Значи бебе цела недела си искача од креветче, се прекачува преку мене и си легнува до мене на перница. Големава спие на спална исто, уште он фалеше, кинг сајз кревет имаме ама ко сардини сме. Се фатив во кичма што ме шутираат цела ноќ. Кажувајте како да го научам пак во креветче да си спие, а го вратам, се буди и пак ми доаѓа.
Е нашето креветче е за украс. една недела дали спиеше. Затоа, сега сме на спална, а тато е избркан во дневна Не знам, не сум ни пробала да го учам во креветче дека вака до мене ми е подобро.
Како искашлува ? И мојата има шлајмче шосле прегледан вирус ама незнае да го извади надвор пак го голта
Хахахсхахсхаха доста жено ме изнасмеа, а не можам убаво да се смеам од кичмава . Извадена ми е едната ограда. Глупо е креветчето има едно ниво на душек само, големата на 10 мес ми се преврти преку ограда и сега страв ми е да не напраи и он таква глупост.
Мајки прв пат во 13 месеци ни се јави црвенило во пеленска регија, земав судо крем, се намали,но уште има…која друга крема ја препорачувате?
Само моето ли немирно спие скоро цела ноќ? Само што ни заврши 5-ти скок, иако е јаден, се буди доста порано ноќе, пие 200 мл. и легнува пак да спие. Е сега, кога и да легне после ова пиење млеко, он е мирен макс два саати, па почнува претање, вртење, соблекување чорапи и на сосема друга страна го наоѓам од креветот. Некогаш е пак гладен за кратко, некогаш воопшто. 6+ сме.
Трае од прилика недела дена црвенилото, а судо крем ставам 4 дена. Како да имаше на почеток брунчиња, но сега се намалија.
Епа продолжи со судокрем ваљда ви делува океј чим се повлечени... Нас цинк не ни одговара само мелем и Павловичева.
Мојов од 6 ипол мес, до вчера, ај да не го подречам сега нека продужи како синоќа лудило беше навечер. Станува, седнува, се тркала, пее, душа ни вадеше месец ипол. Им се развива моторика тој период, вежбаат и навечер. Ќе се врати во нормала ама дур не извежба се што наумил, не. Темпераментни деца, не им се гаси мозочето навечер, не ми дава да спијат
Дома сме облечени боди на кратки и шпикозни темп за спиење во спална ни се движи од 21.5° до 23°. Бебо се поти ксј рамениците позади на врат и во кослето на страната што спие .. секоја вечер пресоблакам додека спие .. исто е и со денските дремки.. покриени сме со тенко кебенце.. пробано и со пониска темп во собаа од 20 до 21° тогаш сме ладни камен .. дали некој има вака ме фаќа страв дали е ова нормално ..
Не верувам дека му е топло на таа температура и така облечено. Ние спиеме на температура од 24 степени. Облечени по боди на кратки, шпикозни тенки или пижамчиња тенки и чорапчиња и го покривам со дебело ќебенце. Не сум приметила да се поти. Сум читала тука на форумов недостаток на д витамин може да предизвика потење, ама и не мора да значи, може само такво си е детето.
И јас знам дека потат од недостаток на вит Д, прашај педијатар ќе ти зголеми доза сигурно, а температурата ви е таман.
Ќе прашам баш во понеделник ќе појдам. Поеме babywell drops 2x0.5ml i babytol d3 i babytol d3omega ...