30та недела ни е до скок имаме уште 4 недели од 34 недела е .. заби можно да се ставаме се во уста кецовите доле ни се бели како млеко дури убаво оцртани .. незнам стварно што да мислам веќе ама душа немам
Заби ете исти сме, вчера пишев овде, коса ми се креваше ко ќе дојди време за спиење. Најдов финта го мачкам со дентинокс и го возам во транспортерот со количката и заспива.
Мајки кога преминавте од шише на чашка и каква? Бебе е скоро 11 месеци пие вода од шише со цуцла, ама знае да пие и од чаша со клунче. Пред некој ден кашата ми беше течна и без да му покажам шмукаше од цевка.. Инаку на доење сме.
Добро дали е нормално течење на нос 2 недели? Проѕирни лепливи мрсули и малце слуз, нит кашла нит температура. Бевме на перијатар го слушнаа рече ништо не е, да тапкам по грб за да искашла. Полека излегува хорниот кец, дали е од тоа? И со долните кецови беше исто, нос не застана 2/3 недели
Моево исто мрсулаво беше, му излезе првото запче. Се смири ден-два сеа пак се мрсулави, мислам дека излегува второто.
И мојот збесна овие дена. Само ржи, она баш grunting. Пред некој ден давав боранија, прдеше и така звуци, мислев од неа е. Ама, 2 дена не давам, продолжува. Многу е нервозен и во количка и на подлога, еве нејќе да спие на спална сме, само се врти. Забите го мачат, знам, никако да никне. Се пика во уста. Ама си викам и друго да не го маче. Скок не е, рано е.
И јас мислев рано е ама мојов очигледно шестиот скок го фати порано. Значи не смее од вид да ме изгуби, лудило дерење ко да го тепа некој. Спиење катастрофа, на секои 2 саати да се мрдало, да се лазело во сон, да се пеело, вчера во 4 сабајле стоеше во креветче, дремки со борба успивање, не можам да го додржам, силен е многу, раце ми паднаа. Со еден збор ЛУ ДИ ЛО
Можно е. Само кенка, ржи, како ништо да не му е погодено, а најаден е, искакан е, наспан. Кога шетам или работам низ соби, само ме гледа ако го држе некој друг. Кај татко му кенка, кај дедо му нејќе да седе. Се подига нагоре. Еве пак сме на спална, божем за пладневната дремка. Го оставив сам, се врти, гриза ќебе, мрда, прета, не го фаќам да видам баш дали ќе заспие. А ноќе иста песна, на 3 саати млеко, веќе неколку пати и скроз се разбудува, порано во полусон пиеше.
Аууу моево нема шанса во количка .. сака раце никако да се одвикнеме ... ноќеска стана во 01:30ч гуга пее на стомак се сврте се смее до 02:30ч будни бевме ме фати лудило .. денес сум како зомби
Ах, во раце нормално, во секое време. Ноќе е уште мирен, почнува да мрда за млеко, пие и заспива, до синоќа така беше па ќе видеме.
Ние вчера од 19ч. кога заспа до 23ч стана 5 пати .. и после во 1:30 до 2:30 си стана скроз мислиш сабакле 7:00 е
Ноќе спие ама дење никаков ред, спие по пола саат па плачи за спиење,плачи од забите Не им е лесно туку незнаат да кажат
Денес 3 пат заспива, еве го после 15минути буден и морам јас да лежам до него. Се врте, се мачи, од забите е сигурно. Чиста пелена пред да легнеме, ручаше веќе, не е тоа. Ај барем ноќта нека спие.
Леле истото е .. некни лудило ме фати 5 сати не беше спиен. Се тресев од нервоза. Ноќта сто пати стана, го земам во раце се смее си гледа ова во 02 часот ноќтаЗначи не сме само ние, да се утешам. Си викам зошто по цел ден вреска, најаден, преслечен, кај грешам
Нашите беа блиску мислам. Ех, во раце сака, да шетаме низ соба, интересно му е кога се варе нешто на шпорет, фаќа магнети на фрижидер, тропа на прозорец. А за врескање си вреска овие денови и тоа баш пискање, како да се кара со нас, хаха. Па си брмчи, па кенка, па мирен 2 -3мин. И пак исто одново
Да не се сфатиме погрешно ама некако ми олеснува на душава кога гледам на иста возраст што сме на сите бебињава ни се збеснати периодов.....којзнае што си мачи, многу им собира мозочето инфо изгледа периодов, не можат да спијат...