Мајки овие 3 дена детево постојано ми се фаќа за уши и за двете и тоа кога ќе почне да се гребе да ги удира изгребани и се целите. Најпрвин не замарив толку бидејќи и како мала кога се нервираше правеше така. Но сега гледам трети ден дека не е само кога се неевира и преку ноќ кога се разбуди се фаќа за уши. Проверував ја фаќав позади ушето не реагира. Ќе ја носам на педијатар па тој сигурно ќе ме препрати негде, но да прашам можеби некоја имала сличен пробле.
Ние вака правевме пред да ни искочат првите две запчиња доле еве сега почнавме пак предпоставувам е од горните сега
Дали некој се соочил со вакво нешто?? 2месеца веќе се ниски гранулоцити и гранулоцити во % а се високи лимгоцити во % .. педијатар вика не е ништо бебе си е супер здраво си е. Имаме 8месеца до сега ме сме биле со вирус со тт бактерија или нешто слично освен настинка која беше уште во ноемвро кога имавме 4месеца .. малку сум во паника
Бевме да. Тек седнувам денов турбо... Гладно било бебе. Јас и сама почнав вечера деновиве да и давам (прв пат) и вчера и завчера веќе имаше големо подобрување во спиењето. Голема женска е и треба јадење.. а мама откачена тек на 7м и воведе ручек @flower55555 75cm е женскава моја Дада и на 12м беше 76. Рекоа како бебе од 1 година дека е веќе А инаку почна да се тенчи, снема образи, буткиве ги истенчи... а јас пак убедена дека доволно и беше вака како што терав. Доручек, ручек, вечера обавезно 200-250г... Па да видиме, дали тоа било. Се друго е супер, моторика супер. Умна, насмена беше таму, па ко за инат дури и заспа И тоа седечки додека и пееше сестрата, а јас зборував со докторката. За заби знаци нема, тоа не е сигурно. Ама преку ден си беше супер, па да беа заби ќе беше хаотично и преку ден. Ова навечер само плачеше, сирото гладно бебе мое...
Незнам ме фати некоја паника дали е ова нормално, правевме сега и во биотек па повеќе чекавме за резултат кога прашав зашто одговорот беше се повторува кс поради тоа што има ниски гранулоцити па се испаничив немав време вчера па затоа одма пишав денес да видам што ќе кажете
Консултирај се со педијатар секако, ама мислам нема простор за паника. Си се консултирала до сега? Овој резултат е од Биотек? Мене ми заличи на Авицена повеќе.
Овој е од авицена од февруари сега пред 1недела се боцкавме биотек сличен резултат е со овој неможев да го најдам на емаил затоа овој го пратив. Кога го прашав педијатарот за оваа кс минатиот месец ми рече ништо не е се си е во ред
И јас мислам дека се е ок и дека беспотребно се грижиш. А зошто воопшто толку често го боцкаш бебо? Викаш февруари, па сега пак. Мислам дека некогаш и ние претеруваме со грижите и паниките.
Јануари ја боцнав за вакцина испадна се изгоревме со свеќа несмеевме да примиме, фебруари се боцнавме за вакцина утре дента стануваме да идеме носот чешма не отидовме после 4дена испадна запче, сега март се боцнавме отидовме не вратија од вакцинален пункт немаа вакцини чекаа да добијат затоа така ми дојде .. сега пред да ставаме наредна недела вакцина треба да се боцнеме пак ..
А зошто пред вакцина проверуваш крв? За да има изместување во вредности на крвна слика треба да поминат барем 24ч од симптоми, а бебе ако е болно и има симптоми секако нема да го носиш. Јас на големата само за мрп и имам направено крвна слика зашто нос и течеше, на бебево никогаш за вакцина.
Машала е добро цицањето не и е доволно? Или можи намалено ти е млекото? И ние сме со два оброци.. А можи и не се нацицува убаво си мези си заспива па се буди по често..
Абе ја зборев дека и малку мочка... а и дека ептен фати да се тенчи и слабее. Ама и височка е, стварно за месециве има висина, односно цела е голема како мене (обем глава 45цм). Млеко имам, ама ваљда не и било доста незнам. Ноќеска еднаш стана (односно закенка малку накај 11 и ја земав цицаше и после накај 3,4 пак, цицна и заспа, ни клацкање, ни маж да станува)... до тоа било. Сабајле десна града бомба, полна, дури и ми течеше. Дури и првото успивање вечерта, цицаше и ја спуштив во креветче и толку заспа. А инаку и тоа хорор беше, цицаше по 3 пати, клацкавме јас, маж, за да заспие. Исто и ноќите беше, на саат стануваше и не можеше никако да заспие, цицање, клацкање, се фрлаше цела со вриштење... она дупка у желудникот имала Оф бе... ама ете ни на крај памет. Ја викам доручек, ручек има, океј е. А докторката ми рече требало да има доручек, ручек, вечера, па дури на 8 и со ужинка 100г да почне.. од пон почнав вечера, тераме сега па ќе видиме. Ако скроз смири, тоа било...
Е и после кога ќе прочитам млеко главна храна до 1 год......бебе треба да си следиме дефинитивно. Затоа мене ми е глупо она BLW ќе оставам ја беблак на 7 мес да ми смука макарони, ништо да не јаде, да истражувал храна. Бутај таму со лажицата нек се накрка бебе ко што треба
Не знаев дека може од заби. Инаку имаме едно запче но кај и да е и друго само што не е излегло. Благодарам Инаку јас испаничив прочитав негде црвчиња во уши може да имаат децата.