Се пробав. И парчиња нудев и цртани што бев против тоа. Само што ќе доближам лажичка устата патент е.
Можи и треба време да се навикни, еве дури сега на 7 ипол можам да кажам дека сака да јаде, свесен е штом го оставам во хранилка отвара уста и бара.
Како успеваш без цице да заспие? Мојов шанси нема...сум пробувала ама грешам нешто изгледа Треба за скоро на раб да се вратам, мора да откриеме начин да заспие поинаку.. 95% од времето распоредот ни е вака па еве и денес.. 7/7.30 цице 9.30/10 доручек 11 цице - не цица, него 2 мин само да се успие.. 13.30/14 ручек 16 цице ( асално цица ) 18 вечера 20 цице за спиење.. Некад станува 2 пати навечер, некад еднаш..еве синоќа спиеше од 8 до 5ипол, стана, цицаше и презаспа до 7.30.. Совет? После 12-12.30 сум дома, такада само мезнувањето од 2 мин што е во 11 - за спиење ми е фрка
Ја нишкам, Чим бебо знае дека тогаш му е дремка зошто глеам ред имаш, ќе си заспие со нишкање или па сам... Тесирај некој ден, ама мислам све е навика...
Моево заспива со нишкање и цицање, неделава прв пат го оставив на 5-6 саати со свекрва ми си заспал во количката го возела, а со мене ќе вришти да го возам знае дека треба да цица. Не се сеќирај ќе заспие со кој и да го чува, и јас се паничев како ќе го оставам
Шмукалчиња си пробала да дадеш? Овие кашите ко смути што се. Мојава има некој период и изводи јаде, па не јаде... а тие не ми ги одбила до сега. Дали и е интересно, па си пие...
Ние сме на парчиња па можам да кажам од сам старт неќеше каши никако...скоро 10 месеци сме и профи јадач на парчиња немаме проблем... Како што нагласив каши не сака ама шмукалчињата ги сака и тоа сам си ги шмука и му се убави а каша од тегла нема шанса
10 месеци има 2 дремки, едната 2 сати, другата 1/1и30. На 8 месеци имаше мешано некогаш две некогаш три и сега редот ни е фатен со две.
2 до 3 дремки од 20-40мин. Ретко да затера 1ипол час... Ноќеска пак страшно беше Посмирена е со вечерата, ама станува да цицне 2,3 пати и продолжуваше. Ноќеска борби со вриштење пак.. сабајле тек заспав во 6 и спиев до 8 додека ја почуваат и како за инат и она спиеше тогаш.
Ww од станување од ноќен сон до прва дремка 3 ч. и 50 мин. денес. Абер немаше за спиење и денес и вчера.
Пробувам секој ден, пред прва дремка макс 2 ч. до 2ч. и 15 мин. беше буден. Вчера и денес нз што е ова. Па, следно после 4ч. и 10 мин. дури заспа. До скок од термин имаме уште 10-тина дена, ако е од раѓање уште 4. Не знам зошто вака.
Моето бебе преку ден не спиеше воопшто. Дремнуваше по 20тина минути и како со аларм ги отвараше очите. Сега има некаде 2 недели, 3 дремки си ги врзува во саат ипол. Прееска дури како беше успан, 2 и повеќе сати спиеше. Колку треба да е најдолга дремка? Мислам дека не треба да е повеќе од 2 саати или грешка сум? Бебе е 6м
Ми се има случувано некогаш вака да е подолго буден. Кај нас никогаш скок не бил наеднаш. Полeка почнува од нeкаде по нешто да менува. Таман мислиш намалил дремки пак некој ден се враќа по старо и полека гравитира кон нова шема.