Мајки, треба да се вратам на работа.на доење сме, и ке ја гледа свекрва ми. Од формулите сите ни се пробани не сака и не сака, тетрапак неам дадено уште. Се успива со цицање. За јадење уште не јаде многу по 5 лажички ако апне добро е а се иаме испробано. Како беше кај вас враќањето на работа? Плачки сигурно имаше. За у градинка чекаме место.
Јас оваа недела почнав на работа свекрва ми ја чува. Ја заспива со нишкање во раце. Кога е со мене заспива со цицање. Не се секирај кај друг може лесно ќе си заспие, викни ја свекрва ти додека не си почната на работа да проба. Може на пауза за доење да претрчаш или шише да оставиш со измолзено млеко. Јас не оставам пошто сакам да ги намалиме подоите да си јаде храна повеќе. Два дена само заплакала пред втора дремка ама се смирила заспала. Може да ја вози надвор за да заспие или дома да ја нишка во количка, пробајте деновиве. За јадење каши пробај да и е позабавно, јади пред неа прави ам ам, пушти цртани дај и играче некое на хранилка, ќе почне да си јаде мора. Пробај различни текстури и вкусови
Сите да и се пуштите на @mariz за нарачки на путер колачиња, за запче, стапалце. Златни раце има женава да си знаете.
Сега по ново доручек ко ќе стани оти гледа дека ние јадеме и сака и тој да јаде, плаче. Потоа цица и заспива па зависи колку е долга дремката и колку време поминало некогаш ручек пред втора дремка некогаш после втора дремка, до 14 макс е веќе ручан. Вечера кај 17 макс 18
Дремките се хаос, секогаш различно и се му се спие. На сабајле ќе стани околу 6ипол ќе цица пред дремка пак ке цица, ќе стани доручек, пред втора дремка малку пак цица па ќе стани пак цица и после кај 14 руча. И после зависи третата дремка колку ќе е долга, денеска еве спиеше 40 мин до 15:40 стана цицаше и едвај издржа до 18, морав да го заспијам.. Изгледа јас форсирам цицање повеќе ама со какањето има мака и ми е страв ...
За со какањето и ние имавме мака, многу суво какаше ама гледај да даваш позрели банани и круши,сливи почесто нас тоа ни помогна, и од авокадото гледам редовно си кака нема мака
Во секоја зленчукова каша ставај по едно лажиче маслиново, а во овошните малце кокосово, за да нема проблем со какање. Ова ми е совет од искусни мајки, ние не сме стигнале до ова, бидејќи ќере не отвара уста. Не сум паметна што да правам. Дали да ја оставам уште малце така или да давам секој ден…
Колку пати цица? Јас некој ред фаќам и вечерата ми е 18-19ч. 21ч цице и на спиење. Инаку отприлика вака, зависи колку спие зошто некогаш дремките се 15мин, а некогаш 1ипол ч. Доручек: 7-8ч Ручек: 12-13ч Вечера: 18-19ч Цица три до четири пати, за време на дремките и за заспивање вечерта. 2 до 3 дремки има.. зависи кога станала и колку и траеле. На листов Ремедика што ми го дадоа, вика на 8+ веќе треба 2, до макс 3 подои и 3 оброка + 2 ужинки. Цицањето ноќеска не го рачунам Тоа зависи... те станува, те не. Сега заби изгледа па вади.. има оток. Ама не е како што беше со вриштењето... Станува, цица, продолжува да спие одма..
Остави ја, само нуди и. Мојава тек сега почна да е заинтересирана за храна. 8м е Пробај само авокадо блендирано со вода и малку маслиново. Преубава глатка текстура има. Ние тоа јадеме често.
Ахаа со спанково па и ужинки тешко вчера во 18 ми заспа сабајлево пред 5 стана Освен ручекот да му го дадам порано па да има простор и за вечера.. цица и тој 4-5 пати ама навечер рано заспива најмногу до 19ипол седел, ама денските дремки ако се како шо треба... А друго шо сакав да прашам колку време после јадење ја легнуваш? Некогаш едвај 20 мин да поседи и заспива, се мислам да не му е тешко така легнат а убаво најаден
Незнам шо да ти речам, моево едно време на почетокот само пасирано јадеше, блендирано нејќеше сакаше да џвака парчиња. После тоа беше поднастинат па кај моите бевме една недела и не јадеше никако, устата нејќеше да ја отвори па пројаде пак со блендирани каши скроз мазни.. Мењај текстури, пуштај цртани ке пројаде некако..
Црна кака од банана е? Јаде овие дена секој ден банана, каката од надвор црна внатре зелена Се извинувам ке ставам слика во спојлер ама паника ме фаќа.. Spoiler: Кака
Ко за моето бебе да збориш XD Да не зборам пред време, користев друга апликација за дремки да регулирам. Немавме некои напредок. Ама алал на @baguf4e што ја сподели Huckleberry апликацијата. Има као sweet spot, и ти дава коа од прилика кога ќе сака дремка беба. Исто така промена што направив, одвоив цицање од заспивање. Сега, се случува некогаш. Ама има промена. Нема врска рано што заспиваат. Сеа коа ќе се смени саатот супер ќе бидеме. Па и ќе им се зголемува прозор на будност.