Можно е до вкусот да е, имам читано дека млекото за време на добиено станувало малку по солено па затоа да ти се буни, и јас имам заприметено вреска кога ќе добијам.
Ејј роденденковци на ист ден Абе не дека јадеше се и претходно ама компир, тиква, банана пасирани обожаваше ќе подметнев плус уште нешто ќе се најадеше. Сега со житарките не отвора уста, ке му го пикнам малку лажичето па ќе шмукни, ја јаде цела ама не отвора уста Можи сака Blw ама ми е страв да седи сам стабилно ќе пробам... На два саати бара да спие заспива за брзо ама не спие многу
Мојава па гајле нема, добиено не добиено, цице и е на прво место @angel4444 за циклусот да се надоврзам, јас добив точно на година малата кога направи, и ден денес сум во шок сите добивања ми се лесни, не ни осеќам нешто, крварам да, и тоа многу, ама болки, немам ич. А од кога знам за себе имав преболни добивања.
Верувај не ти треба ваков детокс Кај преморена, уште болки и крварење..замисли. Инаку синоќа прв пат преспал од 7 до 6 сабајле. Коа стана за цицање ја од памет се извадив, цицкиве камен цели со топки Фала богу исцица, ги разби.. Поим неам, денес е бајче.. Мене ужас ми е..колку се радував коа читав демек доилки добиваат после 12-13м..
Само моево дете изгледа не приметува кога имам добиено. Колку се плашев дека ќе одбива да цица тогаш, она гајле си нема, ама баш е страствен цицач, па цицката ни е за се лек. Сега гледам и @Cherry blossom89 пишала исто. Инаку јас и пред пораѓај и сега немам нешто обилни циклуси ниту пак болни. Вториот циклус по пораѓај кога ми дојде беше нешто пообилно, ама се врати на старо сега.
Па ти си била јас а и ќеркиве исти ехее, не да е страствен, од прв ден во болница. Ама баш никогаш не ми одбивала да цица, заби, скокови, спиење, добиено, напротив, за сè и е утеха цицето и за млекце душа дава
Што даваш од житарки? Јас просо едвај денеска изблендано во Нурти, киснато претходна вечер и разварено. Со јаболко и крушка изблендав. Освен тоа, палента, ориз и ке воведам овес кај и да е. Друго не се трудам да воведам, и така ние не јадеме.
Палента, ориз и просо. Палентата ја нејќи, просо еве блендав убаво дојде скроз мазно ама не бе нејќи, е оризот така директ сварен му го дадов со овошје го јадеше.
Скроз исто сме. Палента и просо неќеше никако. Оризот, така, така, ама го изеде со овошје. Ама, ние заби вадиме, па се тешам дека е до тоа.
Ако ги давате чисти, нема да јадат. Немаат никаков вкус. Просо давам само со овошје, најчесто банана и вишни. Палента повеќе со овошје за доручек, поретко за вечера со јогурт. Ориз обично за ручек со пилешко и зеленчук.
Прашањево наменето за мајки чии дечиња од 9 месеци ги чуваат баби/дедовци, а мајката треба да почне на работа. Имам уште еден месец од породилно и чисто онака да си се спремам во главата. Ме интересира дали им готвевте од вечер? Како се организиравте во тој поглед? Сега додека сум дома му спремам се тазе, дури не му давам ни од ручек ако остане, за вечера да го изеде. Како правите вие?
Цел месец мачкав непца заб нема, се откажав престанав да мачкам, сите симптоми ги помина Зошто би дала чиста житарка? И за воведување мешав со овошје. Уште со јогурт немам пробано.
Обично сабајле му правам за доручек и ручек. За вечера сум секогаш дома. Му правам житарки, ориз, просо.. или од помош наутро ми се инстант кашите. А во мали теглички му ги ставам испасираните овошје и зеленчук. Кога ќе дојде време за јадење само да ги помешаат со основата. Станувам, додека се измијам го ставам зеленчукот да се вари. Додека се вари му ги правам инстант кашите во две тањирчиња, се спремам, облакам, до тогаш јадењето е сварено. Го блендирам овошјето го ставам во тегличка, после го блендирам зеленчукот го ставам во друга тегличка и спремен е. Реално не одзема многу време како што делува
Првото го чуваше баба му и му ги правеше кашите. Кашите на таа возраст се врање зеленчук/овошје и основа дали житарка или нешто друго, зошто бабата да не го направи тоа, не одзема време и не е комплицирано, доколку мајката со сите секојдневни обврски може да зготви не гледам причина зошто бабата не би можела, ова е само мое мислење, можеби намирници може да обезбедите а таа да ги припрема.