Извини на задоцнетиов одговор. Вода пиење само и само со шише со цевка на Philips. И големиот така ми пропи, и малово сега. Сите можни шишиња ги имам пробано, само ова "упали" кај двајцата. Дневни подои 2-3 во зависност од тоа како јаде дента, а навечер не ме прашувај. Како новороденче, на 3 саати се буди, жива ненаспана сум. Во однос на screen-time сум Хитлер. Големиот ми е 2г2м и тек сега почнав да му пуштам цртани на мк (за развој на говор) и тоа страшно лимитирано време (најчесто кога е болен), па така и малово колатерална штета покрај брат му...гледа и тој. А музика нон стоп им пуштам, секој ден!
Мајки, еве веќе 11 дена откако ни заврши 5-ти скок, бепче уште е со намален апетит. Се молиме преку ден за 170 мл готова формула, на 3-4 часа. Пробав секако, не бива. Е, затоа ноќе се буди на секое, седи буден, си игра, си пее, едвај презаспива, и двапати пие млеко, еднаш 200 мл., втор пат 170. Ве молам утешете ме дека ќе пројаде барем денски. 6++ сме.
Бебе 11 месеци смеам да направм палачинки со кравјо млеко? За две три недели прави годинка или да чекам?
8++ што е со цицањето и со вртењето/подигнувањето па пак назад на цицање, ќе се тегне да се испрви и пак се зафрлува назад на цицање, ова веќе некоја недела трае.
Јас палачинки. Проја, кифлички се правам со обично млеко битолоско..бебр е 9 месеци... иначе си пие ад хипп..ама во храната употребувам обично млеко
Мајки,зошто бе овие мои бебиња јадат по многу малку? Како што ве читам 180,200г оброк,моиве двајцата заедно толку не изедат,дали дека цицаат,што знам,мн се невирам. Ме теши тоа што на килажа се добри,крвна слика во ред,ама сакам и да ручкаат по повеќе.
Да не се нервираш ич. Еве ти колку јадела ќерката во еден ден на 8 месеца, скриншот од апликацијата каде што си запишував. Синот на иста возраст над 200гр јадеше на секој оброк. Ништо различно не сум им давала, се по ист редослед нудено и воведувано. Некои деца едноставно не се јадачи и тоа е.
Јас пред да почнам со цврста храна педијатарот ми кажа дека секое бебенце е индивидуално и да не се секирам ако не ми јаде количински многу. Најважно е тоа што си го пишала ти: да напредува супер и крвната слика да е океј.. Нема правило никакво, некои јадат и по 200г ама се слабокрвни. Исто така, редоследно да се воведуваат оброците како што треба (6,7,8 месеци нели) без разлика колку јаде, бидејќи може одеднаш да изненади и маф да почне да прави Ова е совет од мојата др, па да споделам да не се грижиш
Со поголемата ќерка немав баш таков проблем,со овие сега..исфрустрирам се кога треба да им готвам и кога треба да јадат А они така ожлембени чекат јадење мислеш до трт ќе изедат се',ама тонч..малкууу и со ништо не можам да ги натерам да отворат уста за уште,а за цице душа дават. Ама како што викате сите деца се различни,јас го знам тоа да,ама ете мајка,се грижи за се'
Ќе речите параноична сум ама ајде де...сакам чисто да слушнам мислења..синко е 9 месеци..некаде пред недела две..научи да плеска до рачината за по некој ден прекина и еве не сака да прави..така уз песна кога запеев плескаше сега не сака како никогаш ни да не правел...како се кај вас кога научат нешто...дали константно прават или прекинуваат еве конкретно за браво, чао...
Имав некоја желба да го одбележам денов со мислење, па еве на последниот ден во групата на бебиња до 12 месеци нека оди во оваа тема. Бебе денес наполни една година и од утре официјално имам тодлер. Не сум емотивна по природа речиси воопшто, ама имам некое друго сфаќање за секој момент кога ќе сфатам дека ова ми е последното бебе. Последно новороденче, последно пробување храна, последно проодување, последно прозборување. Со првото немав никаква носталгичност за сите тие моменти, ама сега се фаќам себеси како пробувам да си ги врежам во сеќавање зошто е за последен пат. Прославивме како што треба, му направив декорација од балони, пресмешен беше колку им се израдува. Онака искрено, детски. Ама со ентузијазам како да видел ново светско чудо. Се надевам го чекаат многу такви радости во животот.
Мами здраво .. Бебе има 8 месеци и време е да воведеме вечера. Распоредот на хранење ни е вака .. стануваме 7:30-8 09:00 доручек каша 12:00 млеко 150мл 15:00 ручек каша 18:00 млеко 150мл 21:00 млеко 180мл и заспива. Ноќе се буди 2 пати за млеко и пие од 150 до 180мл. Планирам млекцето што е во 18:00 да го заменам со каша и да ни биде вечера,па во 21 да заспива со млекце. Дали е во ред вака? Млеко дали е доволно? Си јаде убаво каши, повеќе од 190гр. Гладен не е .. Сакам ваше мислење На АД сме.
Мора да има млеко 700мл за таа возраст во денот. Давај по 180мл наместо 150. Јас давам 4 по 180 и плус 3 оброци исто е 8.5 месеци. На вечер нема да станува. Чим се буди гладен е. До година најважно е млекото
Ист распоред има синко, со плус минус пола саат, 8 ипол мес е. 4 млека треба да има дневно, мојот пие меѓу доручек и ручек, пред спиење, едно во тек на ноќ и едно сабајле. 3 млека му се по 210мл едно е 180мл.
Како ви се распоредени оброците вас? Вака му доаѓа на 3 часа да внесува млекце или храна .. незнам како да го вклопам млекцето за да пие 3-4 пати во денот ..
Со воведувањето на вечерата синко ќе пие во 12:00 па после му доаѓа во 21:00 да му дадам млеко. Ноќе пие 2 пати. порано се будеше околу 2-3 ноќеска за млекце па сабајле околу 6 а сега околу 00:30 ми станува па околу 4-5 пак се буди и тоа со плачење .. Дефинитивно е гладен ..
Прво сабајле пие млеко, па напоредно доручек млеко ручек млеко вечера млеко. Со тоа што после млеко 3 саати ништо, а после оброците 2 саати млеко. Обично е вака.