Ех ме потсети на времето кога мојава така правеше..имаш среќа, спиела бар до 5ти месец. Мојава цурица цеела година вака си правеше сами со маж се справувавме, помош од никој, бебе хаос со спиење. Пробано еве вака како тебе, џабе. Спиеше ама во погрешно време, ќе се наспиеше дење, некогаш ниту дење и ноќе дремеше полна со енергија. Згора на тоа, ја доев ексклузивно до 6 месеци на целиот тој замор. После и со храна беше исто, и покасно давав, пак си седеше будна. Тераше дремки кога бебиња си легнуваа за ноќно спиење. Не сакам да те разочарувам, дај боже да не е така, ама ако вака продолжи а нема конкретна причина, значи се сменила со спиењето. Мојава се освести сама точно на година, промена преку ноќ, да спие во нормално време до сабајле. Со едно или ниедно будење за цицање. Некогаш само да ја гушнеш бара и продолжува. Сега вака кога ја гледам, ме фаќа за рака, на татко и му вика чао со раче, и ме носи сама кон спална. Јас се крстам дали е ова моево бебе, сега веќе дете од годинка и 3 месеци. И кога ќе ми текне каква цела пре тешка година поминав со неа, се ежам многу тешка испадна со спиењето. Колку само изгрејсонца сме чекале дома ехее...а јас се смеев, викам со маж ми ко бебиња спанковци сме биле, и дојде ќере наплати за 3 деца, не спанка бр.1
Бевме на вакцина и докторкава ме прашва дали седи и велам уште не, рече а го учиш и велам не, е како ќе научи ми вели? Ја прашвам како да го научам ми вели на кревет со две перници околу него Во хранилка на 45 степени си седи, се фаќа за масичката напред се крева се исправа и си седи, во мене да го држам седи а сам на кревет паѓа на напред.
Колкаво е? Е како не, ќе научи ако ти покажуваш...јас ништо не и покажував па сама си почна од лежење да си седнува, да се превртува. Тоа со перниците не го практикував. Демек ако не покажеш нема да седи важи
Самото ќе си седне мајка. Ќе почне да се превртува од стомак на грб и обратно, ќе си почне со лазење ќе си седне самото. Не го форсирај со перници
Има сирупче calma се вика. Јас давав еден месец на моето. Колкаво е твоето бебе? Моето сега е 10 месеци, исто како твоето правеше и наеднаш пред недела дена почна да спие подобро, барем можам да сврзам неколку часа (пу, пу ) Не верувам дека е од сирупот, ама може и сирупот минимално да помогнал, можеш да го пробаш. Педијатар од Ремедика ми го препорача кога беше 8 месеци.
7++ е се врти од меше на грб и обратно си се тркала по земја ама за друго не го форсирав. Големиот знам не го учев ништо си велам сега шо ми збори женава, гледав некои вежби на инста ама ми е страв да пробам очекував тие да ми ги кажи таа ми вели со перници
Ортопеди не препорачуваат да се потпира со перници. Самото ке ојачува и ке си вежба. Ортопед ни даде вежби да го држам за рачиња сам да се крева од лежечка позиција до седење. Ама тоа на 4ипол месеци кога бевме на контрола. Така да за такви раб ортопед само слушај си. Едит: и моето паѓаше на напред прво, со перница позади за секој случај. За вртење пред 6 месеци да наполни, откако го мотивирав со даљински
Ние скоро завршивме, ама најново од вчера се гонеме по спална за пелена да сменеме. Додека ја тргнам старата, се свртел, јас назад го легнам, тој пак се врте и така по 10 пати. 2 пати ставам наопачки пелена и облекувам панталони.
Ама баш ништо не ја вежбав да ти кажам. Освен на меше што лежеше, ич не сакаше до кај 3 4 месеци и не форсирав ни тоа. Сè сама си совлада кога на неа и дошло времето, ниту па паника кревав. Сега гледам по сликите, седела тука некаде 7ми 8ми месец. Ќе си седне и твоето, не му дошло времето.
Значи ќерка ми од 4 м сакаше да седи баш кај Видоевски ја носев и рече нема да го спречуваш детето ама нема ни директ да ја седнеш туку ќе си ја ставаш на 45 степени почесто со самото исправање ги вњжба мускулите на стомак па ќе го зацврсти седењето.
Немам доволно прсти да избројам колку пати наопаку пелената ја имам ставено Ама врв е кога ќе се искака со обратно облечена пелена
И на мене на вакцина, на 6м, ми рече докторката вечера да и давам. На дете кое супер напредува, вечера на 6м...ај па да не. Ништо нема да го учиш, оставај на под и се само ќе си научи. Ни сум ја местела да седи, ни сум ја паткала, ништо. Од подот и директ заоде
Леле, скроз исто сме. Мене на ортопед ми рекоа никако насила седнување, до кај 9 месеци имало време да научи да седи. А, друг па кој и да ме праша, леле не седи сам стабилно? Па, како ќе научи ако не го седнуваш?! Како немајка испаѓам. Него, ај нека одговори некој вакво нешто дали сте користеле? Не ми е толку да научи да седи, колку што сакам да го седнувам пред мене, да може раат во вц да отидам.
Од вторник се враќам на работа, ќе одам еден месец во канцеларија на обука и после ќе работам од дома. Е сега проблемот е што смената ми е ептен рано, од 6 треба да излезам од дома, а бебе нема некој ред за будење, може ќе цица тоа време, а може и не. Се мислам дали да воведам формула за од сабајле кога ќе заминам на работа или директно мм да му даде доручек. Ама и да му даде доручек, до ручек ќе треба едно млеко секако. Да се измолзам, не можам, немам вишок млеко, многу малку вади пумпата дури и ако нема цицано. Не знам дали да воведувам формула за еден месец само, после ќе сум од дома, ќе може да цица. Што може да даде мм измеѓу, обично давам шмукалче за ужина ама понекогаш, не редовно, уште немам официјално воведено.
Се мислам да ја носам до Ремедика на еден преглед. Не е нормално ова. Расоблечена, боса, бањата, масирана, вечерана, пак збеснуваше ноќеска на еден саат. Станав сабајле, ми се повраќаше од јака главоболка. Маж ми во 3 ја зема и во дневна ја однесе за да поспијам, ама кај можам да спијам... ја слушам како плаче... Преку ден вчера успеав 3 пати да ја заспијам, ама дремките сите 3 и беа вкупно саат ипол и еве будна е 7 сабајле...Од стрес ко и млеково да ми е ептен намалено. Премеки ми се градиве... Оно може и нормално е дека веќе има 3 оброка да се намали, така? 7ипол м е инаку...
И ние спанковци и другиве две дечиња исто, а ова баш наплаќа.. Нит преку ден не спие, нит навечер. Шо е саат време вкупно преку ден, ништо.. Едно 3,4 да сврзува ќе се радувам... Ова таман сум паднала во сон, ете ти ја... плаче се фрла, се витка целата, што ли ја мачи...