Кога сме сами дома со мм и синко, ќерката стално плаче кај мене да е само ( 6ти скок е) а кога сме кај моите си нема гајле да седи и кај нив малку Зашто така? Ми е жал за син ми , ме бара ....
Солза ми потече вчера. Па се на истата града ме гризе. А долните избија, ама не се израснати скроз. Не знам дали нив ги чеша дали горните го мачат.
Да прашам кога преминавте на две дремки? Не знам дали е до забите, ама одбива 3та дремка, па сабајлево во 8 стана, прва дремка 10.30 до 12. И еве вторава уште ја тера од 14.30. Обично станува околу 7, па дремнува околу 9, па околу 12.30 подолга дремка и уште една кратка има околу 17ч. Ова сега се изреметено. Едит: бебето е 6+
Мојов е скоро 8 мес, уште има 3 дремки. До пред 2 недели 4 имаше по пола саат. Околу 7, 8 мес се очекува да премине на 2 ама па ако може со 2 на 6 мес супер. Мене ме нервира ова успивање по сто пати, 2 дремки идеално.
И мојте имаат 3 дремки уште,мада таа 3 та е кратка,ама ме нервира,сакам да имаат по 2,но нема секогаш ние што сакаме.8 полни имаат.
По колку спие навечер? Дека 3 пати до сега не ја спие 3тата дремка ама па после порано го успивам и спие 12 саати скоро ноќе. Ама утредента рано се буди и пак сп 3 дремки... и така цик цак... Ова таман некој ред фатиш тоа си менува... таман бев лагодна со 4 дремки, тоа помина на 3. Таман мислам стабилни 3 дремки, тоа сака 2. Вака до 18 години?
Истово е и кај нас 6ти скок сме ама ние веќе излегуваме.... посчеднава недела е вака плачи да е кај мене дури и тато кога гп држи ама плачење рикање е ....плачи кога се бања еве шрее не успеавме да го избањаме цел нз што се смени толку
Првата 1ч и 20 мин, сам ја спие, втората 1ч и 10мин ама се буди после 30 мин па го презаспивам и третата пола саат.
Има ли некој да ми каже дали тука постои специјалист или било што, некој стручен за хранење? Малото ми е 11+++ и уште не сака обична храна, јаде со парчиња или пасирано и џвака мафта низ уста храната, ама нејќе ништо ни од наша рака да проба, ни па сам кога го оставаме не ја носи до уста храната туку гледа само, ја мафта и ја фрла или пушта од рака. Играчки и раце и прсти става во уста, храна не. Ме загрижува па ако има сакам да го однесам негде. Знам за БЛВ за Катерина ама не работи со деца она, ние не почнавме по блв туку со каши и прејдовме на пасирано со парчиња сеуште не сме освен ситно во пасираните, и купечки што се за 12+.
Мојата смени на три дремки но пак и се по пола саат, покасно се буди и затоа мислам дека смени, околу 9:00 почна да станува а и тогаш отприлика легнува. Доколку се разбуди околу 8:00 пак четири дремки има по 30 мин … 7+++ е Си чекам да смени
Види на Инстаграм профил zalche_po_zalche. Пишува терапевт за исхрана, ја следам ради совети ама може да прашаш за консултација дали работи.
Фала ти најмногу, одма проверив и ќе пишам деновиве дефинитивно никаде не можев да најдам нешто вакво и се надевам ќе имаме корист
Дали да давам сируп на 37.5? Прво 37.2 и за 10мин 37.5. На многу потопла ми личи, мерам со живин под мишка. Никаде дигиталниот неможам да со го најдам... 6м е со 8700, 8800 некаде. Незнам ни колку мл далерон. 4мл? Очекував зошто и големите закачија од школо (најверојатно грипот)...
Мојата матична вика над 38.3/5 сируп претходно не. Цела недела бевме со оваа температура 37.5 и не и дадов сирупче. Така да ја не би, подобро лепенка на грбче. На таа килажа мене ми рекоа 5мл