Дека мала е... на големите до 38.5 не давам. Ќе мерам сега пак за 10мин. Качува, 37.7 сега последно. Хрчка на носе малку и се подкашлува..
На таа возраст ради забче ми качи 38, само со лепенка ја симнавме. Чисти носето и ако качи ќе дадеш сирупче. Пробај расоблечи ја прво . И многу течности давај. Иначе вирусно е цела недела се мачиме со таква температура, млитаво дете, мрсули и сега веќе искашлува шлајм. Брзо и лесно да проаѓа
Јас и очекував зошто ептен заразно нешто е. Во школо од две паралелки со 40 деца кај вторачево, одеа 6 деца заедно... и сите со разни симптоми. Кој температура, кој кашлица, кој стомак и повраќање... Другото девојче само со кашлица ми помина (уште малку кашла), а машково па повраќање имаше и болка во стомак. Бебево вода не пие, чајче Бекутанот еднаш ќе и давам и цица. Па ќе висиме на цице сеа, лекот и е тоа Фала ти
Бебево ми е 10 месеци и од средата е со температура, ќе симне некогаш сам некогаш со сируп и си е весел па ќе качи и ќе клапне и се така у круг. Бевме на лекар четвртокот, крвна слика и црп супер, на гради чист, само грлото црвено и кашла. Утре сме пак на контрола. Обично приквечер качува. Е сега прашањето ми е колку е паметно да го прошетаме малку низ парк? Сега моментално нема темп.
Одете. Без контакти со други деца, да не го пренесе своето и да не фати плус уште нешто. Ако клапне ќе се приберете. Додека нема температура и има малку енергија, супер ќе му биде да искочи на воздух.
За таа килажа мене ми кажа педијатарот 4 мл да. На таа температура и јас мислам дека нема потреба од сируп, можеби заби ќе излегуваат, со лесно нека е само.
7 месеца бебо од денес мрсулчиња како вода проѕирни течат од носе како чешма .. дали е можно да е од запчиња темп немама 36.4 мерено денес или сепак е некој вирус/грип?? Само со никој не сме се мешале за да фатиме ..
Ние сме 8 и пол и веќр две недели одбива кашите и случајно преминав на парчиња.. си јади со џвака се... му правам палачинки, намаз на лепче, павлака со лепче,, рибанка со јајце, јајце пржено и сл.. ручек веке почнувам да применувам што ние тоа и он нормлано без запршки и зачини....многу ми помогна еден профил на инста zalche po zalche...
Крева нагоре и на 38.2 веќе и дадов прееска.. спушти макс на 37.4. Омалаксана очи на пола копје. Сега има 38, цица, ја следам и ќе давам па.. Главава и гори како 40ка да има, жешка
Споредувам со дигитален и живин, тука се некаде. Ептен знае 0.2 0.3 да се разликува. Ако е живин 38.1, дигитален е 37.9 пример... ама ако мерам 2,3 пати, ќе покаже и 38.1 и може и за 0.2 повеќе. Зависи каде и како ја фатам на челцето. Со тој само пазам горе да не отиде многу, а со живин премерувам ако сакам сируп да давам..
На главата исечено мало парче антипиреа ако е дозволено, не знам дали е. Големиот така ми качува, главата прежешка а на топломер 38, но голем е и држи крпа навлажнета со вода и се оладува. Периодов скоро секој се разболе од нешто, овие неколку недели има се … Со лесно само нека е.
Синко 6++ јаде еден оброк дневно. Дури јас му прекинувам, зошто мислам дека не знае за доста (на татко му ). Преинтересно му е јадењето. Е сега се не гледа во уста кога јадеме или пиеме нешто. Ајде вода му давам, кога јадеме нешто, малку банана или тоа што јадел ке му дадам малце. Ама не може се да јаде и да пие. И на гости не можам да им кажам на луѓето сок да не си пијат или да не јадат кашкавал пред него и децата грицки да не си грицкаат. Кај и да го свртам, тој накај децата се врти и ги гледа кај јадат. Е сега мал е да ми подлизнува солени смоки и чипсови. Имате ли слично искуство? Дали пак треба втор оброк да воведам, ама не ми стои гладен, да цица не сака...
Тоа се вика стрвно газе . Еве го истиот го имам, 3 оброци има дневно, 4 млека, а види некој дека јаде правец таму.....
А колку грама му даваш оброк? Јас давам 120 ама како малку да му е, ке се изнапие вода и пак после еден саат сака да цица па дури тогаш е таман..