Денес три дремки од по 20 минути... Значи еве од сега до кај 11 спијам, и после она се буди на саат време. Мене едно и единствено бебле ми е, а ти со две незнам како би поспала.. А мислам и у скокот ни влегоа...
Не знам веќе термини, ама штом се пореметува нешто, знам дека е скок. Мислам дека сме навлезени. Ноќе да се спие, преку ден се ке е во ред. Почнавме да шетаме дење, да го изморам малце. Колку се наспивав кога се будеше два пати само
Аууу дали е ова од скокот во 33 недела (6ти скок) да нејќе да јаде додека не дојдам дома а отидов до продавница само .. од соба искачам за до вц бебо со баба игра што никогаш немало проблем со баба за оставање рика плаче додека не дојдам од вц .. o а утре сум на бланширање да се спремам заличам како човек пред да почнам на работа што ли ќе прават 5ч .. дали вака е и кај вас во 6 скок
Ќе пројде и ова... Држ мајке... Мене па нормално ми е хаос да ни е спиењето... @flower55555 У тоалет иам постлано кебенце и играчки за да можам да мочам на раат. Јас 24/7 сум сама со беба. Мм у три смени иде, па што му префрлам од обврски... кога е прва нај ми е од корист. Е кај моите кога одиме. Е таму знаат да ја поучуваат саат време да поспијам. @Lady Miami као божем и купив летна количка подотворена да и е да си гледа интересно да и е. My ass. Секој ден у рака накај дома си идеме. Јас мислам ова поише мојата беба е ваква, а скокот минимална разлика ни прави...
Озбилна си? Дај да се смениме жити се ахахахахахахахах Јас готово во лудница ќе завршам, секоја втора вечер плачам ноќеска од нервоза, умор. Сабајле станувам со јака главоболка зошто мислам дека и воопшто не спијам. Што стана не ми е јасно, а се живо почнав да пробувам. Вчера дури и вечера и дадов, да не е гладна... не е тоа. Порано, покасно да легне, се се пробано... Да ти пишам како ние спиеме, па ти да се радуваш Заспива 21ч, до 00ч три пати се буди и вришти, клацкаме со маж ми и цица ако не упали тоа. Од 00ч до 6 сабајле се буди на саат време со вриштење, за да го поштедам маж ми гледам прво да не го будам и се борам јас до кај 3 ноќеска. Е од 3 ноќеска веќе мавам боксови у спална од нервоза, почнувам да плачам, плаче и она, односно вришти... станува и маж ми, клацка, таа урла. И така до 6 сабајле. Едно презаспивање е борба од 20мин, за она да дремне 40мин и пак истото... Незнам како не и се спие. Не спие после ни преку ден, две дремки има по макс 1ч. Страшно. Све живо веќе пробав и незнам кај да фатам, што да направам. Два месеци е вака.. 6ипол е веќе свежа будна, еве ја џампа во џампер насмеана мислиш спиела цела ноќ Преку ден време немам да седнам, не па да легнам... ама не ни можам да спијам преку ден. Сум пробала, не заспивам... само бетер глава ме заболува...
Еве денес стана во 4ипол одма го осетив му дадов да цица во меѓувреме пуштив да шушти телефон па спиеше до 6ипол а јас од страв незнам колку презаспав се будев на секое мрдање Леле мајкааа нешто ја мачи изгледа чим не спие, заби да не се консултирај се со педијатар капки нешто б6 мислам даваат за неспијачи Јака ти душа шо да речам, веќе немам право да се жалам
Ако веруваш све пробав. Дури и да се помирам дека е некој период и гледам да не се нервирам... јас зимам б6 и магнезиум. Вчера во 00 и блокмакс и дадов, ништо исто беше. Незнам стварно што да направам. Нема тумби на допир, не ми изгледа дека заб ќе избива.... башка што трае 2м. 4 часа да сврзе сон, ќе бидам среќна... од мака и на бајачка ќе ја однесам, жими се Убаво е времево, шетаме и преку ден доста.... јаде убаво каши. Преку ден не е нешто нервозна, океј е. Ама навечер што е ова незнам. Борба за сон. Ја земав и до мене, се буди, плаче. Нека дава некој совет што да пробувам, се ќе пробам веќе од мака... Постои ли некој сируп за бебе, нешто за смирување? Си реков сабајлево да не има грчеви од дохранава (дека баш толку не спие, како сме почнати со дохрана). А па и да не и давам да јаде, не бива... мора да се научи..
Епа тоа ти велам прашај пак педијатар за капки сируп нешто, бедоксин валеријана во состав шо имаат ако смее за бебе мора нешто да има... Да не и е жешко? Мојов ако му е жешко не спие мирно, навечер оставам клима на 20 на ауто скоро и да не дува. Мојов во креветче првите денови дури спиеше така ми праеше, од тогаш до мене спие, ако се подразбуди му давам да цица и си продолжува. Нека спие повеќе вечери со ред можи и треба време да се навикне и да се опушти дека е до тебе... На преглед дали сте биле во овие 2 месеци уши да проверат ? Тоа е се шо ми текнува во моментов
Не би требало да и е топло, не е ниту во вреќа веќе 2м. Дури и по кратки ја имам легнато. А вака сеа спие во шпикозни, ама океј е.. не е испотена, не е претоплена. Крвна слика правевме грип фати пред 2 недели, стакло и беше (само хемоглобинот на ниска граница беше), па да беше и уво нешто ќе имаше некој покачен параметар.... Башка преку ден е весела, мирна, јаде. ChatGpt (со мое објаснување и симптоми), вика дека малку сон има преку ден, да пробам да спие повеќе преку ден. Плус дека овој период имаат раздвојувачка анксиозност (сака да е до мене), плус дека учат и многу нови вештини може да имаат регресија на сон. А итро е ептен, прави тапшин тапшин на наше пеење и сама некогаш плеска и Та Таа Тааа пее, се врти на име, се лути ако (демек) ја искараш, дури незнам дали случајно беше ама се случи да и речеме кажи ЦИЦЕЕЕЕ и кажа Тите Игра на музика (се клацка напред назад кога има песна). Ѕееее вика и сама ѕирка. Каде е Тео? Се врти накај бато, Каде е Сара? Се врти накај дада...Мало мислам е за све ова...? Леле незнам уште колку вака ќе издржам, оно немам избор нели Ама полудувам... Б6 за бебиња како што гледам кај нас и нема. Ќе пробам прво да заспива и да спие повеќе преку ден... тоа не сум пробала..
Вчера 20 мин беше, денес 45 мин. Си плачкал по малце, кога го изнеасоа, кога ме виде, врисна ама одма се смири. Кај вас како?
Помина 6ти скок и бебе почна пак да јаде, почна и вода да пие што претходно не беше случај, почна повторно во игрална по повеќе од саат да се заигрува, ми се врати бебето