Пред да извади заб синко тегнеше уши, мрдаше со глава, нервозен беше, се лигавеше и сите ми викаа ааа ова заб ќе извади, непцата ич не беа набабрени. Ене го, два извади без да набабри непце.
Не се загрижив кога правеше на спиење... ме загрижи што секаде почна да прави. Во хранилка, релаксатор, на подлога за играње, на кревет, во раце...
Многу личи на нешто што многу бебиња го прават кога идат заби, а и возраста е баш за заби, моето исто немаше потечени непца кога излегоа кецовите доле, сега пак не и се а очекувам горните да излезат дека однесувањето е исто како пред долните. If your baby's teething pain crosses over to their ear canal, you may find them tugging at their ears too, or shaking their head from side to side as if they are gesturing no no no.
Мислам дека после 3 месеци, почнав да и ги перам алиштата со прашок и омекнувач каков што користиме и ние, пред тоа користев за бебе омекнувач на чико. На нашите алишта секогаш сум ставала омекнувач.
Што е со викањето на ЦЕЕЕЕЛ ГЛАС, вика аааааааа најгласно што може, викање да ако нешто држиш во рацете кога ќе викне да ти падне од раце тоа што го држиш. Јас мислам дека се заби, и претходно имаше ваква епизода но можеби горните повеќе ја болат па е погласна.. Значи на цел глас , трае 2-3 дена засега. Прават ли вашите така понекогаш?
13 месеци Има ноќи спие има ноќи станува еднаш мислев никогаш дека нема да спијам подолго од 1ч врзано
Од заби може да не спие? Ме мрдна овие два дена едвај го заспивам, претходно одма заспиваше сега се тегни, се витка, пишти, нејќи да цица, само каши јаде без проблем Не му е набабрено непцето, читам погоре дека немора ама незнам како да му помогнам, а и јас попуштам веќе со нервите вечерва два ипол саати се мачеше да заспие толку време плачеше уште на глава шо не застанав па да заспие, на крај мм го заспа во транспортерот го возеше..
На исто сме и ние.. Почнува да трие очи се спремаме, ќе се нацица и ако не заспе цицајќи само се тегне и плаче...Се фаќа за жлебината со рацете.. Прво мислев преморен е ама на секое спиење... 6 има, 4 горе доле2, изгледа двојки доле ќе вади не знам...И вино и мундисал и крпа давам ладна да жвака ништо не помага....Се чудам дали малце парацетамол да му дадам, сега има ниска температура цел ден .
Да бе и јас тоа се чудев, гледам точно на саат да е заспивањето ама неможи на секое да грешам Немам вакво искуство големиот не ни го сетив кога извади заби, овој мора да е гласен за се Јас дентинокс мачкам, можи поможва, јас да знам дека се заби и плачи од то ќе му дам парацетамол ама незнам шо е
Мајки, му ја напипав фонтанелата на синко и ми личи како помала од претходно, ако претходно била, карикирам, 3 прсти, сега е 2 прсти. За некој ден сме полни 7. Нормално е така?
Прават, и тоа на последно многу, се прашувам дали е нормално. Влегуваме во маркет се дере на цел глас сите се вртат, му велам доста не викај, абе си зема за сила и се дере уште повеќе. Имам приметено го прави тоа кога се повеќе луѓе наоколу, ваљда да привлече внимание, баш и педијатар прашав се насмеа кажа многу родители ме прашуваат истото,нормално е, така да се тешам со тоа
Малата е 7 и пол месеци, веќе неколку недели кога се фати за едно нешто почна да се тресе многу, да плаче до зајдување без прекин страшно и никако да го пушти, нит да земам. А тоа се магнети, воз, округли.... неможам да ја смирам... Не беше таков синко.. Што значи тоа???
За неколку дена правиме 7 месеца .. заспивањето стана хорор се тегнеме се влечеме урламе се дрецкаме во раце .. два вечери веќе пред ноќно спиење по 4-5ч. сме будни незнам што ќе беше ова .. дневни дремки исто пред да заспие 30-40мин. е урлање викање па ќе почне да гуга пее .. навечер се будиме на 2-2ипол часа .. нит сум наспана нит одморна што ќе беше ова јас незнам. Дали има некоја регресија нешто .. како сте вие во овие месеци ...