Веќе таму 10,11м две доења само треба да има... и јас па имам заборавено како сум терала со другиве. Првото девојче поситно и си беше, може да јадела и помалку. Ама она па и на адаптирано беше. 2м ја изнамачив неа, ние со неа... Човече и преку ден е повесела вчера и денеска и има 3 убави дремки. Ај вчера пократки беа, денес 1ч ипол веќе си го отспа прва дремка од 9ипол до 11.
Ориз, спанаќ, к.млеко, батат, тиквичка, морков, компир, блитва, просо, грчки јогурт, целер, пашканат, грашок, боранија, леќа, цвекло, карфиол, брокула, модар патлиџан, пиперка, праз, телешко, пилешко, мисиркино, кромид. Прави комбинации со овие сега незнам што имате се пробано од ова ...
Ова како им дојде изгледа. Вчера влегов да ги прашам до кога можам да пролонгирам трета доза рота, им кажав дека бебе е со инхалации и црвено грлце малце и ми рекоа нека се оправи, па после. Со ова што им кажав, нема вакцина. Не ми ни спомнаа да кажам за крвна слика да направиме.
Јас големата таму ја носев, Букурешт за ковид вакцини беше, никогаш не ми побарале. Очигледно, како им дојде.
Подобро е да не правите толку често к.с ако бебето не било болно. Јас прва к.с му направив на 9 месеци чисто да види како напредува дали е се во ред откако е роден и сега пред некоја недела бидејќи беше болен. Не сум правела кс пред вакцина
Ајде да поспиете малку. Млекото мнг брзо и се вари и изгладнува бргу, а и се спиело па и она нервозна плачела... Ова малку ме опушта, дека јас давам вечера веќе две недели. Си сака дете да си јаде, а цице давам не сака. Мисла ми беше да не му е многу јадење, да не е рано. Ама ете не се сите деца исти и нема наша шема, детето си кажува што му треба и кога.
Да дефинитивно секое бебе си кажува што си сака. Еве ја кркна и вечера во 19. 21ч цице и заспа, со новото мече-кебе гушната И не е мрдната... како заспа, ја спуштив и она одма спие... тоа ми е одма прв знак дека спокојна е и се и е таман. Куче лае, деца викаат поминувајќи на улица (прозор на кипањe), она спие. Сабајле баш пак ќе ви пишам како поминавме и оваа ноќ Давај чим си сака, спремен си е сигурно..
Мене за секоја вакцина ми бараат прво крвна слика. Докторот ја прегледува прво се комплет и ме праќа за крвна слика која веднаш излегува за 5мин. Инаку ако докторот не е тука да ја прегледа ми ја одложуваат вакцината.
Имам детенце од година и четири месеци, од пред скоро време почна само да си го чука главчето со рачињата. На пример ќе јади и ќе почни да фрла храна на земја кога ќе му речам да не фрла дека не е убаво така тој почнува да се удира по главче со рачињата. Многу сум загрижена, пробувам на многу начини да му покажам да не прави така ама без успех. Ве молам да споделите дали сте имале ваков проблем и како се справивте?
Бебе од почеток јадеше каши маф. Сабајле едвај 110г, сега едвај 50 ручек. Што може да е? Намирници што увек ги јадел..стиска уста и плука се надвор За 9 дена сме 8м инаку..
Мислам дека е скок. И моето е нешто на лева нога цел ден. И вчера беше малку. Ама денеска кенка за се нешто и мора нон стоп да сум до него. Само моево не плука. Плаче па јаде. Па се игра и јаде, па пак плаче... па во раце малку. И така. Ме скинааа рацете.
Така пишеа за 6ти скок. Моево почна да седи, сам стабилно. Пред една недела прашував како да го научам, тој како и се друго нормално сам си се научи