Сега сама во креветче заспива јас до неа на спална, а заспиваше во раце. Осетив дека и било потребно сама да заспива, се шири во креветчето, 8++ е.
Добро кога ги фаќа сепарациска? Две недели веќе не можам да мрднам. Ако не ме гледа вриштење. За нога ми е закачен цел ден. Кујната ми е споена со дневна, на 2 метри е од мене, а укопча дека не сум до него мамамамамамамм, правец накај мене. Седам во кујна кафе пијам, татко му го држи, ме гледа значи мамамамамаамма. Ја со девојчево не сум имала вакво нешто, машково лепенка невидена.
Погрешно прашање. Ке прашаш кога ги пушта. Се сложувам со @merriel0 изгледа до генерација. Само запиња и вика за нешто. Дури се свртам, после ми се смее. Мора да е во центар на внимание.
ехх само дома кога сме вриштење, плачење за да е кај мене.. нема шанси кај татко и да седи ( слично беше и со синко посебно кога почна во градинка лудило... ) а кога сме кај моите си седи кај сите и ако поминам јас а да не ја зимам плаче мамамамам Па кога сме сами дома цел ден од подлога ме влече скроз за да станува, абер нема ни од играчки Мислам при крај на 6ти скок е па ќе видиме, од понеделник во градинка.
Значи како се справувате кога плачат за надвор??? Надвор кога ќе идеме нема шанса 2ч да седи в количка инаку без проблем ќе ја носам цел ден.. ама ни в раце не бива со скафандер... Ја тргам да не плаче по ходник и пак пак Со синко не беше така, ич не сакаше надвор да оди
Изгледа требало да се пожалам овде за да јадe изеде цела чинија палента со шмукалче на нутрино, или па си рече поарно ова отколку просо
Без тренинг, само почнав повеќе да ја следам неа отколку часовникот, и кога и е време за дремка ја ставам и заспива.
Кога треба да преминат на две дремки? Сабајле стана во 6ипол, во 9 спиеше цели 5минути, во 11 заспа спиеше до 12ипол, еве сега пак заспа, и следно заспивање ке му е во 18 до сабајле.. Ама му се спиеше и во 9
Така изгледа и ние, ама гледам поубаво спие со помалку дремки, само шо нема шанси да издржи 4 саати буден
9+++ сме и пат приметив мала модрица на ногата на син ми, ваљда се има треснато со некоја играчка. Му излегуваат ли на вашите ако се удрат?
Цел 6ти скок беше таков после се смени почна да се заигрува..иначе неќеше ни во тато да седи а камо ли некој друг..одма подаваше рацр накај мене и плачеше
Добро вашиве кога научат нешто да прават ново вп смисла на имитирање цело ли време прават или стопираат ?
Во шести скок имал некој искуство со одбегнување да цица преку ден, ноќе си цица пред спиење и почна ноќе од будење 1-2 да се буди 3-4 пати за цицање а преку ден не сака?
Ние сме на ад, ама исто е. Веќе неколку дена преку ден слабо млеко пие што е чудно. Ниту еден скок не му влијаел на пиењето. Сега денски што му давам, остава. Направам 150мл, ќе испие кога 30, кога 50. Друго фрлам. А навечер пие. Сега пред спиење испи 150, а и ноќе се буде на 3 саата и пие.