Колку месеци е? Големиот 1 годинка точно ко наполни си скрати самиот од две на една дремка, јас ништо не му менував општо за спиењето.
Рано е за 1 дремка да пробаш да го будиш порано? @Spidy мислам е доктор за спиење ќе ти каже најпаметно Јас само да се пофалам бебе пред 2 ноќи испи само 1 млеко вчера ниедно врза 9.5ч да не се урочам ама иде живот
11 скоро 1 год вака ми е жал да не е мал ама па така мн касно ми иди 2 дремка. Касно и навечер ќе заспие. Не знам ни јас самата.
Мајки шо правите кога редот се расипува? Бебе ќе го заспивав кај 10 лежеше врз мене и заспа 9 и пол.. Сабајле доручкуваше у 8 и не цица. Дали ко ќе стане да му дадам да цица па после ручек да нудам?
Рано е. Јас имам деца што минимално спијат споредбено со стандардите, поголемото на 13мес смени на 1 дремка, а помалото еве сега е 11мес има 2 дремки помалку од саат, нема шанси да тера со една. Без проблем седи буден 4 саати, ама за 1 дремка треба да издржува 5+ саати. Мое мислење е дека треба да го станеш порано сабајле. Мојот го будам во 7ипол, една дремка накај 11 и втора накај 4. Во 9 го легнувам навечер. Ако твоево станато во 8ипол сака да заспие во 11ипол, тоа се малце саати за да пробаш наеднаш да го држиш до 1 буден. Или пробај крати ја втората дремка, ама покенкав ќе ти биде навечер.
Зависи кога си давала порано ручек. Може и да се измести за 1 сат, нема гајле 1 ден. Ама дај му да цица да не ти емн гладен за ручекот па нема да јаде.
Може глупо прашањево но прво бебо .. веќе 2-3 дена на подлога додека е на меше се дига со рачињата и со главчето иде горе доле горе доле како рокерите со главата кога прават .. дали вака правеле или прават вашите ? Наредна недела правиме 7 месеца
Се сеќаваш на еден пост кога правевме муабет дека после годинка ќе заличиме на мајки што спијат? е тоа е мајчинското претчувство, рековме и вистина испадна па и сами сменија, да се чудиш
Ќути не знам како да се осеќам дури 3 денови веќе па дури и мм го видов серија гледавме (ок ако го рачунам вчерашниот што падна од спална на глава и спиеше после тоа без да бара млеко)
Ќути си, радувај се, и нека потрае среќава кај нас ненаспаните исто, и ние конечно да се видиме, муабет да направиме, душа да земеме ако нема ништо, не му се секирај, имаат уште многу за паѓање, мојава струја е, не застанува, да ги допазиме само да не се повредат лошо
Ама не иде како склекови со рацете туку само со главата нагоре надоле така прави и во хранилка .. затоа ми падна чудно како склекови правеше сега ова е крената со раце горе и само со главата прави горе доле горе доле ..
Мајки дали некое од вашите малечки спие многу немирно? Скоро 11 месеци е бебе, дава чекори, оди низ гарнитура, маса. Дали тоа може да е причина за често вртење и будење навечер? До скоро стануваше 2 пати да цица, сега цела вечер се врти. Па станува лази се исправа и ко ќе го земам у раце спие..Таман заспам па одново. Температура ни е 20 до 22. Спиеме у спална а у дневна клима е на 20 21 степен. Облечен само у боди на долги и тенки пижами и чорапчиња. Ама преку ден носи боди на долги и хулахопки, тренерки и чорапчиња. Ми стои многу нели за сега. Зимата беше се на земја и ладно затоа..
И јас клавам хулахопки, цело време е по плочки, ламинат. Ноќе ни е околу 23-24 па боди на долго и вреќа за спиење, не го покривам.
Јас мојов откако е роден му немам хулахопки ставено, на земја е од 2 ипол мес. На зимовање бевме, на -13, термо тренерки и скафандер. Ако ви е дома 20 степени, не мачи дете, тргни му ги хулахопките, ти сигурно не носиш хулахопки ппд пантолони на 20 степени.