Нејадењето кај нас дефинитивно се должи на ново запче. Од вчера официјално и второ запче имаме. Ама затоа плачки, плачки, така немаше плачено отакако е роден, душа ме заболе. И синко дефинитивно повеќе сака потечни каши. Ќе се тешам дека почнавме од скоро со оброци, па ќе јаде понатаму подобро.
Дали во 6 скок ви одбиваа да јадат? Леле до пред два дена јадеше се' без проблем, овие два дена мака мачиме, не сака, вришти, едвај 10ина лажички, не му бутам, само нудам и ќе се излажи ќе касни, ама после почнува да го чува во уста и ми е страв да не му залетни. Синоќа палента и јогурт дадов, вриштење до немајкаде, му дадов шмукалче го мавна во 2 минути. Денес пак не сака, ни доручек ни ручек јадеше, само малку јогурт се напи. Или конечно заб да очекувам? Една недела тек, ме збудали овој скок.
Што можам парчиња за вечера пример еве да пробам? Ма да, вчера пробав зеленчуковата каша во сецко на ептен ситно, место во блендер и не сакаше, плукаше и плачеше. Ми е страв некако за парчиња, му имам видено неколку пати брокула дека лесна за држење, ама само што ќе допре до уста, се гади.
Јас денес му убацив млеко и меѓу ручек и вечера баш да видам дали ќе смени нешто со млеково навечер. Докторкава ми рече као навечер ти се буди зашто 4 млека треба дневно, ти му даваш 3 и затоа ти се буди за четвртото.
И ние сме во 6 скок. До сега вакво плачење и моето немало. Ништо не сака само во раце и таму плаче. Ако ме снема 1 мин од видик исто така плаче. Со јадењето исто како вас. Цело време нудам ама едвај по неколку лажици прифаќа да јаде.
Јас да се пријавам повторно, бебе 4 дена каша нема пробано. Брадавици рани ми се. Според математика сеуште не сме во скок. Но баш исто ко што објаснувате...
И мене истово ми се случува после многу време. Синоќа стануваше на 2ч за цицање и денес исто цел ден. Убаво фаќа и се ама брадавиците црвени и печат од толку цицање. Сабајле изеде 150г просо, круша праска..од страв да не е гладен ручек дадов 200г (батат, тиква, тиквица, спанаќ) и двата пати цицаше за саат време цел ден кенкав, плачлив, маста ми ја извади..у скок видов не сме, заби ли се мешето ли е не знам .. Ненаспани двајцата денес, плус добив си викам млекото нешто да не ме заебава, ама се утепува од мочање и бљуцкање ко и увек.. Ај нека пишат другиве што сме генерација, хелп
Јас мислам поради циклусот дека ти е бунтот на бебо... Зошто еве ти јаде гајле нема.. Сеа првпат ти дојде? Ехе цел оброк терате вие, наздравје нека му е. А може и запчиња, сеа мислам кај сите ни е баш така... туруруру туруруру... Имате симптоми на запчиња?
А ја па некаде имам чиѕано дека кога веќе ке имаат 3 оброци треба да станат со млекп и да си легнат преку ден не... кога ќе му треба повеќе од обрпците тука се ужините...ние сме 9 мес не пие млеко преку ден ...сабајле и пред спиење
Јас му давам се веќе ...комај и од нашето јади спремнао на маслинобо без запршки и зачини нормлано...ама дефинитивно во 6ти скок не јадеше ништп, слабо, плачеше..ноќе стануваше седеше буден...не сакаше бо никој да оди освен јас
Кога ќе има ужинки тогаш млеко не, дур нема ужинки млеко. Сепак до година млеко треба да внесува бебе. Јас после 9 планирам ужина да воведам. До душа во градинка кога ќе тргне секако ќе си има
Не знам..се стискам млеко шприца од 3 дупки и големи капки искачаат, плус на толку цицање..ама дали вкусот му е сменет или хормоните нешто играат улога..не знам стварно инаку не, си добив после 4м, ова ми е уствари 4 циклус... Инаку за запчиња педијатриве ми рекоа као почнат е процесот уште пред 3м кило лиги, насилно става се во уста, гриза..ама уште ништо нема, ниту грепка ниту подуено .. Не знам, се надевам утре ќе се смири зошто утре 2 ден ќе ми биде смрт.. Цел живот имав преобилен, болен циклус од 7 дена, се радував дека после пораѓај ќе ми се смени ко што ми кажуваа, и ми се смени - бетер ми е од кревет едвај станувам, стомак ненормално боли, а за крварењето првиот циклус у ноември завршив на инекции
Охохооо јака ти душа.. дајбоже да ти се регулира на подобро, инаку снагата у минус... А што незнам па дали е подобро да имаш или да немаш, вака ве читам како мака мачите со доењево и циклус... А мене толку ми треба еден детокс, а добиеното е уствари природен детокс... Имав кафенко па ќе видиме... Предходно не ти се бунел вака кога си била со циклус? Кај мојава исто не грепка ама две дупки има на долното непце, и е ултра нервозна корне со уста што најде... И нудев јадење прееска и и текна чорапа да ја извади, па ја тегне ја гризаше силно... Души којзнае колку им е мака (А богами и мене... еј колку каши фрлив)
Мајки,може ли некоја да ми каже како се користат осанит гранули за заби и гелот по колку на ден се дава
Шо е сега со дремкиве од 20минути? Најаден, пресоблечен, тивко, затемнето 20мин како на саат ете го ококорен мислиш се преспал А и кашите не ми ги јаде некако со сласт како на почетокот а планирав ручек да воведам (Утре полни 7м)
Еј па ние исто сме големи. Утре полни 7. Зеза со заспивање, со спиење со се. Со јадење не, ама јадач ми е детето има ручек веќе неколку недели. Ужива да јаде. Цицањето како за жед му е. И навечер за заспивање ме малтретира сто саати на цицка. Го презаспивав вчера да продолжи малку дремка, не знам дали е време за две дремки. Има денови убаво си спие 3 дремки, има денови како денеска ја одложува првата па еве и втората и трета нема ни да има, за да заспие во нормално време. Како сте со дремките вие?