам а да не е гладен. И на сета оваа храна 1 до 2 млека пие ноќе ако не испие 120-150мл вришти плаче без престан. А на оваа количина плус да додадам каши ми се гледа многу ..
Ќерката ми е 6 год, а малиов веќе јаде повеќе од неа. Ако истото јадење го спремам за двајцата, неговиот тањир е полн, нејзиниот едвај до пола. Дури зинува му давам. Дома имам мерка според чинијата колку јаде, престанав да мерам грамажа, ама од готовите каши јаде една од 190гр и уште една од 125гр за ручек. Кај ги става не знам. Ама еве го прооде на 10ипол месеца. Последниве недели врата не можеме да отвориме, трча да отиде во друга соба. Чим троши, мора и да јаде. Барем немам нервози од нејадење како првото. Ама мислам од кујна не сум излегла од летоска
Мајки, прееска бебо на лигашката имаше крв помешано со плунка, од памет се извадив. Пред една недела извади прво запче, вака во уста не можев да видам убаво од каде доаѓаше крвта, колку што успеав да видам нема никаква повреда на непцето. Од памет сум извадена цел ден. Некоја мајка случајно да не има вакво искуство?
Колку се будни вашите бебиња од 10 11 месеци? Бебе е 10 и пол месеци и дали е до 7ми скок или заби или нешто друго не знам ама не можам да го заспијам...Почнува да се трие и одма одам да му дадам да цица и станува се качува по спална, креветче и ако го земам да го нишкам вришти...Пробав и да го легнам и да го тапкам, и на перница, никако не функционира. До скоро спиеше на 3 саати, сега на 3 3 и пол, мислам 4 се ного освен пред ноќно е толку буден...Се тегни назад и плаче и музика приспивна и нишкање ни цице ништо не фунцинора...Дури пробав и да го оставам у креветче и да излезам од соба на 2 мин, се здроби плачејќи не издржав влегов го земав...Инаку дава чекори да оди може ли од тоа да е?? Навечер спие ама многу прета, не е жешко, климата на 20 21 ама у дневна е.. Мислам кила ќе фатам последните денови... Сам нема заспиено, премногу е темпераментен.. Пробувам да направам атмосфера смирена пред спиење некоја рутина ама џабе..
Можеби, не знам. Вака колку што дава да видам нема ништо на непцето доле. Ќе се консултирам и со педијатар секако. Фала ти мила.
Мојот 2 пати се има удрено, паѓа и изгл непцата ги повредува или ср гризе не знам ама крв му тече и тоа како. Не паничи само мајка, ако нешто не е во ред ќе плаче нон стоп.