Бебе е 8 мес...неколки месеци уназад ги врти рацете дланките.прстите како twirl го пиша на интетнет...кога сака нешѕо да земе он..коха сака да го земам..клга е вп хранилката...на радост така... има ли други бебина што го прават истото?
Дали дечиња од 1 година сте ги внесувале во спа? Сакаме да одиме на зимување секако нема да ја бањам нејзе ама дали воопшто да е присутна во просторијата сепак топлина,пареа….
Еј баш интересно што праша, мојот од 7 месеци прави така го снимав и го пуштив на матичната која баш тогаш беше на семинар за аутизам во Брисел. Сосема нормално е рече, игра така а и сама заприметив кога е возбуден и среќен прави така.
Ехее дап дап, дланки и стапала врти Мислев е знак за аутизам плачев со недели секоја ноќ на крај викнав другарка специјален едукатор на гости да поигра со него. Рече да не се акам од земја. Дека сега не збори и не знае како да ги изрази емоциите на друг начин па тоа го пренесува преку раце и нозе. Ако нема други знаци што поврзуваат да не се тресеме многу
Како во градинка распоред и кога сме дома, 8ипол појадок, после два саата ужинка/чај, 12-12:30 ручек, накај 2 пак ужинка и после попладне 16-17ч. вечера и на крај млеко. Главните оброци се на размак од 4ч. сигурно. Ако има втора дремка може и во 18ч. да вечера па во 21ч. Млеко.
Мислам дека порано нашите мајки кога не чувале без интернет биле помирни. Не знаеле, не се замарале. И јас така од многу читање си направив во глава дека детето ми има епилепсија. Оти се стресуваше, а уште бил моро рефлексот. Си наоѓав само симптоми, плачев, маж на пат, јас сама дома, 300 филма во глава, па како ќе порасне, како на школо, никој нема да го друже, се разболев. На невролог се ок. Веќе така си викам не правам, ама не можеш да си мирен. Се нешто излегува по нет, гледаш, читаш, видеш кај твоето, паничеш. Аман веќе.
Девојки, прашање. Несакам да дигам прашина со темава, само сакам да прашам. Зашто толку се трескате за секој знак за аутизам? Зошто едноставно не се опуштите во мајчинството? Ако има аутизам, нема нашата секирација да направи детето да нема или обратно... Извините но малце се претерува на темата... Ако нашето чедо е на спектарот тоа нема да направи ние помалку да го сакаме...
Не секако ама подобро да се дознае на време. Ова влијае многу што покасно тоа потешко за нив и за нас.
Точно. Во мкд се чека до 2.5 3 год за работа со дечиња, а секаде по светот се зборува и реагира уште од најрана возраст. И дефинитивно е подобро да немаш пристап до интернет и да не читаш ама инстаграм и фб се преплавени со такви видеа и колку и да сакаш не можеш секогаш да одбегнеш. Нема сигурно да не си го сакам детето
Мајки што имале бебиња алергични на млечни производи, кои симптоми ги имавте? Втор пат давам грчки јогурт со палента, првиот пат истата комбинација ама со путер малку плус, бебо си јадеше и тоа многу првиот пат ептен ја бендиса комбинацијата за по два часа се изнаповраќа во млазови. Јас тогаш мислев дека тешко му дојде и дека касно ја дадов вечерата и плус путер како тешка комбинација да направив. Ама денес сабајлево реков да пробаме пак грчки со 0% масленост овој пат и без путер само со палента и само што му дадов почна како да се дави да сака да го поврати, ме исплаши го кренав и го повратил тоа едното лажиче. Почекав па пробав пак..му дадов едно лажиче и пак истото како да се дави и го поврати. Ова Алергија ли е? Или едноставно не го сака веќе вкусот?
Мене не ми е јасна таа окупираност со аутизам. Од кај излезе тоа секоја втора мајка да се мисли дали и е аутистично или не?! Јас лично не познавам ниту едно аутистично дете, а познавам 50 мајки што се сомневале. Другарка му ги криеше камионите и количките зашто вртел тркала.....као wtf...јас немам инста па ваљда затоа ни гледам видеа ни па сум се посомневала за моиве деца. Тоа што 70 посто од денешниве деца им се тупнува тел од бебиња, па после не збореле до 3 години е причина за плашење, а не аутизмот.
Дали јас сум нормална што до сега за ниедна дијагноза, ни болест ни ништо не се посомневав во ќерка ми?? Не гледам зошто па да треба и да има нешто, здрава права среќна и весела. До сега ама баш ништо не ме загрижило за неа. И јас читам, гледам, слушам сè, ама во дете мое не сум се посомневала за ништо. Ќе се загрижам ептен ако нешто заостанува со месеци или нешто бајаги прави чудно. Педијатар ми има кажано, бебињата додека растат знаат да прават "чудни" движења, гримаси, вртења и не е загрижувачки. Не дозволувајте сè да влијае на вас, не анализирајте толку. Мајки сме, мислам дека сме доволно свесни кога нешто би било загрижувачко, во тој случај не би чекале ни доктор да ни потврди и сами би знаеле дека нешто не е ок. Сум гледала/слушала каде што ако детето е со сериозна дијагноза, мајките уште на почетокот заприметуваат пред да потврди доктор. Уживајте со дечињата, растат пребрзо, еве откако имам дете гледам дека навистина е така. Постов не е наменет за никој, си кажав свое мислење
Мајки се таргет, така е направен алгоритамот, за точно ТИ да ги видиш тие видеа и да се влее страв во тебе. Бидејќи стравот е начин за манипулација. Стравот е најголем непријател. Ако следен пат ти искочи такво видео ќе му кажеш на алгоритамот таму у трите точки, ноу тенкс гоу фак јорселф. А ако дете има знаци на аутизам, си знаеме ние како треба да постапиме... Ќе приметиме верувај. За разлика од пред 15 години на пример, ние сме далеку поедуцирани и поотворени на овие теми. Дефинитивно, ама опседнувањето нема да направи да бидеме пореални туку напротив. Сигурно да приметиме нешто екстра чудно што знаеме дека е на спектарот не ќе седиме со рака пред очи... @Tea SK тоа со телефоните, сто насто. Не за џабе не користам тел пред дете. Еднаш го виде, и почна да лази. Од толку што се возбуди. Колку возбуда треба да е тоа за да му блокира нормален развој. Ноу тенкс. Можете да кажете што сакате ама ја и телевизор неам дома.
Дали навистина се потребни чевли за проодување? Гледав к-к па по 3.000 ден се ептен скапо. Каде да барам на др место, пристојна цена?
Леле дали е ова скок или тантрнум? Малиот 10 и пол месеци ако не е по негово се фрла буквално на земја. Стана на лева нога баш редев чинии од судоперачкта кога дојде се качи, а баш сака да вади работи од нејзе .И ај најсреќен беше се смееше и си чучна на газ и викам ајде чао да и кажеме и ја затворив. Какво рикање главата меѓу нозе и рикање..и кога ја отворив додека плачеше одма ко ништо да не било си се качи и си говори бебешки... Исто да прашам како менете пелена на оваа возраст без да доживеете нервен слом? Значи издржува 2 сек легнат. Ако има некој дома го држи додека да сменам или мора цело време да го анимираш за да можеш колку толку да ја наместиш пелента...И само шо ќе смениш за пола саат се покакал а ти пола саат пелена си менел..