Од инста најчесто...и ја сум неспремна ама не ги сака кашите нема што да правам..манџички му дробам. Супички без запршки и зачини
Имам еден ваков и јас. 3 оброка на 6мес, плус 2 ужинки накај 8-9мес воведов, и сега дома ручаме само додека спие. Иначе повеќе ќе му давам него отколку јас што ќе јадам. Јас му купувам бебешки грицки од ДМ, едните беа како оризови галети, другите пченични, со вкус на јаболко, морков, манго, различни има. И штом бара нешто од тие му давам. Првото дете не ми јадеше и сеуште не јаде и сега, така да ова колку сака му давам. Кога е најаден сам се врти и не сака да лапне. Ноќе не цица одамна, па ако сака и цел ден нека јаде. Само да не се глупости, соленки и смоки не. Му давам овошје или овие детскиве грицки.
Околу 150 грама. Знае и 170 да изеде, ама после пред спиење сака да цица и знае малку да бљуцне. Што инаку не прави.
Даа, мљацка додека ние седиме на маса и ручаме. Не ми е во ред да го игнорирам. А станат од спиење и нацицан пред пола саат. И го ставам во хранилка, гмечам некоја банана или некоја кашичка да има што да му давам и нему дури јадеме ние. Не смееш ништо да грицнеш пред него. Убаво ни е да си јаде, ама страв ми е да не претера.
Па јас и визуелно го гледам чинивчето, зошто потечна овошна каша е помалку грами, ама има волумен, ке го наполни желудничето.
И мене за тоа ми е, на почетокот еднаш изеде околу 100г јаболко со слива не ждригна одма го легнав,па му се слоши ми пребледе од памет ме извади, ждригна и како ништо да не било. И сега се ми е страв да му давам по многу, а очигледно малку му е и си бара. (Јас пасирам па во тегличка мерам колку е)
Бебево скоро 9 месеци...ср океу беше со банање посчедните 3 4 пати рика рика не сака да се бана не можиме цел месец главата да му ја измиеме едвај телото....што ср смени толку..од што се наплаши нз...кажете ми дека не сме сами. И како да помогнам што да направам
Мами и мојата е таква... а за една недела е 8 месеци Можда период е , и синко до ден денес плаче за главата
Леле баш ќе прашував за ова. Вчера земав да го бањам. Топло во соба, водата супер температура. Почнав и ајде на глава, се раскенка. Продолжив, си викам нешто изиграва, пак на глава вода, абе луѓе кога врекна, плачење страшно. Така набрзина, пола со пења, пола исплакнат го извадив, едвај го избришав и облеков. Прв пат ова, а сакаше да се бања, се смешкаше цело време.
Моите се за некои 9 дена скоро 10м. Значи што убаво си јадеа сега јок. Ништо не сакаат и кога само они сакаат пинат млеко. Жими една палента и грчки јогурт што јадат . значи незнам кај грешам ама искрено редот ни се поремети. Да не има некој скок во развој во овој период?
Прв пат вака, инаку сакаше да се бања. Си викам да не е жешка водата, ама не бе, не беше. Како бебе плачеше, ептен првите недели кога го бањавме, ама веќе 3 месеци и повеќе нема плачено.
И кај нас е пкеу водата второ ми е ај да речам сефте ново е незнам...се капеше и он се беше океу..скоро 9 меесеци сме..од 6ти скок излеговме фала богу нз што се случи
Не грешиш никаде, исто беше и мојот на 9 10, сега 11 има ако седне некој да јаде обавезно трча иако јадел претходно.. Кога извадам неговата чинија или го ставам у хранилка одма се возбудува и вика Мислам учат многу работи овој период 9 до 12 и не се заинтересирани за јадење толку, спиење. Пробај парчиња или пасирано или нешто ново. Инаку корка леб му дават домашните додека јадат. Дали е попаметно овошје или некоја смока детска?
Жени совет ми треба, за вакцина сме денес, трета доза хекса и рота, еднаш ја одложивме ради шо бевме настинати сега веќе последен рок. Татко му е три дена со температура неможи од кревет да стани, изгледа грипот го има фатено, изолиран е во друга соба ние сме добри ама за на вакцина тој треба да не носи, утре пак треба да не носи во друг град не одложно е па ми е страв да не префати детево а вакцинирано, шо ли да правам ми е шубе и да го вакцинирам а и да не го вакцинирам
Јас за бањањето да ви кажам дека од вриштење шо не сака да влезе да се бања, после пола година вриштеше од шо не сака да излезе.