7м бебе..Дали некој се соочува со хистерично пискање и плачење без престан од непознати места? Дома кога сме глас не му се слуша..штом отидеме кај моите или било каде нацицан, наспан, чист не прекинува да плаче и пишти. Само што ќе дојдеме дома-магично престанува, игра, се смее. Во кола сака да се вози, во количка надвор,по молови се,супер. Но во други куќи секогаш вака прави..прво мислевме дека е др причината, но ова веќе цело време е вака. Истите луѓе кај нас кога ќе дојдат не реагира..
Од непознатите плаче и непознатото место... Денес дојдоа золва ми и маж и (не биле 3 недели). Јас лабаво си ја земав и стаив во хранилка до золва ми најблиску, а ние сите седнавме да ручаме. Кога фати бебе да плаче, урла, солзи, пиперка стана. Се плашеше од нив, иако ги знае од раѓање Исто реагира на сите месец дена. На гости не сум ја носела 2м сиг, па незнам како би реагирала. Ама дома со непознати многу плаче. За Василица едвај ја смиривме, па сестра ми седеше во спална со неа (дека мн гости и мн непознати). Нормална реакција, растат и разбираат..
Добро е..јас се загрижив.. Коа беше помал изгледа ништо не разбирал, немавме проблем Сега 1ч да не можеме да го смириме така јако да пишти со солзи, да се ујади целиот еве уште така диши Набрзина ручек, торта, кафе и право дома татко ми вика сите сакаат вакви гости ахахаххах
Мојава после 15мин се опушти. Ја земаа во раце и на растојание ги гледаше.. после веќе сфати кои се, па им се насмеа Море пораснати... вчера за да излеземе со маж ми, бегавме веќе Се смееше... вика кај и да е, нема да може да и бегаме хахахаха На гости којзнае како би реагирала...
Не ја носам сега никаде, ни мол, но гости, а ќе се молам да не донесат нешто бато и дада. Ги касниме вакцините....
Истата бев јад никаде не го носев..дут брше топло шред да почне зимата каде и да одевме надвор во двор.. комшјвка свари кафе ама надвпр дома не сакам... посчр почна стомачен...па сипаници 2 месеци..не беше вакцониран , бато не одеше вград, на дистамца од сите..го вакциниравме бато попна вград и шо две нед го осипа..( викам не можеше да прескокниш) , посчр две нед и малиот го осипа на 5 месеци тоа... ајде пак изолација, намален имунитег никаде носење...го чував до 8 мес само да го вакцинираме..кога па ги фати грипот бебр 9 месеци дпјде никаде не го однесовме, плус заспива 7 саат ...нит ми се оди нит ми се сака да дојди некој...некако човек се оддели од многу работи...нека се живи здрави за другото ич не се замарам
По колку мл. млеко ви пијат дневно вкупен волумен (вода+формула)? Вие што имате еден, или два оброка воведено?
@Tea SK почнавте со адаптација? Ние денес прв ден, ме болеше душа дома и за среќа не се расплакав ни кога ја земаа да не ме видеше малата... Ко за прв ден со мн плачки..па утре пак на 15мин. Со синко леле.. страшно мн плачеше 2 год..
Мајки, колку пати е дозволено со носко да се влече и како е исправно. Страв ми е да не правам по грешка и дали може некоја последица да има. Ког и влечам дали јас дали со правосмукалката, очите скрос ги отвара и се глеа оти и смета и лошо и е. Може ли нешто да и направам лошо со тоа?
Јас го прашав истото прашње скоро за носко и за влечење со уста, добив одговор од неколку членки дека нема ограничено колку пати, со носко влечам по 3-4 секунди во двете ноздри, понекогаш и повторувам по два пати. Една членка пиша дека малку ја штедела ќерката од влечење и предизвикала пукање на тапанчето од многу секрет. Влечам со уста понекогаш и по 4-5 пати а со носко 2-3 пати во денот.
Не знам дали е до скокот, во 6 е, ама моево дете не јаде. Пред неколку дена одбиваше млеко денски, што е чудно оти досега се немаше случено. Давав само ноќе, гледав да испие во полусон оти ни вода не пие и ми беше страв дека ќе дехидрира. Ама, од вчера почна да остава и кашичка. Сабајле си изеде се, палента со овошје, млеко нејќеше после 2 ипол саата, ручек дадов сега, 5 лажички и толку. Пробав пак, кога ја лапне лажичката како да добива нагон за повраќање, со јазикот надвор плука како да му се гаде. Баш ќе видам за вечера како ќе биде, ама баш чудно. Досега ниеден скок му немал влијание во јадењето. Си мислам друго нешто да не го мачи. Ама весел е вака, кака секој ден.
Заб да не вади? Мојов одбива така кога му е пред искачање. Еве сега 8ми заб ќе му искача, вчера ми одбиваше јадење.
Може, минатиот месец кога бевме кажа докторката треба да пробијат, се гледаше бело кога притисна таа на непцето. Лигави веќе 3 месеци и повеќе, никако да излезе тој заб. И многу е кенкав, лошо спие, постојано се врте, само во раце сака. Ако е заб, може и скокот, се му се собрало.
Влегов на форумот за да прашам дали во 6ти скок некој се има соочено со намалено јадење и цицање, и прво те прочитав тебе. Многу слично поминува и моето бебе, не сакаше да цица неколку дена а прифаќаше АД, досега не се е случило да одбива да цица, исто не пие вода па давав АД и по многу малку цицаше. Јадеше многу убаво, да ти е мерак да ја гледаш, среќна кога ќе ја ставам на столчето и си изедуваше скоро се, сега јаде по половина каша понекогаш ни толку и исто како што пиша ти со гримаси како нагони на повраќање да и идат. Се надевам дека е до скокот, преска зедов играчки да и направам интересно дека и нив ги хранам но немаше ефект.
Ако за нешто моето дете немаше проблем, тоа беше јадењето. Лакомо си е уште од бебе, ад сум давала и на 2 часа кога беше потребно, кога го ставав во хранилка се радуваше, знаеше дека ќе јаде. Сега почнуваме, ама не јаде. Слабо. Сабајле изеде кашичка цела доручек, ручек 5 лажички, вечера јадеше, ама млеко да соберам цел ден нема ни 200мл испиено. Се надевам ќе мине наскоро, мојот денес праве 36 недели.