И ние така, вигантол и бејби тол со омега. И јас приметив дека се поти, последните 2 недели баш остава трага на перница. Инаку, спиеме на 20-21 степен, боди на долги и пижами долен дел без чорапи, покриен со 2 ќебенца. Не верувам дека му е жешко од тоа да се поте иако е саклетчија. Не сум знаела за д витамин, баш ќе прашам, на контрола сме на 19.
И моево ја плукаше, ама од 5-ти скок навака, никако да заспие цврсто и му се фаќа пола вечер со неа да биде. Му ја вадам некогаш, по 10-15 мин. се буди и плаче. И пак морам да му ја дадам. Исто и за денските дремки. Се тешам дека преку ден воопшто не ја сака. Само за спиење. Ама како и оваа навика да му ја тргнам. Едит: А, и прво запче му никна периодов, има малку нервози, веројатно и утеха му е.
Синко денес е со температура, сега спие. Го облеков по боди со долги, тренерки и чорапчиња в соба ни е околу 24 степени. Да не е малку облечен???
Таман е. И кај нас е толку спалната и исто облечена беше. Јас само шпикозни на долги. Него она пред 3 дена имаше температура, сега подкашлува и има мрсули. Денес и осип по стомак таков ситен ситен испод кожа. Од температурата е така? Јас и дадов денес блокмакс иначе сеа пред спиење и да видам дали ќе поспие. Душа ми извади, а и она се мачи. Заби ли се што ли е, ова како новороденче вака не била. На саат време со денови плаче и цица, како зомби сум... Сеа какво вриштење имавме пред спиење, едвај се смири
Не знам ете и денес синко цел ден. Барем јадеше само малце беше кенкав беше а дури 38.4. Како успеа сируп да даваш, само мене ли ми повраќа сируп??
Ау мене денски парацетамол лом од повраќање. Туку мајка сега му мерев 37.9, да давам чепче или не? Спие синко ми е жал да го разбудам....
Бебе 6++. Не сака веќе на под, не сака на меше, не фаќа играчки, не сака релаксатор. Само кенка цееел ден претходно беше океј ќе се заиграше, ќе се вртеше, колку да напраам каша, да потсредам..сега јок. Сака во раце и некад внимание му задржуваат биби боби, колку да јадам/вц да одам...скок ли е или вообичаена фаза? Мада од др страна си викам мешето да не го мачи..откако почнавме со храна кака посуво, некогаш 3 пати на ден некогаш после 2-3 дена вода никако не сака, давам круша, слива, јаболко, тиквица..избегавам компир ориз морков, пак е исто
На мојов во релаксатор пред тв му е најинтересно, на под само ако има некој до него инаку плачи не седи. Колку и да нејќам да гледа тв морам да му пуштам за јадење да направам или нешто итно.. За какањето исто, а омилен му е компирот, јадеше завчера па вчера и денес плачи од шо кака тврдо маслиново незнам дали ќе смени нешто да му ставам уште му немам земено.
Леле исто хахаха кичма ме искина од лежење долу па и како ми пукаат коленава коа ќе клекнам да го дружам..страшно. И јас..може ете немајки сме со цртаниве, ама не можам да го слушам да плаче за без потреба..пуштам ама и секако штом завршам каша, вц, алишта набрзинка одма го анимирам.. Инаку јас веќе недела ипол во зеленчуковите додавам малку маслиново ( пола мала лажичка или малку повеќе ) ама не глеам промена..завчера сува слива јаболко, вчера круша, денес тиквичка спанаќ маслиново ( ми беше страв ориз да му стаам ) и пак како козиче тртна Инаку таман почна да дремка 2-3 пати по мин пола саат макс саат, сеа пак е жива мака успивањето.. Плаче од што му се спие, црвени очиња и нејќе
@mariz извадивте забче? Моево од завчера температура 38.2 па 38.4. Вчера цел ден горе-доле. Кашлица нема, носе не тече, урина чиста. Матичната вика настинка... горните кецови ни се наредни за вадење ама нема ништо. @Besbes24 прва доза го сакаше Далерон, после со тешки маки. И 5 пати какаше после, а и темп тешко паѓаше на 4 часа давав. Синоќа чепче и цела ноќ не ми качи температура. Инаку јас давам над 38 кога е. Одма му се приметува зошто го бута. Паднат е подзатвореби очиња и жално ни е да го гледам. Ама пак темп значи орг се бори со ингект и не треба одма да се спушта.
Не... вчера и осип имаше по тело, така да вирусче некое. А и јас клапнувам, се затнав... На допир има нешто тврдичко испод непце, апла нервозна е и уште многу станува навечер. Порачав Осанит, па се надевам ќе и олесни тоа да извади лесно..
Абе го остаив вчера на подлога 2мин да запржам манџа за нас, го слушам мирен е се вртам заминал на ламинат со голо газе исмочан прерадосен Гол кефој е, па ко шо се врти само го слушам "туп" со главата на ламинат од стомак на грб ко ќе се врти или во кревет ќе се удри или ќе ја лижи гарнитурата мајка му е сега за игрална затворен да нема кај да бега ама колку ќе седи во неа сам можи само место ќе ми зафаќа.. Мајки или немајки, брат му го научи пиличи му пушта, па сега и за приспивна ја бара то је пиле мало ти барем македонски му пушташ Варев вчера компот од сливи му давам да пие, се мурти ама голта ќе видиме колку ќе има ефект, се по малку кака одамна нема наполнато убаво пелена Спие овој ако му е точно на време заспивањето првата и третата дремка околу 40мин, втората после оброк макс 2саати со презаспивање, а заспивање стрикно во раце и да шетам по соба порачав сега појас за грбов се искривив скроз
Какви се ти не печатни грешки... ц ц ц... луѓе се надевам ме разбирате. 3 години го имам телефонов, тастатурата од прв ден ја грешам и тоа ти е.
Оди кажи му на маж ми за чепчето, арно што навечер е на работа иначе би ставил и на 37.3. Од 13 часот до 20 над 10 пати му измери темп. Иначе дадов преѓе блокмакс на 37.7 мн мн ми беше омалаксан. Ете сега 37 изгл пак ќе крева. Не го однесов на доктор јас, вирус некој има вака со темп???
До 37.5 не е темп за мало бебе. Јас го иставам да крене над 38, зошто тоа е одбрана на организмот. Само да не оди превисоко. Ако рано му ја спуштиш му го рушиш имунитетот и може подолго да трае вирозата. На мали бебиња ептен им се познава и мнг се жални, ама кога е под 38, пробај со вински оцет на памукче па во чорапчиња на нозете. Со водичка бриши му го лицето да се лади и туширање кратко им дечува добро. Без главата да ја топите. Не знам дал е вирус кај моево синока и сега нема. 36 саати траеше.
Ова хранењево на детево цела наука испадна. 7+ распоредот ни е ваков: Околу 8 и пол - 9 пие млеко 180мл 11 и пол доручкува сигурно 200 грама кашичка Околу 14 часот пие млеко 150мл Во 16 и 30 ручка исто 200 грама кашичка Во 19 часот пие млеко 180мл Во 21 и 30 пие млеко 150мл Накај 01 ноќеска му давам уште едно млеко 180мл. Никогаш до сега не ми оставил ниту кашичка, ниту млеко, а јас се плашам да не му го оптеретам нешто мешето. Мислење?