Веројатно е вака. Зошто и пред 20-тина дена ова се случи исто двапати, ама не со волкав Ww и кратки дремки.
И син ми така прави овие дена,8+++сме, незнам дали е до скокот одвај заспиваше прва дремка дури по 3/4 саати.
Мајки помагајте. Ќерка ми има 11 месеци и ништо не сака да јаде ни благо ни солено ништо. По 2-3 лажички и тоа е со лажење. Пробано секакви текстури блендирано пасирано парчиња и ништо не бива. Има само 7.5 кг. Инаку си цица. Веќе месец и пол воопшто нема качено на килажа. Педијатар ни даде сируп на baby well но нема никаков ефект. Крв пред 2-3 недели и испитав се добро беше. Има ли некој со слично искуство.
Неее женоооо, исти ли деца имаме ние? Хахахахах Вчера ги отспа 2 ипол саати и едвај се расони. Во 19ч заспиваше, вчера во 10 за 7 вечерта се разбуди. Еве ја и денес ако не и зборев да се расони, којзнае до кога ќе тераше. Си менуваат.
Имам јас мајка. Моето е 9++ мн слабо јаде. Исто така е со по неколку лажички од оброк. Ретко да касне повеќе. Има 7.200 на 9++.Многу е ситна слабо качува од раѓање ама прегледана е од повеќе доктори се е во ред ми викаат дека е генетика во прашање. За цицање си цица и јас давам Baby well второ шишенце почнав. Пробав и парчиња да и нудам ама си играше со храната. Ќе пробувам се се надевам дека ќе почне да јаде.
Имаме 8+++ ни земаа седиште за повојница и го наместивме вчера па сакав да прашам дали добро го наместивме со правец на возење или требаше обратно?? И да прашам има како додатоци меки дали треба да ги извадам овие сиви што се? Во прилог испраќам слика
Моево до 6 месеци напредуваше супер. 7 кг на 6 месеци. Од тогаш навака 500 гр за 5 месеци. Не е воопшто заинтересирана за храна. На почетокот знаеше повеќе да јаде, сега се помалку и помалку. Секој ден правам и фрлам. Ја нудам по три оброци упорно и јас во надеж дека ќе почне да јаде. Од сирупот има некое зголемување на апетитот? И како го даваш?
Нашето е многу слично. За додатоците искрено не сум се позамарала да прочитам, веројатно после некое време ќе се вадат. Инаку, обратно го воземе. Кога сме со мм, назад сме ние, кога сме сами и јас возам напред го ставам. Не треба, знам, ама сам назад нејќе.
Не сум приметила некое подобрување со јадењето мене ми го дадоа зошто беше болна лежевме во болница 15 денови. Во козле ми рекоа да испие 3 шишиња од него заради витамини дополнително да внесе и дека нели железото им паѓа. И давам еден шприц наутро еден навечер.
Нејќе да се вози назад свртено ни да има некој позади и гледам од тие како да неможе да движи убаво рачиња па затоа прашав дали треба да се вадат како во грч да е .. играчка од една во друга рака неможе и се нервира
На тие сликите доле што сте имате инфо за самото седиште. И таму обично стои до колку цм бебе да ги користите сивите додатоци, после треба да ги извадите зошто ке му е тесно на бебето. На нашето си стои дека по 65 цм се вадат, зошто седиштето е 0+. Моето е 7+++ го возиме со лице кон седиште зошто е сеуште мал. Мислам дека до 1 год или 1ипол се возеа така, не сум сигурна, ама и тоа е означено на седиштето.
На опис нигде не прочитав тоа затоа и прашав ние сме веќе 74цм. Мене ортопедот ми рече од 9мес веќе може во правец на возење чим веќе се почне самостојно да се седи па затоа се збунив со перничињава и на која страна да свртам седиште .. ќе сакаш ли да ми испратиш кај го пишува тоа
Обратно сврти го. Во правец на возење откако ќе прооди,се смета дека му е доволно ојачан вратот во случај на сообраќајка не дај боже. Закачи му играчка некоја дур да се навикне така
Ние сме 10++ и заради безбедност е свртен наназад, се дур му е згодно и му ги собира нозете ќе го возиме така. Само горното перниче за главчето ни е извадено. Нашето е лионело.
Мојава е веќе напред завртена, 7++. Многу е долга, 75цм, како 12м бебе и не ја собира веќе обратно како и да е. Додека беше обратно вриштеше, едвај 1км сме се возеле... цртани сум пуштала Сега е бајче напред завртена... Истото седиште го имаме и сивите додатоци се извадени, стои само сивиот додаток што е кај главата. И другите дечиња на 6м веќе напред завртени сум ги возела.. јас па мислев на 6м веќе може напред да гледаат.. Бар така мислам ми кажувале и така сум правела
Можно ли е мрсули од заб вадење да има, излезе забот мрсулите се намалија скоро целосно, или е само коинциденција? Инаку како од чешма и течеа проѕирни што досега не се е случило, и за разлика од првите два заба овој многу ја измачи.
Може, 7 заби извади без симптоми, не мачкав ништо. Сега овој последниот додека го вадеше имаше водени и проѕирни мрсули. Баш како чешма што викаш течеа.