Ние сме 9 мес од 150 до 180 моето повеќе не пие хи остава... сабајле шие 150.. вечер пред спиење 150 180 ...и два пати станува исто ја пфавам 180 некогаш ги испие некогаш оставе... и пред 2ра дремка му давам 120 ...
Моето кога се роди цело време така спиеше. Може 2 месеци. Прашував педијатар ми рече ништо страшно. Мене на рилсови ми искачаа глупости, ко за све да се вадам од памет Сега скоро 7м, некад со цуцла заспива, па ја пушта ама затвара усте..одамна го немам видено така да спие.
Моето така заспива со ммм-ммм-мм како нажалено. Кога го нишам за заспивање и ќе почни така, знам добро е, заспива веќе. Инаку на тема грамажа за кашички, јас се водам по што конкретно давам. 200гр. овошна каша со житарка и 200гр. авокадо со жолчка и банана не е исто. Кога давам вакво нешто покалорично, правам помалку, околу 120гр. и таа едвај ја јаде. Не се водам стриктно по грамажа, ниту пак секој ден има ист интерес за јадење, го следам детето.
И мојот, последните неколку вечери, како ммм-ммм и денски и навечер. Еве, сега едвај заспа, дури како да му се плачеше, покенка и заспа. Ама, и ич не е расположен. Го ставам на подлога, вика, кенка, се нервира, во количка па ич, ништо не можам да фатам. Баш сега видов, 34 недела според dr.goodnight е раздразнето бебе и лошо рсдположение, до средина на 37. Почнат му е изгледа и 6 скок, на нет пише почнува околу 33 недела. Офф...
Ехееее и мојата, значи хаос !! Едвај чекам да завршо 6ти скок ама пак не чека 7ми и пак се во круг ццц...
Не, од мала така спие.. читав као можно е ако има подврзано горниот дел меѓу кецовите. Па затоа прашувам ако некоја мама има слично искуство...
Колку оброци треба да има и колкуу млекаа, само што наполнивме 1 год? Ако пие млеко пред дневната дремка не сака ужина. Ако јаде ужина не јаде вечера... никако ред да фатам.
Уште еден симптом да запишиме а заб уште нема се повлече сега од како го искапив од лигите беше изгледа..
Одат ли вашите бебиња кај секој во раце? Поточно како реагираат на непознати? Плачат ли? Некна бевме на педијатар, го зема таа и тој првин ја загледа така, па почна да се смее дека носеше маска докторката и му беше интересно. А таа: " Што ми се смееш ти мене, треба да плачеш кога ќе ме видеш да те земам". Не дека оде син ми кај секој, еве пред некој ден бевме на гости и повеќе луѓе, галама малце, се расплака и кенкаше додека се опушти, после пола саат да речеме. Не знам тоа што отишол кај некој непознат дали е лош знак?
Зошто лош знак??? Поубаво да не е дифтар дете кое рика до помодрување ако види некој друг освен родителите? Не заебавај, остај го да се дружи човекот
Зависи од расположение, оди ама некогаш знае од кога ќе го земат да се расплаче. Да не рече докторката ко на шала? Оти обично децата плачат на доктор. И нашата така коментира некогаш, оти и' се смее и и' гуга, си прај муабет. Менуваат периоди, скокови, постојано стануваат се' посвесни за околината, јас не мислам дека е лошо ништо, можеби таков карактер е бебе. Мене па повеќе ме нервираат коментарите ако се расплаче, леле одма, па зошто така баба, па мајка ти ли ја немаш видено па одма нејзе ја бараш, па бато незнамчиводете во сите одеше без плачење Знам дека се само така кажани, ама па се осеќам одма дека треба да оправдувам зошто детево плаче.
Првото дете никого не сакаше. Не плачела ама никако не одеше кај некој во раце, освен најблиските. 6 год има, ако непознат и прозбори ни во очи не го гледа, а камоли да врати на муабетот. Ова второво се смее на сите. Гледа во сите, гуга на сите што ќе му зборуваат, дружељубиво човече. Не тоа знак за ништо, такво си е детето.